БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни
ОСМАНИ: ДОГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА СЕ ВЕЌЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА НО НЕ ПРИФАТИВМЕ ПРОТОКОЛИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, И ФРАНЦИЈА ЗАСТАНА НА НАША СТРАНА
ОСМАНИ: ДОГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА СЕ ВЕЌЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА НО НЕ ПРИФАТИВМЕ ПРОТОКОЛИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, И ФРАНЦИЈА ЗАСТАНА НА НАША СТРАНА
(ВИДЕО) БОМБА НА ОСМАНИ: ИЗВОЈУВАВМЕ ГОЛЕМА ПОБЕДА, БУГАРИЈА СЕ ОБВРЗА ВЕЌЕ ДА НЕ БЛОКИРА ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОРИ СО ЕУ СО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, МНОГУ ДОГОВОРИ КАКО СО ФРОНТЕКС СТОЈАТ БЛОКИРАНИ СО ГОДИНИ ПОРАДИ ТОА
(ВИДЕО) БОМБА НА ОСМАНИ: ИЗВОЈУВАВМЕ ГОЛЕМА ПОБЕДА, БУГАРИЈА СЕ ОБВРЗА ВЕЌЕ ДА НЕ БЛОКИРА ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОРИ СО ЕУ СО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, МНОГУ ДОГОВОРИ КАКО СО ФРОНТЕКС СТОЈАТ БЛОКИРАНИ СО ГОДИНИ ПОРАДИ ТОА

Арсовска, Муцунски и Христовски ги отворија новите работни простории на ЈП Градски паркинг – Скопје, граѓаните ќе имаат подобра услуга и побрз сервис за паркинг услугите во градот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на ЈП Градски паркинг, Бојан Христовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска ги отворија новите простории на ЈП Градски паркинг во општина Аеродром.

Новите простории на ЈП Градски паркинг беа неопходни од повеќе аспекти, а највеќе поради обезбедување подобри услови за работа на вработените во претпријатието, како и подобра услуга за граѓаните кои што имаат потреба да дојдат во јавното претпријатие.

Арсовска потенцираше дека во изминатиот период со доаѓањето на новиот в.д директор на ЈП Градски паркинг, Бојан Христовски се работи континуирано на подобрување на услугите за паркинг, реализирано е ветувањето за намалена цена на градскиот паркинг, а се работи и на креирање нови решенија за паркинг места во општина Аеродром, но и во сите останати скопски општини каде што граѓаните имаат потреба од зголемен капацитет на паркинг места. Таа додаде дека новото раководство на претпријатието работи домаќински и се грижи за корисниците, а показател за тоа е приходот од 6 милиони денари во првите три месеци, што само говори за задоволството од страна на граѓаните и намалените цени на паркингот во Скопје.

„Како што знаете од 01 Март 2022 ЈП Градски паркинг – Скопје започна да работи со нови, намалени цени за час паркирање на зонските паркиралишта. Мерката за намалување на цените на паркинг услугите беше дел од моите предизборни ветувања, која ја реализиравме рекорно во првите 82 дена, за да им излеземе во пресрет на граѓаните во услови на економска криза им овозможивме поефтино паркирање од над 20-тина %. Од друга страна, новите намалени цени, за претпријатието донесоа зголемена наплата, за што говори и остварениот приход од 6 милиони денари само во првите три месеци од годината. Тоа значи дека новото раководство работи домаќински. Денес ги претставуваме новите работни простории на канцеларијата Аеродром. Потребата од нови простории се јавува поради лошите работни услови во претходните, а ставајќи ја на преден план грижата за вработените и корисниците, раководството на претпријатието овозможи нови канцеларии со соодветно услови за работа и поголема пристапност за граѓаните”, истакна градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека во периодот што претстои во план е уредување на нови зонски паркиралишта на територија на Општина Аеродром, како и на територија на другите општини, а ќе се работи посветено и да ги реализира сите ветувања согласно програмата. Градот Скопје, општините и јавните претпријатија се отворени за соработка во согласност со програмата и инфраструктурните проекти.
Директорот Христовски истакна дека јавното претпријатие го наследил со големи долгови во висина од 33 милиони денари од претходното раководство, односно парите на претпријатието се трошеле недомаќински и за репрезентација, а најголем дел од средствата биле потрошени во угостителските објекти. Наместо расфрлање на средствата на непродуктивни цели, Христовски додаде дека во претпријатието ќе се отпочне со спроведување на обука за вработените за етичкиот кодекс за однесување во претпријатието, со што ќе се подигне нивото на соработка помеѓу вработените, но ќе се подобри и комуникацијата со граѓаните. Тој посочи дека ваквата пракса на трошење пари на претпријатието нема да продолжи и во иднина, поради тоа што градоначалничката Арсовска, останатите скопски градоначалници и тој како директор се должни да ги реализираат ветените проекти за граѓани и транспарентно да работат во нивна корист.

