Ципрас: Шест авиони „рафал“ ќе летаат над С Македонија
Ципрас: Шест авиони „рафал“ ќе летаат над С Македонија
ЕКО ФАНАТИЦИТЕ ЈА ЧИНАТ СРБИЈА 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Српската влада ја прекина соработката со Рио Тинто по масовните протести низ цела Србија
ЕКО ФАНАТИЦИТЕ ЈА ЧИНАТ СРБИЈА 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Српската влада ја прекина соработката со Рио Тинто по масовните протести низ цела Србија
На Русија може да ѝ се случи втор Авганистан доколку ја нападне Украина, предупредува британската министерка Лиз Трас
На Русија може да ѝ се случи втор Авганистан доколку ја нападне Украина, предупредува британската министерка Лиз Трас
Друштвената игра „Катан“ конечно достапна и на македонски јазик
Друштвената игра „Катан“ конечно достапна и на македонски јазик
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ЦУК, АНГЕЛОВ: ГОЛЕМА КАРПА ОД 20 ТОНА ВО МАТКА ЗАКАНА ЗА БРАНАТА НА НАШАТА НАЈСТАРА ХИДРОЦЕНТРАЛА, ИЗВЕСТЕНИ СЕ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ЦУК, АНГЕЛОВ: ГОЛЕМА КАРПА ОД 20 ТОНА ВО МАТКА ЗАКАНА ЗА БРАНАТА НА НАШАТА НАЈСТАРА ХИДРОЦЕНТРАЛА, ИЗВЕСТЕНИ СЕ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со бугарскиот претседател Радев
Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со бугарскиот претседател Радев
МАРИЧИЌ: Од големо значење ни е американската подршка во процесот на евроинтеграција на нашата земја
МАРИЧИЌ: Од големо значење ни е американската подршка во процесот на евроинтеграција на нашата земја
ВМРО МУ ВОДИ НА СДСМ ЗА 5%, НО ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ДОБРО СЕ ДРЖИ, КОВАЧЕВСКИ ИМА ВРЕМЕ ОД 3 ГОДИНИ ДА ГИ ПОПРАВИ ОВИЕ БРОЈКИ
ВМРО МУ ВОДИ НА СДСМ ЗА 5%, НО ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ДОБРО СЕ ДРЖИ, КОВАЧЕВСКИ ИМА ВРЕМЕ ОД 3 ГОДИНИ ДА ГИ ПОПРАВИ ОВИЕ БРОЈКИ

АНАЛИЗА НА ФАКТОР.МК – КАКО ГАЗИ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: ДОСТИГНА АКТИВА ОД 2,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – еве колку „тежат“ другите банки

Продолжува да расте Комерцијална банка, најголемата и најмоќна банкарска институција во земјава. Нејзината актива на крајот на јуни годинава достигнала 2,28 милијарди евра, говорат податоците на Народната банка.

Со оваа бројка Комерцијална го задржува приматот на најсилна банкарска институција од земјава.

За само еден квартал активата на Комерцијална банка се зголемила за 68 милиони евра, зборуваат бројките, откако на крајот на март нејзината актива била на ниво од 2,212 милијарди евра.

Банката е и едно од најпосакуваните адути за вложување од инвеститорите во земјава, а нејзината акција е една од најбараните и најбрзо растечките.

Компанијата „Адора“ на Ванчо Чифлиганец поседува 15 отсто од Комерцијална банка.

Неодамна првиот човек на банката, Хари Костов, соопшти дека во банката има 0,887 отсто од капиталот, што не блиску до еден отсто, или во вредност од околу 3,3 милиони евра.

Втора по висината на активата е Стопанска банка Скопје, која на крајот на првото полугодие од годинава изнесувала 1,72 милијарди евра, што е сепак, за девет милиони евра помалку од претходното тримесечие. Сепак, оваа банка во претходниот квартал имаше одличен раст на активата од над 100 милиони евра.

Одличен раст на активата во вториот квартал има НЛБ Банка, дури 29 милиони евра. Таа е трета банка по големината, со актива од 1,639 милијарди евра.

Уште подобар раст во второто тримесечје, како и во претходните периоди, има турската Халк банка. Таа за три месеци има раст од дури 50 милиони евра, достигнувајќи 1,179 милијарди евра, со што е четвртиот и последен милијардер според моќта на активата.

Но, во групата на големите банки влегува уште Охридска банка, со актива од 737 милиони евра, и чии раст за еден квартал е исто така солиден, и изнесува 29 милуиони евра.

Инаку, според најновите критериуми на НБМ, во групата големи банки влегуваат оние чија актива е поголема од 664 милиони евра, а такви во земјава се пет банки. Средни се шест банки, а нивната актива треба да е поголема од 166 милиони евра и помала од 664 милиони, додека, пак, сите оние банки чија актива е пониска од 166 милиони евра, влегуваат во рангот на мали банки, и такви во земјава се три банкарски институции.

Инаку, како што веќе пишувавме, Охриска банка се присоединува кон Шпаркасе банка Македонија. Во јануари годинава Надзорниот одбор на Охридска банка го одобри склучувањето на Спогодбата за присоединување на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка Македонија. Спогодбата ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранието на акционери на двете банки, а по добиена претходна дозвола за статусна промена од страна на гувернерката на НБМ.

Шпаркасе банка сега има актива од 452 милиони евра, што е раст во однос на три месеци претходно за десет милиони евра, и е седма по големина банкарска институција, влегувајќи во рангот на средни банки. Активата на двете банки што се спојуваат на крајот на март би изнесувала 1,189 милијарди евра. Со тоа новата банка би избила како уште една банка со актива над една милијарди евра, или, тоа ќе значи многу посилна конкуренција меѓу големите банкарски играчи на финансискиот пазар.

Шеста банка, пак, пред Шпаркасе, е Прокредит банка, со актива од 564 милиони евра.

На осмата позиција е УНИ Банка, чија актива е 383 милиони евра, додека, пак, Развојната банка на Северна Македонија има актива од 186 милиони евра и е деветта банка според големината.

Стопанска банка Битола достигнала актива од над 187 милиони евра, со што покажува раст од 4 милиони евра и за вториот квартал од годинава, исто како и во првиот, а го држи десеттото место. Додека, пак, последната средна банка е Централно-кооперативна банка, со актива од 177 милиони евра, и нејзиниот раст изнесува 4 милиони евра.

Во групата на мали банки прва е ТТК банка, со актива од 143 милиони евра. По неа е Силк Роуд банка со актива од 119 милиони евра, и на 14-та позиција е Капитал банка, чија актива изнесува 46,4 милиони евра.

loading...

gogoanime. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 8

DARLING in the FRANXX (Dub)

GoGoAnime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

Josee, the Tiger and the Fish