ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ

АМЕРИКАНСКА АНТИВАКСЕРКА МАЈКА НА 4 ДЕЦА ПОЧИНА ОД КОРОНА – ПОЧИНА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ, ДЕЦАТА СЕГА СЕ СИРАЦИ

Мајка на четири деца во Тексас одби да се вакцинира против ковид-19, но откако го загуби својот сопруг, таа самата се зарази со коронавирусот. Нејзината последна желба била нејзините деца да бидат вакцинирани против опасниот вирус.

Лидија Родригез (42), професорка по пијано во малиот град Ла Марке, почина во понеделникот, две недели откако нејзиниот сопруг Лоренс (49) ја загуби битката со вирусот.

Нејзината братучетка Доти Џонс за локалната телевизија AБЦ13 изјави дека парот не верувал во вакцините.

Сепак кога Родригез се премислила, веќе било доцна.

Една од последните работи што таа ги кажала беше „погрижете се моите деца да се вакцинираат“.

– Пред да биде интубирана, една од последните работи што и ги кажа на медицинската сестра беше: „Погрижете се моите деца да се вакцинираат, ве молам – рече Џонс. – Таа сега ќе беше со своите деца доколку претходно прифатеше да се вакцинира – додаде таа.

Двојката беше меѓу десетици милиони Американци кои сѐ уште не примиле ниту една доза од вакцината против коронавирус, додека делта варијантата многу бргу се шири во земјата.

Само 59,6 проценти од Американците кои ги задоволуваат условите за вакцинација се целосно вакцинирани бидејќи владината кампања за масовна имунизација се соочува со отпор од политички конзервативните држави како Тексас.

Американските власти оваа недела одобрија трета доза од вакцината за сите возрасни Американци. Третата доза ќе биде достапна кон крајот на септември.

Дезинформацијата убива луѓе

Џонс, која е медицинска сестра, рече дека се обидела да ја убеди братучетката Родригез да се вакцинира, но нејзиниот обид бил безуспешен.

– Ме се крши срцето што луѓето веруваат во дезинформации. Дезинформациите убиваат луѓе и треба да ја откриеме вистината – рече таа.

Џонс организираше кампања за помош на децата на починатиот пар и одлучи приказната да ја пренесе во јавноста и да ги убеди луѓето да се вакцинираат.

– Тоа навистина се случи во нашето семејство и тоа е вистинска приказна за тоа што може да се случи – рече Џонс.

– Не се обидувам да ги заплашам луѓето, само сакам да разберат дека вирусот е реален и дека делта варијантата е побрутална од сѐ што сме виделе досега – додава таа.

Во Тексас, една од најголемите американски држави, делтата е доминантен вид на вирусот, а бројот на смртни случаи нагло се зголеми, главно меѓу оние кои не се вакцинирани, пишува АФП.

loading...

AniWatch: Nasu: Summer in Andalusia anime episode Full online free at https://aniwatch.pro watch anime online

4Anime: Lagrange: The Flower of Rin-ne anime episode 12 online free at https://4anime.biz my hero academia heroes rising 4anime

Website https://kissanime.mx: Watch Transformers: War For Cybertron Trilogy (Dub) kissanime Episode 6 kissanime page 1

Watch anime online for free at WCOStream wcostream one piece

Wakelet: https://wakelet.com/@KissAnimemx

Cycling74: https://cycling74.com/author/60d44258a87778412f9b01cc