АЛО ДАНЕЛА, СКОПЈЕ НЕ Е РАСАДНИК ПА ДА ГО ЗАПОСТАВИШ И УНИШТИШ ДОДЕКА ГО МУЗЕШ!
АЛО ДАНЕЛА, СКОПЈЕ НЕ Е РАСАДНИК ПА ДА ГО ЗАПОСТАВИШ И УНИШТИШ ДОДЕКА ГО МУЗЕШ!
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e

Ангелов, в.д. директор на ЦУК – ПОДГОТОВКА ЗА ИДНА КРИЗА: РАЗВИВАЊЕ ПОЕФЕКТИВЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), учествуваше на дводневната интернационална конференција и симулација за кризен менаџмент „ПОДГОТОВКА ЗА ИДНА КРИЗА: РАЗВИВАЊЕ ПОЕФЕКТИВЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ“ преку видеоконференциска интернет врска реализиранa на 27 и 28 мај (четврток и петок). Воведни обраќања за добредојде имаа г-дин Талат Џафери, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија и Н.Е. Сибил Сутер, амбасадорка, Амбасада на Швајцарија. Инаку, како експерти за управување со криза од САД учествуваа Џим Раф (Jim Ruf), Џон Аголија (John Agoglia), д-р Ен Филипс (Ann Phillips) и други експерти.

Денеска, се работеше и дискутираше, а и прашуваше – особено за ангажманот и улогата на ЦУК како главен координатор при кризи, согласно двата дела на сценариото: Подготовка на рано предупредување и Вежба за управување со криза. При тоа, покрај на ЦУК, имаше фокусирање на одговорностите на Собранието и на извршната власт, нивните односи и очекувањата што ги имаат едни од други за време на криза претставени во сценариото (на пример, институции/собраниски комисии, овластувања (вклучително и надзор), ресурси, комуникација).

Покрај претставувањето гледишта за системот за управување со кризи се разви дискусија нa интернационална конференција со симулација за кризен менаџмент преку видеоконференциска интернет врска. Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), дискутираше за проценката и организационата поставеност и реалната активност на Групата за процена, Управувачкиот комитет, улогата на ЦУК и Владата во државата при кризи и се осврна и на употребата на националните ресурси во поддршка на локалните власти при справување со кризи. Притоа, зборуваше и за координацијата со Владата и со институциите од Системот за управуање со кризи во нашата држава во реални оперативни услови согласно и постојните законски регулативи во кореалија со можностите и капацитетите и рерсурсите. Истовремено, Ангелов одговораше и на многуте прашања од модераторите и од учесниците на конференцијата за дејствувањето на ЦУК, за координацијата на субјектите во Системот за управување со кризи и за разликите меѓу кризна состојба и вонредна состојба. Притоа информираше и за престојни реформи во блиска иднина на Системот за управување со кризи. Главните предвидени точки назначени како специфични цели беа во целост опфатени: да се испитаат постојните процеси за управување со криза; да се разјаснат улогите и одговорностите во системот за управување со криза; да ги оцени барањата на Собранието од извршната власт со цел подобрување на националниот процес за управување со кризи, и да се идентификуваат правците за подобрување на надзорот на процесите за управување со криза.

На крајот, беше разгледано, како посебна точка, Управувањето со криза во контекст на пандемијата при што се сублимираа клучни наоди и препораки. Притоа, беше нагласено од организаторите дека симулацијата ќе биде проследена со презентација на клучните наоди во јуни за високи претставници од извршната и законодавната власт.

Инаку, првиот ден учесниците имаа воведни излагања за запознавање и позиционирање на состојби на системот за управување во кризи кај нас и во одредени држави, како на пример САД и Швајцарија, а и од нашиот регион – Југоисточна Европа. Конкретно, имаше претставување на системите за управување со кризи: прво претставување на системот на Северна Македонија – г-дин Зоран Нечев, потоа претставување на системот на САД – Д-р Ен Филипс и Џим Раф, а на крај и претставување на системот на Швајцарија – Д-р Роланд Болин. Истовремено, првиот ден и невладини организации беа вклучени во дискусијата при што дискусијата донесе размислувања од страна на практичарите и организациите на граѓанското општество за приоритетите и ефикасноста на управување со кризи во врска со оценката на системот на Северна Македонија, како и разгледување на швајцарските и американските системи за управување со криза.

Организатор на конференцијата со мноуте учесници од нашата земја и од светот, од системот за управување со кризи, е НДИ Северна Македонија (NDI North Macedonia). Предвидената програма што се реализира е во рамки на програмата на парламентарна поддршка финансирана од Швајцарија. Програмата на оваа меѓународна организација предвидува Отворена владина недела со близу 60 земји при што сега има теми околу Отворено обновување, новата фаза од кампањата Отворен одговор + Отворено обновување при кризи и има за цел да го обнови духот, оптимизмот и енергијата за решавање на предизвиците на денешницата. Програмирањето на НДИ во земјата ги рефлектира потребиte согласно aгендата за демократија во Северна Македонија во тоа што јавните институции да се реализираат потранспарентни и одговорни пред јавноста, и конфигурирањето на политичкиот дискурс да биде поинклузивно и помалку партиско. Со техничка поддршка од Партнерството за демократија во Домот на Конгресот на САД, НДИ помогна да се создаде водечко тело за законодавство за истражување, обука и документирање, библиотека, во парламентот. Ова тело им помогна на законодавците да донесат поинформирани закони, подобро да ги претставуваат нивните гласачи и поефикасно да ја разгледуваат работата на извршната власт.

loading...

Haikyuu!! Movie 3: Sainou to Sense Episode Full

Tenjho Tenge: The Ultimate Fight Episode 2

AnimeFLV: Inferno Cop anime episode 13 online free at https://animeflv.uk devilman crybaby animeflv

Watch anime online for free at GoGoAnime gogoanime weathering with you

Uid: http://uid.me/gogoanimebe

Tawk: https://tawk.to/animeflixnl