ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје

Алијанса и Алтернатива: Неприфатливо е Пендаровски да дебатира за помилување на терористите од 27 април

Последните изјави и ставови на Претседателот Стево Пендаровски за судскиот случај „27 април“ се спротивни со сите негови досегашни ветувања за правна држава за сите граѓани, за правда, уставен поредок и како што имаше изјавено самиот тој, не одобрување амнестија на ниту еден криминалец , реагира коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Според оваа коалиција, неприфатлива е тенденцијата на претседателот за директно мешање во судството, дотолку повеќе што овој случај би требало да претставува предизвик за правниот систем во земјава и лекција за иднината.

„Почитуван Пендаровски, Вие не отворивте уста ниту еднаш за монтираните случаи, посебно кон Албанците, особено кога беше убиено дете како Алмир и кога еден криминалец како Бобан Илиќ се пушти на слобода. Неприфатливо е кога Вие како претседател станувате дел од дебата за помилување на терористите од 27 април, преквалификација на делото или слични игри како тие што ги видовме кога се амнестираа еден дел од нив“, стои во реакцијата.

Алијанса и Алтернатива сметаат дека секаква преквалификација на делото на сторителите ќе биде сватено како преквалификација на борбата против тогашниот режим против кој се бореа сите.

„Последните изјави ги зацврстуваат сомневањата на јавноста дека некои во државната и владината хиерархија продолжуваат да соработуваат и да ја подаваат раката на тој режим, кои што половина и така се дел на сегашната Влада. Скандалозно е да се земае како пример на една фигура како Александар Вучиќ, кој што има вмешано прсти во сите крвопролевања на Балканот како поранешен министер на пропагандата на Милошевиќ, противник на НАТО и денес загушувач на демократијата и опозицијата во неговата земја“, се вели во реалзијата на Алијанса и Алтернатива.

Претседателот Пенрадовски во интервју за Канал 5 во врска со случајот „27 април“ изјави:

-Јас не мислам воопшто дека луѓето кои влегоа внатре се терористи, дури и оние кои физички напаѓаа луѓе. Тие што физички напаѓаа луѓе си ги заслужуваат казните кои ги добија. Оние кои само влегле во зградата на собранието не можеш да кажеш дека се терористи. Во овој момент јас поддржувам преотворање на процес, ако и големо ако има нови докази, нови сведоци кои ќе го осветлат настанот од друг аспект кој ќе покаже дека не е баш така како што било докажано на првото судење, можеме да разговараме за тоа.

loading...

AniWatch watch anime free: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 109

KissAnime kissanime weathering with you: Watch High School DxD Episode 8