Денес заедно со Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски одржавме работен состанок, каде што разговаравме за изработка на стратегија за развојот на Дојран и за продлабочување на соработката меѓу Агенцијата и Општина Дојран, но и креирање една регионална туристичка понуда, која ќе привлече поголем број туристи на Дојран во текот на целата година.
Учество на саемот во Белград како примарен пазар
✅Изработка на промотивни материјали
✅Инвестиции во нови автокампови
✅Посета на инфлуенсери за гастрономија на Дојран
✅Туристичко означување на дестинацијата
заедничко аплицирање на ИПА проекти
✅Со инплементирање на овие активности се очекува зголемување на ноќевањата за 2022 година од 20% и нови инвестиции во туристичкиот сектор