ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Сметките за струја ќе пораснат, ЕСМ понуди повисока цена
Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ
Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ), потоа ќе има марш по улиците и концерт на стадионот на АРМ
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
ВОЗИМЕ КАКО МАНИЈАЦИ - МВР: 292 санкции за возачи што возеле пребрзо, 168 сообраќајни прекршоци во Скопје: 49 за пребрзо возење
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Бугарските барања се напад на македонската нација, смета Фуере
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те јазици на ЕУ
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло
Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло

Антони Пешев: Млади луѓе треба да се вклучат во процесот на работа, дури и пред завршување на образованието

„Сакаме систем кој ќе биде современ, ефикасен, едноставен за имплементација, и пред сè, систем кој што ќе создаде млади луѓе кои што ќе се вклучат во процесот на работа, што е можно побрзо, дури и пред завршување на образованието“, со оваа констатација извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија м-р Антони Пешев ги поздрави присутните на конференцијата насловена како „Синергија на партнерите во обезбедување на пазарно – ориентирано стручно образование и обука“.

Конференцијата е во организација на Стопанската Комора на Северна Македонија, во соработка со Министерството за образование и наука, поддржани од Швајцарската амбасада на Република Северна Македонија.

„Сите сме свесни дека градењето на образовен систем кој одговара на барањата и потребите на бизнисот, ја наметнува потребата од соработка помеѓу училиштата и компаниите, но и вклучување на коморите и организацијата на работодавачи. Нашата заедничка цел е да изградиме образовни политики кои ќе овозможат создавање на кадри кои во текот на образовниот процес ќе се стекнат со соодветни вештини и знаења кои пазарот на труд ги бара“ потенцираше Пешев.

„Државата преку своите институции мора да иницира ако не долгорочна, да направи барем среднорочна стратегија за развој со согледување на потребите од профилот на работна сила за континуиран раст на економијата. Без визија, сите ние ќе бидеме заложници на бескраен процес на обиди и грешки и талкање во обидот да се дефинира процесот од година за година.

И ова е подобро, отколку да не се делува, но тоа нè упатува на потребата за перманентна флексибилност, адаптивност во дефинирањето на приоритети, и секако, перманентно отворена комуникација помеѓу сите учесници. Затоа синергијата не само што ни е потребна, туку и неопходна“, заклучи директорот на Стопанската комора.

Од името на Швајцарската Амбасада во Република Северна Македонија, учесниците ги поздрави г-дин Курт Витрих, кој истакна дека, Амбасадата на Швајцарија континуирано го поддржува развојот на пазарно – ориентирано средно стручно образование преку проектот „Образование за вработување“, Е4Е@МК, а притоа, во наредниот четири – годишен период, согласно Стратегијата за соработка, се фокусира на полето на дигитализација, заштитата на животна средина и развој на приватниот сектор, Швајцарија е најголемиот билатерален донатор во земјата и швајцарското искуство е мошне корисно за областите на кои што се фокусира.

Заменик министерот за образование, Арафат Шабани, посочи дека дуалното образование е најефикасниот модел на обезбедување стручен кадар, за што сведочи и податокот дека годинава согласно уписната политика се отворени 97 дуални паралелки на барање на бизнис секторот.

Во рамки на конференцијата беа реализирани и две панел дискусии со насловени „Клучните партнери во стручното образование и обука – меѓународни практики“, и „Квалитетно и пазарно ориентирано стручно образование и постигнување на win – win ситуација“.

Учесниците во првиот панел, презентирајќи искуства од Австрија, Швајцарија, Србија и од Европската фондација за обука, укажаа на позитивните примери со учеството на Коморите и бизнис асоцијациите во детектирање на потребите на компаниите, но и во спроведување на процесот на преквалификација и доквалификација на кадри. Во ваквиот модел компаниите не се вклучуваат само заради потреба, туку пред сè за придобивките од ваквиот процес на функционирање, кој креира квалитетни и стручни кадри на одреден среден и долг рок.

Во вториот панел претставниците на бизнис асоцијациите (МАСИТ, Комора на Северо-Западна Македонија, Занаетчиска комора на Град Скопје, Организација на работодавачи на Македонија), укажаа на потребата од следливост на државата за потребите на компаниите на кои деловните асоцијации укажуваат со факти за недостиг на кадар врз база на анкети, анализи истражувања. Потребни се реформи посебно за враќање на атрактивноста на стручното образование, со континуирана вклученост на бизнис секторот; креирање политики за стимулирање на вработувањето на млади; креирање економска стратегија за да се дефинира процесот на движење на државата што директно го насочува и образованието и низа други констатации што во форма на заклучоци ќе бидат испорачани од конференцијата.

Од Центарот за стручно образование и обука на панелот потенцираа дека нема релевантно образование ако не е вклучен бизнисот и ако немаме споделено одговорност за креирање на кадрите.

loading...

otp go88 go88 phiên bản cũ go88 mới nhất

tải sunwin1 Sunwin - Game bài Macau uy tín bí quyết chơi tài xỉu sunwin