Настов: Во зависност од временските услови, екипите на ЈП Улици и патишта се распоредуваат на различни локации и во координација со службите од Град Скопје се одредуваат приоритетните работни активности

ССМ ќе го блокира влезот на Скопје
ССМ ќе го блокира влезот на Скопје
Кавадарчани ќе донираат брис, во потрага по компатибилен дарител на коскена срцевина за лекување на малиот Марко
Кавадарчани ќе донираат брис, во потрага по компатибилен дарител на коскена срцевина за лекување на малиот Марко
Бевме цел на хибриден напад дома во врска со францускиот предлог, можна е кривична постапка, вели Османи
Бевме цел на хибриден напад дома во врска со францускиот предлог, можна е кривична постапка, вели Османи
Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини
Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Комисијата која го следи покривањето на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини
Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда
Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО АМЕРИКА - ГОЛЕМА ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА ДЕСНИЦАТА: ПО 50 ГОДИНИ АБОРТУСОТ СТАНУВА НЕЛЕГАЛЕН, УСТАВНИОТ СУД СО ГЛАСОВИТЕ НА ТРОЈЦАТА СУДИИ КОИ ГИ ПОСТАВИ ТРАМП ГО УКИНА ЗАКОНОТ РОУ ВЕЈД СПОРЕД КОЈ АБОРТУСОТ БЕШЕ ЛЕГАЛЕН НА ФЕДЕРАЛНО НИВО

Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за активни мерки за вработување 1,9 милијарди денари
Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните, за нови мерки 4,7 милијарди денари, за активни мерки за вработување 1,9 милијарди денари

Американски разузнавачи прогнозираат: Киев ќе падне за најмногу 96 часа, владината зграда ќе биде освоена за 2 недели максимум

Тројца американски функционери за Њузвик изјавиле дека очекуваат украинскиот главен град Киев да падне во рацете на руските сили во рок од максимум 96 часа и оти отпорот на земјата брзо потоа ќе биде ефективно неутрализиран.

Официјалните лица, кои побарале да останат анонимни, рекле дека фокусот на Москва ќе биде да ги опколи украинските сили. Се очекува Киев да биде заземен во рок од 96 часа, а потоа и раководството на Украина за околу една недела.

– Војската можеби ќе издржи уште неколку дена, но и таа нема многу шанси, рече еден функционер, додавајќи дека Русија наскоро ќе премине на посеопфатни копнени операции.

Извор близок до владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така побарал да остане анонимен, се согласил со проценката на САД дека Киев може да биде опколен во рок од 96 часа.

Во меѓувреме, и други светски агенции јавија дека руските сили напредуваат кон главниот град на Украина.

Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, рече дека „Кабинетот на Зеленски смета оти Руската Федерација има две тактички цели – да заземе територија и да го нападне легитимното политичко раководство на Украина за да шири хаос и да инсталира марионетска влада за да потпише мировен договор за билатералните односи со Русија”.

– Непријателот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во големите градови, особено во Харков и Киев. Постои можност руските вооружени сили да ги окупираат владините квартови, додаде тој.

loading...