– Американската амбасада ни помогне да го подобриме кризниот менаџмент во време на пожари и слични елементарни непогоди, правевме неколку симулации, бевме во посетана САД, не посетија многу експерти и сега оваа сезона на пожари ќе ја пречекаме во подобра кондиција од минатата година.
Главен проблем лани беше што имаше доволно пожарникари и опрема но не можевме добро да командуваме со сите тие ресурси затоа што немаше систем на кризен менаџмент, се случуваше локалните преставници на ЦУК да треба да командуваат со 1000 луѓе од разни сектори а тие немаат такво искуство и знаење да командуваат со толку луѓе и се случуваше хаос и застој што не чинеше многу скапо со штетите од пожарите.
Јас тоа лани пробав да го решам така што праќав на терен старешини команданти на специјални единици кои знаат да командуваат со голем број на луѓе но тоа беше ад хок решение затоа што тие команданти немаа правни овластувања за тоа како да командуваат со сите тие луѓе на терен, тоа беше импровизација.
Генерал Ангелов шеф на ЦУК.