Артан Груби на форумот во Преспа откри детали од животната приказна на лидерот на ДУИ досега непознати за пошироката јавност, ете зошто е Али Ахмети толку ценет кај Албанците на балканот

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на „Prespa Forum Dialog“ организиран по повод манифестациите во чест на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор рече дека тој одиграл многу важна улога во трансформацијата на државата и дека ја направил функционална мултиетничка демократија и ја претворил во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.

– Се сеќавам на насмеаното лице на Ерван, со неговото бело палто и шарениот шал, неколку дена по стапувањето на должност, носејќи шише шампањ со цел да прославиме, и тоа на крајот на декември 2005 година кога нашата земја го доби статусот кандидат за членство во ЕУ, токму како резултат на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Рано утрово, еден телефонски повик од Ахмети, кој денес е тука со нас, го смени говорот што имав намера да го одржам.

Пред точно 37 години, на овој ден, тој беше принуден да замине и да побара азил во Швајцарија и да не го види своето семејство повеќе од една деценија. Откако како студент двапати беше уапсен од југословенската тајна служба по демонстрациите во 1981 година, тој успеа да се спаси од третиот обид за апсење и побегна во Швајцарија од каде ја продолжи борбата за демократија и слобода – рече Груби.

Тој во говорот се осврна и на придобивките од договорот.

– Колку повеќе државата е верна на своите граѓани и кон сите заедници, толку повеќе граѓаните и заедниците се верни на државата. Што изгуби мојата земја од реализацијата на целосната еднаквост за сите нас и од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор? Што изгуби мојата земја со тоа што стана по верна кон сите граѓани? Не изгуби ништо, доби многу. Денес сум горд што ја претставувам својата земја,Северна Македонија, и што ја бранам нашата еднаквост и нашата заедничка цел, се обидувам да докажам дека припаѓаме на евро-американското општество кога станува збор за вредностите. Мојот колега Талат гордо го води Собранието, Бујар раководи со дипломатијата на земјата, Фатмир ги раководи финансиите, најмалку петмина албански играчи гордо го носеа националниот дрес за време на Европското првенство во фудбал, Беса одлично раководи со Врховниот суд – рече Груби.

Тој рече дека Охридскиот договор длабоко ја трансформирал Македонија и дека останува наша sвезда водилка кон иднината.

– Можеби, ако не беше спроведен Охридскиот договор, немаше да биде реализиран ниту Преспанскиот договор. Оваа е причината зошто ги охрабрувам, особено нашите пријатели од регионот да го користат како пример Охридскиот и Преспанскиот договор како примери за да пристапат смело кон споровите што ги имаат, бидејќи смелоста се исплатува и е гаранција за генерациите што доаѓаат – рече Груби.