Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори

АПСУРДИ За кого се мекиците од Стража

Пишува: Бранко Азески, претседател на стопанска комора на Северна Македонија

Сметам дека нелогичностите поврзани со определени појави или случувања кои ги нарекуваме апсурди се често тема која сите ја одбегнуваат затоа што се врзани за непријатни или несакани случувања во минатото или денес. Јас сметам дека за таквите апсурди треба отворено да се зборува, не за да се наоѓаат мани или забелешки на надлежните институции или лица кои не посветиле доволно внимание за таквите појави да станат апсурди, туку затоа што можеби ваквите апсурдни ситуации би можеле да бидат надминати доколку за нив сѐ почесто се зборува и се истакнуваат како проблем за кој конечно треба да се најде решение.

Деновиве кога ќе го поминеш преминот Стража, се чувствуваш како да си на пазар. Сите застанале со една цел – да купат мекици. Прекрасно, вкусно тесто кое е синоним за новороденчињата. Но, јас мислам дека мекиците што деновиве се трошат во неограничени количини, ќе одбележат раѓање на нешто друго.

Во 1990 година, само што ја поминавме Стража, на пат за Западна Европа со крајна дестинација Амстердам, службениот мерцедес на АД „Слобода“ Охрид на подмрзнатиот пат се заврте за 180 степени. Практично, беше невозможно да се вози по таков пат. Колегите во возилото прокоментираа дека Господ ни го покажал патот да се вратиме назад. Јас бев уверен дека треба внимателно да се симнеме кон Гостивар, бидејќи ако ја поминеме Стража, до Амстердам патот нема таков опасен превој и нема да имаме никаков проблем. Така и бидна.

Тој превој сум го поминал илјада пати. Ги знам сите опасности, но знам и колку пари се трошат за негово зимско одржување. Затоа, и при отворањето на нашата регионална комора во Кичево пред десет години, јавно кажав дека Охрид и Кичево имаат заеднички непријател кој се вика Стража и дека не смееме да дозволиме, нашите предци пред педесет години да го решат прашањето на железничката пруга со пробивање тунел од Стража, а ние тоа да не го направиме до денес. Од тогаш поминаа десет години. Не само што тоа прашање не се реши, туку не се доврши ниту автопатот од Кичево до Охрид, којшто и понатаму Охрид, како најголем туристички центар, и целиот регион го држи во економско заробеништво. Ако тргнеш преку Дебар ќе те пречека Маврово, ако тргнеш преку Битола ќе те пречекаат Ѓавато и Плетвар, а кон Стража има и уште еден планински превој, некогаш поопасен и од Стража, наречен Пресека.

Значи, логично се поставува прашањето за излез на тој регион од една географска блокада која го отсекува од комуникациите со главниот центар во државата, но и главните комуникации кон север, кои се значајни за нашиот бизнис.

Според расположливите податоци од ЈП „Македонија пат“, кои се од постар датум (периодот помеѓу 2010 и 2015 година), потрошените средства за зимско одржување на патиштата во државава во текот на една година, во просек изнесувало околу 400 милиони денари, од кои просечниот износ за одржување само на автопатите во зимскиот период изнесува 65.870 денари по километар, а да не зборуваме за планинските превои, за кои само може да се претпостави колку средства се потребни, во недостиг на официјални податоци.

Сигурен сум дека во овие педесет години, потрошените пари за одржување на планинските превои во западна Македонија, ќе исфинансираа тунел на релација Скопје – Охрид. Да не зборувам за тешкотиите на камионџиите кои ја превезуваат стоката во зимски услови, бидејќи нема пруга, како и за жртвите и опасностите кои демнат на секој чекор.

Значи, најмалку три аспекти ја оправдуваат идејата за изградба на тунел, а тоа се економичноста, брзината, бидејќи побрзо ќе се стигнува до планираната дестинација и одржувањето, кое ќе биде, и полесно, и поевтино. И по сто пати поставеното прашање: како можеше една од најголемите градежни оперативи да не го реши прашањето до денес и дали за тоа постои одговорност?

Студиите на Градежниот факултет од Скопје, исто така, ја потврдуваат тезата за оправданоста за изградба на тунел на овој правец. Недостасува само желба и упорност за реализација на целта.

Но, сега да се вратиме на мекиците. Бидејќи проблемот не е решен, мекиците сигурно ќе бидат дадени за раѓањето на новата платформа наречена „Отворен Балкан“, затоа што бизнисот мора да бара чаре и кога државата не ги решава инфраструктурните проблеми. Природно е тој да се сврти кон Албанија и Грција затоа што на тие правци нема „стражи“, „пресеки“, „ѓавата“ итн.

Најпросто кажано, бизнисмените од овој регион ја поддржуваат таа платформа затоа што гледаат излез во отворањето нови пазари, побрза проодност на капиталот, стоките, идеите, ставовите и луѓето, а со тоа и поголема конкурентност и подобра заработувачка. Географските пречки, ете така и со мекици, и без мекици, можат да ја сменат и економската, но и човечката конфигурација затоа што тоа е природно и решение мора да се бара во новите и реални опции.

П.С. „Како што беше и предвидено“, вирусот повторно нападна и тоа на 15 август. Стража, нормално не го спречи. Но, дали можеме да го пропуштиме низ „отворениот Балкан“ до морето и таму да исчезне? Можеме, ако не ги повториме грешките од првиот бран. И ако се вакцинираме. Особено лицата кои работат во компаниите.

loading...

Barefoot Gen (https://animeheaven.pro/m/Empr) Episode Full

Little Busters! (Dub) Episode 26

Tako ni Natta Okaasan Episode Full

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Scoop: https://www.scoop.it/u/gogoanimelol

Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/animeflixnl