ВО ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА КОЈА ПОЛОЖИ ВЕНЕЦ ПРЕД СПОМЕН ПЛОЧАТА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО РИМ ОСВЕН ПРЕМИЕРОТ СЕ И МИНИСТРИТЕ СПАСОВСКИ, ОСМАНИ И СТОЈЧЕВСКА
ВО ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА КОЈА ПОЛОЖИ ВЕНЕЦ ПРЕД СПОМЕН ПЛОЧАТА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО РИМ ОСВЕН ПРЕМИЕРОТ СЕ И МИНИСТРИТЕ СПАСОВСКИ, ОСМАНИ И СТОЈЧЕВСКА
ФАЛА БОГУ ЌЕ КУРТУЛИМЕ ОД НОВА ПАНДЕМИЈА: Мајмунските сипаници многу тешко се пренесуваат за да бидат опасни, велат експертите
ФАЛА БОГУ ЌЕ КУРТУЛИМЕ ОД НОВА ПАНДЕМИЈА: Мајмунските сипаници многу тешко се пренесуваат за да бидат опасни, велат експертите
За три месеци Русија во Украина претрпела загуби колку за 9 години во Авганистан, дневно гинат по околу 100 Украинци
За три месеци Русија во Украина претрпела загуби колку за 9 години во Авганистан, дневно гинат по околу 100 Украинци
Бојан Маричиќ: Антидемократската пропаганда не може долго да опстои, граѓаните се изморени од деструктивни наративи
Бојан Маричиќ: Антидемократската пропаганда не може долго да опстои, граѓаните се изморени од деструктивни наративи
Тупанчески на Регионална конференција во Шибеник: Интегритетот е еден од најефективните механизми за спречување на корупција
Тупанчески на Регионална конференција во Шибеник: Интегритетот е еден од најефективните механизми за спречување на корупција
БОМБА НА ФОКУС: ВМРО ДПМНЕ СИ НАЈДЕ НОВ ПОЗАБЕГАН ФИКУС ОД ХОРХЕ - МИЦКОВСКИ ГО СПРЕМАЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНУ, ЉУПЧО КОЦАРЕВ ЗА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ?!
БОМБА НА ФОКУС: ВМРО ДПМНЕ СИ НАЈДЕ НОВ ПОЗАБЕГАН ФИКУС ОД ХОРХЕ - МИЦКОВСКИ ГО СПРЕМАЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАНУ, ЉУПЧО КОЦАРЕВ ЗА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ?!
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ВИСОКИ НАДЕЖИ И ГОЛЕМИ ПАДОВИ: СТАВОВИ НА ГРАЃАНИТЕ И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ЕФЕКТИ ОД СЕКТОРСКИТЕ РАБОТНИ ГРУПИ“
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ВИСОКИ НАДЕЖИ И ГОЛЕМИ ПАДОВИ: СТАВОВИ НА ГРАЃАНИТЕ И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ЕФЕКТИ ОД СЕКТОРСКИТЕ РАБОТНИ ГРУПИ“
(ВИДЕО) АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ ГНЕВНИ: БРАТОТ ИСУС Е МАКЕДОНЕЦ ШТО ИМА НИЕ ОД СРБИТЕ ДА БАРАМЕ АВТОКЕФАЛНОСТ?!
(ВИДЕО) АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ ГНЕВНИ: БРАТОТ ИСУС Е МАКЕДОНЕЦ ШТО ИМА НИЕ ОД СРБИТЕ ДА БАРАМЕ АВТОКЕФАЛНОСТ?!

