ℹ️ Вечерва заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска присуствувавме на одбележувањето на 48-от патрон празник за ЈОУДГ “Гоце Делчев” Пробиштип.
✅ Општина Пробиштип во изминатиот период реализираше повеќе проекти за подобрување на условите во згрижување на дечиња од предучилишна возраст, со отварање на нова детска градинка во населба Калниште, доградба на објектот “Срничка”, промена на столарија со енергетски ефикасни прозорци и врати, поставување на фотоволтаици, како и опремување на сензорна соба во објектот “Изворче” во Злетово, за кој следи и комплетна промена на кровната конструкција и енергетски ефикасна фасада, како и уредување на дворот со детски реквизити и урбана опрема.
➡️ Општина Пробиштип во моментот изготвува проект за отворање на детска градинка во населба Пробиштип, со што комплетно ќе се реши прашањето за згрижување на дечиња од предучилишна возраст.
👏 Честитки за сите дечиња и вработени за вечерашната претстава, но и за целата грижа и воспитание кои ги пружат, за сите изминати и идни генерации кои ќе следат.
✅ Општината ќе продолжи и во иднина да работи за подобри услови во делот на детската заштита.