ТКК Банка убаво ги израдува своите акционери. Благодарејќи на кратењето на трошокот за резервации на кредити успеа за првите три месеци да оствари добивка која изнесува пола милион евра и е за 2,5 пати поголема од истиот период лани
ТТК Банка за 90 дена оствари профит од речиси половина милион евра. Тоа зачи дека за 90 дена оваа банка просечно дневно има добивка од 5.500 евра, покажуваат официјалните податоци објавени деновиве на Македонската берза. Резулатот е фантастичен затоа во споредба во првите три месеци лани банката има раст на добивката од 2,5 пати (лани била околу 200.000 евра).
Нето приходите од камати годинава се намалени за речиси 100.000 евра и изнесуваат 950.000 евра во првите три месеци годинава. Затоа пак нето приходите од камати бележат зголемување на нијанса во однос на лани и изнесуваат 765.000 евра.
Раст за речиси тројно бележат останатите приходи од дејноста кои надминаа 350.000 евра. Од курсни разлики банката оствари околу 50.000 евра.
Клучен генератор на растот на добивката во однос на лани се резервациите. За три месеци годинава банката издвоила 141.000 евра, а во истиот период лани речиси три пати повеќе.
Кај другите трошковни ставки нема значајни отстапувања.
Оваа добивка на секоја акција за првите три месеци и носи добивка поголема од половина евро!
Од билансот на состојба издвојуваме одржување на кредитното ниво на речиси идентично ниво како и лани. Износот на кредитни пласмани на крај на март годинава е 79,6 милиони евра.
Вложувањата во државни хартии од вредност се зголемени до износ од 27,8 милиони евра. Тоа е за 2,4 милиони евра повеќе од истиот период лани.
Нивото на депозити е намалено за 3,8 милиони евра и изнесува 121,3 милиони евра.
ИЗВОР ФАКТОР.МК