Службите на Јавното комунално претпријатие “Никола Карев”, како и економскиот оператор задолжен за зимско одржување на локалните улици и патишта се на терен од вчеравечер и денес, и работат на расчистување на сообраќајниците во нашата општина.
❗Со оглед на снежните провејувања и ниските температури во изминатото деноноќие, апелираме за внимателно возење и движење по улиците.