АРСИМ ЗЕКОЛИ: БЕЗ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ НЕМА РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА, ЗАТОА ЗАЕВ ГИ ВРАЌА ЛУЃЕТО НА БРАНКО ВО СДСМ

‘Ах, вие мои луди млади години,
летнавте, ама назад
не се вративте’ – Виолета Томовска

На оваа страница, некаде кон крајот на мај оваа година, напишав дека „Румен Радев успеа во релативно кус период да се наметне како домашно офицерски и надворешно џентелменски прифатлив претставник на Бугарија со државнички белег.” Во завршницата на истата колумна додадов дека истакнувањето на Радев како носител на процесот на склучување договор изискува да и „Македонија, вклучително и нашите поддржувачи, најдат сили за истапување од сегашната двотактна мимикрија на државништво и дипломатија и изберат лик со имиџ на достоинствен и признат поборник на македонштината, сопствено животно искуство и државничко педигре за претставителност во соседството.” Шест месеци подоцна, Радев уште повеќе ја цементира неговата доминантна позиција, зацврстена со убедливата победа на претседателските избори. Во Македонија, пак, нештата наликуваат дека сеуште тапкаат во место. Но, се тече, се се менува.

Две имиња

Изборот на носителот на процесот и олицетворение на каков-таков кредибилитет во завршната рунда на преговорите со Бугарија денеска е срцевината на мизансценските игри на нашата политичка сцена. При што најтешкиот дел од задачата е умешноста во истиот лик да се приближат или поклопат легализмот на функцијата и легитимитетот на претставништвото со кој ќе се обезбеди минимумот на официјалност и максимумот на прифатливост на договореното. По демисијата на Заев од функцијата премиер и како последица на неспремноста на Мицкоски за персонално изборно соочување, останува отворено прашањето кој или кои се ликовите кои можат да ја исполнат таа неодминлива задача за привршување на преговорите и потпишување на Договорот со Бугарија. Задача која колку поради неговиот профил и уште повеќе поради неговото опкружување, тешко дека ќе биде квантитативно и квалитатвно исполнета од Димитар Ковачевски.

Други колумни од авторот: Социjалдемократијата во подем

Изборот се сведува на две имиња. Стево Пендаровски како екс официо легален претставник на државата, и Бранко Црвенковски како легитимна сива еминенција и патријарх на етно-македонската политика. Истакнувањето на двете имиња не значи дека и останатите играчи се ставени ад акта или без тежина во тешкиот период на заокружување на клучниот надворешно-политички предизвик на нашата земја. Тоа само подразбира правење разлика помеѓу државништвото на именуваните и политиката на останатите.

Меѓународната заедница одамна има мака со кисиџеријанската дилема на кој телефонски број треба да се јави во Македонија за да го добие шефот на земјата. Изгубениот во простор, разочараниот во времето или заситениот од премрежијата Зоран Заев самиот придонесе да ја разводни тежината на сопствената функција. Социјал-демократскиот демохристијан Христијан Мицкоски се потруди пред истата меѓународна заедница да се дефинира како лабилен, недоверлив, лажен идеалист во кој не се наѕира способноста за конструктивна надворешно-политичка предвидливост и емотивна внатрешно-политичка стабилност на еден Мицотакис, на пример. Али Ахмети е секако добредојден како чувар на процесот во време на мирување (веќе докажан во пред-Преспанските процеси со Атина), притоа спремен да им удоволи на СДСМ и ВМРО да неминовното голтање на Софиската пилула го ублажат со жолчниот еликсир на албанофобија и мачоистичка компензација.

Матурска во пензионерски дом

Провизорно, преговорите сеуште ќе бидат во домен на владата на Ковачевски. Но во состојба во која лидерите на политиките преферираат да оперираат од илегала и преку прокси-функционери, за очекување е дека процесот и финалниот епилог ќе биде диктиран и заокружен од центрите на моќ, а не центрите на владеење. Дотолку повеќе што новиот состав на владејачката партија ја исцртува доминантната нота на носталгија за минатите времиња. Но како и секоја носталгија, надворешниот шеќерест слој на слаткести мемории за минатата младост е само обвивка околу дефанзивната природа пред налетот на неминовното. Разбирлива е потребата на СДСМ да удира врз тие ноти на меланхоличност, на „ех, што убо се јадеше некогаш”, поточно во деведесетите. Но Македонија го нема тој луксуз во дваесет и втората година на двесет и првиот век, ниту пак внатрешните и надворешните односи се барем приближно слични со состојбите од „старите добри времиња”. Во кои Кристофер влегувал кај Бранко со раце во џеб. А сепак, легитимно право е СДСМ да се обиде да одржи матурска во пензионерски дом.

