PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
PLUTO’S DOUBTS - OPENING ACT НА PLACEBO ВО СКОПЈЕ, 16 ЈУЛИ 2022, СТАДИОН НА АРМ!
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА “АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ - GREATEST HITS”
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
WHITESNAKE И DAVID COVERDALE - ЈАВААТ НИЗ СВЕТОТ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ! Голем open air -12 јули-Стадион на АРМ -Скопје-20 часот!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
ПОСЛЕ НЕЗАБОРАВНИОТ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ НА АРМ ВО СКОПЈЕ, ОМИЛЕНИТЕ СТАРОМААЛЦИ СЕ СЕЛАТ ВО ОХРИД, НА ИЛИНДЕН, ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! 03-ти јули, Стадион на АРМ
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
РОКАДА ВО БУГАРСКАТА ВЛАДА: НАМЕСТО ПЕТКОВ, АСЕН ВАСИЛЕВ ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР, ПЕТКОВ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија
Борисов: Да го финализираме францускиот предлог за Северна Македонија

АНГЕЛОВ ОД ЦУК: За нас е битно дека граѓаните го прифатија и го користат бројот за итни повици 112

Скопје, 19 април 2022 – Како да се подобри искуството на крајните корисници – граѓаните, но и кои се можностите, недостатоците и предизвиците за одржување на системот за новововедениот број за итни повици 112 на целата територија на државата, дебатираа учесниците во имплементацијата на единствениот број што од февруари годинава ги замени итните броеви на полицијата, брзата помош, противпожарната единица и Центарот за управување со кризи. На работилницата и панел дискусијата на тема „Имплементација на европскиот единствен број за итни повици 112 во С. Македонија – техничко решение, предизвици и придобивки“, организирана од Здружението ЕТАИ во соработка со Центарот за управување со кризи на Р.С. Македонија, како носител на проектот и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), се разговараше за придобивките од новиот систем, но и техничките можности и предизвици со кои се соочуваат при воведување на линијата за итни повици на целата територија на државата.
Директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов истакна дека граѓаните веќе го прифатиле новововедениот број за итни повици.

„Во Центарот за кризи е формиран посебен сектор кој веќе неколку месеци работи успешно. Нормално секојдневно се соочуваме со предизвици кои ги решаваме во од затоа што бевме свесни дека ќе има ситуации за кои однапред немаме решение. Покрај совршениот софтвер што го користиме, има активности се уште ги вршиме мануелно, ако добиеме повик за пожар од некој град, нашиот телефонски оператор го прима повикот, а потоа треба механички да го сврти бројот на територијалната противпожарна единица и повикот ќе го пренасочи таму. За нас е битно дека граѓаните го прифатија и го користат бројот за итни повици 112“, рече Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Поддржувач на настанот, покрај Факултетот за електротехника и информациски технологии, Центарот за управување кризи при Владата на Република С. Македонија, е и компанијата ICS Consulting Engineering.
„Почнавме со проектот пред повеќе години, и со поддршка од ЕУ и соработка со ЦУК успешно го стартувавме системот во февруари и покажа дека луѓето го прифаќаат новиот број. Не е забележано зголемување на бројот на повици, туку граѓаните се селат од постојаните итни броеви кон итниот број 112 како унифициран систем. Станува збор за комплексен систем што е поддржан е од многу модерна технологија што дава предност да функционира како еден унифициран систем за целата држава“, вели консултант за техничкото решение и за имплементацијата на проектот Грегор Јанин.

Претседателката на Здружението ЕТАИ, проф. д-р Марија Календар ја објасни потребата преку дебата да се спојат академијата, индустријата и државните институции за да се овозможи подобро искуство за директните крајни корисници на системот.

„Во согласност со целите за третирање на актуелните технолошки трендови со сеопфатен пристап на сите заинтересирани страни, како и посветеноста на ЕТАИ да ја одржува актуелна врската меѓу академскиот свет и индустријата, потекна идејата за организирање настан на кој ќе се презентира техничкото решение кое стои позади имплементацијата на Европскиот единствен интегриран број за итни повици 112 во Р.С. Македонија. Иако идејата потекна од ЕТАИ, мораме да се заблагодариме на колегата Игорче Каранфиловски од ЦУК за брзата реакција и подготвеноста заеднички повторно да ја споиме академијата, индустријата и државните институции во настан со основна цел да се опишат и дискутираат техничките аспекти на решението, спецификите и предизвиците за негова имплементација и придобивките за директните корисници и општеството во целина. Токму затоа, учесници на настанот се сите вклучени чинители“, изјави претседателката на Здружението ЕТАИ, проф. д-р Марија Календар.

Учесниците разговараа и за фазите на имплементацијата на новиот итен број, актуелната законската регулатива, улогата на телеком операторите и АЕК при воведувањето и функционирањето на новиот систем, како и оперативните предизвици и ризици на новиот систем и негово одржување во целосна функционалност во услови на редовно работење, но и во вонредни услови.

Линијата за итни повици за првпат беше пуштена во работа годинава во февруари, како единствен повикувачки број 112 кој важи на целата територија на Европската Унија. Со повикување на овој број, наместо на 192, 193, 194 и 195, за полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, граѓаните можат да ја добијат која било услуга доколку имаат каков било итен случај и потреба од државата. Станува збор за комплексен систем што обединува неколку различни субјекти, министерства, противпожарните единици коишто со Устав се децентрализирани односно се во надлежност на самите општини и итната медицинска помош.

loading...

https://tai.go88.is/

sunwindy sunwin đài loan sunwin aaa