Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Ангеловска-Бежоска: Корона-кризата докажа дека банкарскиот сектор е отпорен на шокови

Новите закани коишто ги донесе корона-кризата докажаа дека банкарскиот сектор во регионот и кај нас е отпорен на шокови и има капацитет да им одговори на предизвиците коишто можат да произлезат од руско-украинскиот конфликт. За заштита на економиите и финансиските системи, важно е монетарната политика постепено да се враќа во нормална состојба.
Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Десеттиот годишен состанок на гувернери и банкари од регионот, којшто се одржува во Ровињ, Хрватска.

Зборувајќи за банкарскиот сектор кај нас, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека банките го одржаа кредитниот циклус во сложените услови на пандемијата, додека кредитирањето дополнително зајакна од почетокот на годинава.

-Кредитирањето се зголеми за 10 отсто во март, при што растот на кредитирањето на корпоративниот сектор го надмина растот кај домаќинствата. Нефункционалните кредити и натаму се на ниско ниво од 3,1 отсто во март, што е меѓу најниските во земјите од Западен Балкан и пошироко и воедно е подобро во однос на нивоата забележани пред пандемијата. Банките располагаат со доволно капитал, што е важна предност при справувањето со ризиците. Финансиската изложеност на нашата земја кон Русија и Украина е доста ниска и немаме присуство на руски и украински банки. Редовните стрес-тестови, исто така, покажуваат дека банкарскиот систем во целина е отпорен на евентуални шокови, рече Ангеловска-Бежоска.

Таа додаде дека предизвиците со кои се соочи банкарскиот сектор кај нас дојдоа главно од шпекулациите за стабилноста на девизниот курс, коишто беа прилично изразени од почетокот на руско-украинската криза. Сепак, благодарение на традиционално високите нивоа на ликвидност на домашните банки, како и решителната реакција на Народната банка, ситуацијата брзо се стабилизира.

-Нивото на девизните резерви и натаму е солидно и може да ја гарантира стабилноста на девизниот курс. Покрај тоа, пристапот до специјалната репо-линија обезбедена од Европската централна банка е дополнителен заштитен механизам, којшто ја поддржува стабилноста на девизниот курс, посочи гувернерката.

Таа истакна дека иако очекувањата за економски раст и во Европа и во регионот се намалени, сепак проекциите за годинава сè уште се позитивни. Кредитирањето е умерено и претпазливо. Коефициентот на долгот во однос на приходите е околу 40 отсто, што се смета за претпазливо ниво и во согласност со европските лимити. Ова значи дека корисниците на кредити се помалку чувствителни на случувањата, вклучително и на ефектите од евентуалното затегнување на монетарната политика. Од особено значење е кога монетарната политика ќе се враќа кон нормалната состојба, тоа да се прави постепено за да се избегнат можните ранливости, посочи гувернерката.

На настанот на кој учествуваше Ангеловска-Бежоска, зборуваше и Клаус Рeглинг, првиот човек на Европскиот стабилизациски механизам, како и гувернерите на централните банки од регионот, односно на Хрватска, Борис Вујичиќ, на Словенија, Боштјан Васле, на Босна и Херцеговина, Сенад Софтиќ и на Црна Гора, Радоје Жугиќ. Годишниот состанок е наменет за разгледување на актуелните теми и политики и на него учествуваат гувернерите на централните банки, експертите од областа на монетарната политика, претседателите на регионалните деловни банки и членовите на одбори, како и претставниците на меѓународните финансиски институции. Теми на овогодишниот состанoк се економското закрепнување во контекст на конфликтот во Украина и санкциите кон Русија, неизвесноста и финансискиот сектор, инфлацијата и монетарната политика.

loading...