Мандатарот е затоа во право кога констатира дека е изгубена довербата во институциите. Но враќањето на таа доверба ќе биде едноставно невозможно доколку се форсираат ликовите поради кои и настанала недовербата во институциите. За негова жал, таа недоверба уште повеќе се засилува со општо стекнатиот впечаток за него лично како полуга на минатиот премиер. Наследството на Заев и миразот на Ковачевски е кризата на лидерство кое е прерогатив за стекнување доверба во институциите сведени на акшам-пазари.

Помеѓу јавноста и општеството

Свртувањето на меѓународната кон Пендаровски е затоа повеќе резултат на недовербата во Владата отколку воодушевеност во канцеларијата на Водно. Редицата изјави на Пендаровски дадени во последните неколку недели предизвикаа чудење или одиум на политичката сцена, но во меѓународни рамки тоа се интерпретира како позиционирање за предводење и балансирање на позициите на државата во регионот и пошироко. Поради што може да се очекува да барем во сферата на надворешната политика, Македонија од нашите партнери биде преференцијално третирана како земја со per tempora претседателски систем со јасно дефинирана, легалистичка моќ за носење одлуки за државата.

Други колумни од авторот: Шансата која не смее да се пропушти!

Гневот на Заев и Мицкоски кон изјавите или поставеноста на Пендаровски ја дефинира неговата ахилова пета на внатре-политичката сцена. Вистина, Пендаровски сеуште држи релативно пристоен рејтинг (кој го избезуми лидерот на ВМРО-ДПМНЕ), што делумно се должи на неговата двегодишна пракса на небавење со сопствената работа. Несомнено дека Заев и Мицкоски имаат на располагање доволно ботови, клиентели и „Живаљевиќ бардови” да ја загорчат лимонадата на Пендаровски. Но дали и рејтингот? Вреди да се потсетиме на сличниот пример со покојниот Борис Трајковски. Кој беше обилно и вулгарно шиканиран, напаѓан и исмејуван од речиси комплетното новинарско-интелектуално милје на македонските партии. За по неговата смрт да се разбере дека всушност бил еден од поомилените политичари на Македонија. Упатно е, затоа, да правиме разлика помеѓу терминот „јавност” контролиран од не повеќе од илјада и нешто медиумски платеници и ботови и терминот „општество” кое има поинаков мотив и резон за просудување од „јавноста”.

Ликот кој треба да ја обезбеди таа диференцијација помеѓу јавноста и општеството, особено етно-македонското, е Бранко Црвенкоски како екс-државник, македонски националист, со комитско-партизански бекграунд, олицетворение на длабоката држава и генерално појава на која не може да му се пререкне било каква снисходливост кон Бугарија. Изјавата на неговиот најблизок конфидант Андреј Петров дека „не му се гледа страшно Бугарите да влезат во Уставот” е првиот срамежлив тест за дискрепанцата помеѓу јавноста и општеството.

Ни претстои бурна пролет на соочувања со одлуки. Поволните ветришта за нас ќе траат до крајот на март. За потоа процесот да се оптерети со нови реалности, внатрешни и надворешни. Упатно е низ сиот овој процес да не изумиме дека ова не е спор меѓу два острови во архипелаг, туку меѓу две држави во светот на сеопшта меѓуповрзаност. Што посебно се однесува на носталгичарите од белградскиот камп на дефанзивност кои би сакале да под плаштот на решение и спас за идентитетот обезбедат политичко, економско, медиумско преживување на сопствените десет семејства за барем една деценија плус. Исполнувањето на таа желба најмалку зависи од самите нас, обезвластените. Троа повеќе зависи од Бугарија. И најмногу од спремноста на партнерите заради мир и спокој во регионот да си дозволат увоз на трн во сопствената здрава нога. Падот на Владата на СДСМ укажува дека таква спремност веќе нема.

loading...

english dubbed anime. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 19

watch animes Attack on Titan Final Season (Dub)

english anime That Time I Got Reincarnated as a Slime

sites to watch anime Black Clover (Dub)

Boruto: Naruto Next Generations Episode 228