ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

АНГЕЛА МЕРКЕЛ МУ ГИ ИСТРГНА УШИТЕ НА БОЈКО БОРИСОВ – Германија за меморандумот од Бугарија: Билатералните проблеми не треба да се во преговарачката рамка

Германија, која претседава со Европската Унија, смета дека билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Унијата.

Нивната амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, коментирајќи го меморандумот што Бугарија го испрати до земјите членки на ЕУ во врска со односите со Северна Македонија, пред најавената прва меѓувладина конференција вели дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес.

„Бугарија овие барања им ги има кажано на другите земји членки на почетокот на август. Ние, и според моите сознанија, сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион“,

вели амбасадорката Холштајн во неделното интервју на Радио слободна Европа.

Германската амбасадорка во земјава се надева дека земјите членки ќе постигнат договор за преговарачката рамка и дека одржувањето на првата меѓувладина седница, како заедничка цел меѓу Германија и Северна Македонија, ќе се случи во декември.

„Во делот на политиката за проширување, одржувањето на првата меѓувладина конференција, односно официјалниот старт на разговорите за проширување со Северна Македонија, е нашата голема цел, која е заедничка цел и на Германија и на Северна Македонија. Треба во рамките на Европската Унија да се договориме во однос на преговарачката рамка за која моментално се дискутира во Брисел, кога ќе се постигне договор за тоа, може да дадеме и датум за првата меѓувладина конференција и се надеваме дека тоа ќе се случи во декември“,

вели Холштајн во интервјуто.

Во меморандумот, официјална Софија посочува дека главните отворени прашања помеѓу неа и Скопје се јазикот, заедничката историја и малцинските прашања, и притоа обвинува за наводна „државна антибугарска идеологија“. Бугарија ги повикува властите во Скопје да „раскинат со идеолошкото наследство од комунистичка Југославија“, што според Бугарија било причина за „етничкиот инженеринг“ во Северна Македонија.

Бугарија до ЕУ: Во С Македонија има државна антибугарска идеологија, македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот

Од Владата вчера истакнаа дека тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон пријателство и посочија дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка создава правна рамка и нуди инструменти за менаџирање на билатералните прашања.

loading...

GoGoAnime gogoanime re zero: Watch Kuroko's Basketball 2 Episode 7

WCOStream wcostream dragon ball super: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 80 (https://wcostream.cc/m/XnJ/ep-80)