Идеална за точак, скратува 1,1км ако се оди накај Глуво/Бразда. Долга е 800м, преполна со купишта ѓубре, едвај може да се стапне, а камо ли да помине тркало. А тврда подлога, нема кал, кога би се тргнало ѓубрето би можеле комотно да поминуваат автомобили, велосипеди, пешаци. Зошто мора да биде така, корисен премин под обиколницата да не се користи и да служи за дива депонија???
Не знам чија надлежност е, на град Скопје или некоја од околните општини, но го замолувам градоначалникот Петре Шилегов да го искоординира чистењето и ставање во употреба на оваа корисна уличка. Пинг и до партијата на зелените Maja Morachanin и до движењето “Не биди ѓубре” Irena Ristic
“Кругот е малечок а во него сме сите”
Ѓорѓи Лазаревски, херојот од аферата НЕЛЕГАЛНО ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ДБК