Во однос на новите работни простории на ЈП Градски паркинг – Скопје, Христовски истакна дека канцелариите ќе бидат на нова локација, односно во зградата на Рударскиот Институт и истите ќе работат секој работен ден од 7 – 21ч, а во сабота од 7 – 13:30ч.

„Во изминатиот период реализиравме неколку средби со граѓаните од повеќе скопски општини, каде што заедно со нив ги лоциравме проблемите со кои што се соочуваат во однос на паркиралиштата. Токму поради тоа започнавме да ги посетуваме општините и да креираме нови решенија кои што ќе бидат од полза на граѓаните, а започнавме и со отстранување на возила од зелена површина, како и дислокација на стари и оштетени возила кои што зафаќаат паркинг места”, додаде Христовски.

Христовски соопшти кои ќе бидат новитетите кои што јавното претпријатие ќе ги спроведе во наредниот период, меѓу кои:

– Кампањата „Пријави – не молчи!”, која што треба да овозможи сигурност на граѓаните. Граѓаните ќе можат сите неправилности или непостапувања да ги пријавуваат на телефонските броеви на јавното претпријатие или лично да достават допис во работните простории.

– Нови информативни табли на сите паркиралишта

– Бележење на паркинг местата – во текот на месец април и мај ќе се спроведе постапка за набавка на бележење, а ќе се врши на новоформирани паркинг површини, но се одвива и реконструкција на постоечките јавни паркиралишта, површини наменети за паркирање- зонско и катни гаражи.

– Набавка на дигитални уреди како дополнување на веќе постоечките, кои се со намена за контрола на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со што ќе се зголеми контролата, а со тоа директно ќе се влијае на зголемување на приходите на претпријатието.

– Обезбедување на вработените и имотот со кој располага и стопанисува претпријатието.

Во минатото, во текот на редовните работни активности на вработените имало повеќе случаи на физички напади насочени кон нив, што во пракса влијаело и на штета на целокупниот работен процес, а во таа насока и на намалување на наплатата на услугите. Оваа новина во ЈП Градски паркинг ќе биде реализирана со цел подобрување на сигурноста во работењето, а со тоа и зголемување на наплатата во специфични услови за работа.

– Набавка на ХТЗ опрема со цел обезбедување на вработените лица со соодветна заштитна опрема.

– Обнова на целото осветлување во катните гаражи „Беко” и „26ти Јули”

– Нови паркомати и дополнителен шалтер за наплата на паркингот во кругот на клинички центар „Мајка Тереза”. Со тоа би овозможиле побрза наплата на паркинг услугите и помал метеж во однос на наплатата.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски додаде дека во поглед на решавање на проблемите со паркирање, како општина се започна соработка со ЈП Градски паркинг – Скопје за отстранување на возила од зелена површина и преместување на неисправни или оштетени возила. Тој истакна дека за таа цел денес ќе се потпише Договор за деловно- техничка соработка со ЈП Паркинзи. Отстранувањето ќе се врши во заедничка соработка со претпријатието, заедно со комуналните инспектори од општината.

„Во соработка со Град Скопје и Општина Аеродром, воведуваме зонско паркирање на неколку локации на територија на општината, за што реализирани се теренски посети, средби со граѓани, а од страна на општина спроведена е и анкета за изразување интерес. Предвидени се локации за организирање на зонско паркирање во делот на стар Аеродром – поточно реонот на левата страна од ул. „Владимир Комаров“, кај Поликлиника Јане Сандандски и реонот долж улицата „Симеон Кавракиров“”, истакна Муцунски.

Со почит,

Град Скопје

loading...

go88 ông đồ cách ăn tiền go88 Tải Go88 - Sảnh game đánh bài đổi tiền thật uy tín

sunwin energy co. ltd