Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Извршниот директор и претседател на Управниот одбор на Групацијата „Фероинвест“, „Брако“ и „Грин Машинс“, професор д-р Кочо Анѓушев вели дека со реален оптимизам и верување, очекува да се смири и стави под контрола пандемијата како на глобално, така и на локално ниво и да се продолжи со нормални услови за работа и живот.
„Тоа, од перспектива на Групацијата „Фероинвест“,„Брако“ и „Грин Машинс“, би значело очекување за стабилизирање на светските пазари и економии со што би можеле да ги зацврстиме нашите позиции на пазарите каде што сме веќе етаблирани како и обид да се пласираме на нови пазари.
Повеќе за ова на ФАКТОР.МК