ТРТ МИЛОЈКО, ГЛАСЕН НА УСТА, СЛАБО НА ДЕЛО - АПАСИЕВ: НЕ БИЛО ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ ПРАТЕНИК, СО КРМОВ СМЕ ПО 10 ЧАСА ВО СОБРАНИЕ И НА КРАЈ НИШТО НЕМАМЕ СРАБОТЕНО
ТРТ МИЛОЈКО, ГЛАСЕН НА УСТА, СЛАБО НА ДЕЛО - АПАСИЕВ: НЕ БИЛО ЛЕСНО ДА СЕ БИДЕ ПРАТЕНИК, СО КРМОВ СМЕ ПО 10 ЧАСА ВО СОБРАНИЕ И НА КРАЈ НИШТО НЕМАМЕ СРАБОТЕНО
Заев со честитка за постигнатата бројка од милион попишани граѓани
Заев со честитка за постигнатата бројка од милион попишани граѓани
МАЛО ГНАСНО ХИТЛЕРЧЕ НЕБАЊАТО- АПАСИЕВ: ГРУЈО ЗГРЕШИ, ТРЕБАШЕ ДА ГО УАПСИ ЗАЕВ И ЦЕЛА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ДА ЈА ЗАБРАНИ И ПИКНЕ ВО ЗАТВОР!
МАЛО ГНАСНО ХИТЛЕРЧЕ НЕБАЊАТО- АПАСИЕВ: ГРУЈО ЗГРЕШИ, ТРЕБАШЕ ДА ГО УАПСИ ЗАЕВ И ЦЕЛА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ДА ЈА ЗАБРАНИ И ПИКНЕ ВО ЗАТВОР!
ЗОКИ И ОЛИВЕР ВО АРАЧИНОВО: КОГА НЕКОИ ПЛАШЕА СО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, НИЕ ВО АРАЧИНОВО ВЕТИВМЕ КАНАЛИЗАЦИЈА И РЕДИЦА ДРУГИ ПРОЕКТИ КОИ ГИ ОСТВАРИВМЕ!
ЗОКИ И ОЛИВЕР ВО АРАЧИНОВО: КОГА НЕКОИ ПЛАШЕА СО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, НИЕ ВО АРАЧИНОВО ВЕТИВМЕ КАНАЛИЗАЦИЈА И РЕДИЦА ДРУГИ ПРОЕКТИ КОИ ГИ ОСТВАРИВМЕ!
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО СОПРУГАТА ЗОРИЦА ВИКЕНДОВ НА СВАДБА ВО КАВАДАРЦИ
ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО СОПРУГАТА ЗОРИЦА ВИКЕНДОВ НА СВАДБА ВО КАВАДАРЦИ
КАКО ШТО ДОЛИКУВА НА ЕДЕН ДЕМОКРАТ, ЗАЕВ ПРИФАТИ ТВ ДУЕЛ СО МИЦКОВСКИ, ЌЕ СЕ СООЧАТ УТРЕ ВО 18.30 ЧАСОТ НА КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА
КАКО ШТО ДОЛИКУВА НА ЕДЕН ДЕМОКРАТ, ЗАЕВ ПРИФАТИ ТВ ДУЕЛ СО МИЦКОВСКИ, ЌЕ СЕ СООЧАТ УТРЕ ВО 18.30 ЧАСОТ НА КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТНИ ПРОЕКТИ ШИРУМ СВЕТОТ ЗА СИТЕ ДОСЕГАШНИ И ИДНИ ПОЖАРНИКАРИ од тимот на MACEDONIAN FIRE WATCHERS
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТНИ ПРОЕКТИ ШИРУМ СВЕТОТ ЗА СИТЕ ДОСЕГАШНИ И ИДНИ ПОЖАРНИКАРИ од тимот на MACEDONIAN FIRE WATCHERS
РАБОТА НА БРОД - ОТВОРЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ПОЗИЦИИ
РАБОТА НА БРОД - ОТВОРЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ПОЗИЦИИ

АСОМ: Европската организација за законодавство за игрите на среќа дава силна поддршка во одбрана на ставовите на нашата асоцијација за измените на законот

Скопје, 30.01.2021- Нема држава во Европската Унија што вовела крајно рестриктивни мерки во игрите на среќа, бидејќи одамна е утврдено дека регулативата дава многу подобри ефекти од каква било забрана, вели во интервју за е-магазин Генералниот Секретар на Европската Организација за законодавство на игрите на среќа, Зоран Пухач.

Тој пред година и половина, на покана на АСОМ присуствуваше на јавната расправа во собранието по предлог измените на Законот за игрите на среќа, бранејќи ги и тогаш и сега ставовите на Асоцијацијата дека ограничување на растојанието на објектите во кои се приредуваат игрите на среќа од училиштата и високообразовните институции, како механизам за заштита на малолетниците, е целосно неиздржано и спротивно на европската пракса.

„Тој аргумент е целосно неиздржан и не изненадува што промоторите на оваа идеја не се повикуваат на некои позитивни искуства или истражувања, бидејќи такво нешто не постои. Од 2005 година ниту една студија во светот за проблемите со обложување кај адолесцентно население не утврдила какво било влијание на позицијата на објектите за игри на среќа во однос на образовните или другите институции. “- вели Пухач и додава дека според долгогодишните искуства на развиените земји, вклучувајќи ја и ЕУ, единствената ефективна заштита на малолетниците е целосна забрана за пристап до објекти во кои се приредуваат игрите на среќа и високи казни за прекршителите.

Зоран Пухач како одличен познавач на законите во ЕУ и пошироко тврди дека Македонија во моментов има одлична регулатива со високи даноци и казни за прекршување на законите и смета дека пазарот е добро регулиран. Според него, со новиот закон, постои опасност за целосна дерегулација на пазарот и укажува на бројните негативни ефекти кои ваквото законско решение ќе ги предизвика.
„Забраната за организирање игри на среќа веднаш ќе создаде црн пазар, кој е целосно надвор од каква било контрола, нема можност за забрана за учество во игрите на среќа на малолетници и нивното учество расте, позајмувањето пари за обложување е во пораст, како и прекршоци и кривични дела. Кон овие директни социјални негативни ефекти врз малолетниците и општеството треба да се додадат и финансиските – загуба на приходите на државата и општеството по неколку основи – загуба по основ на повеќе видови даноци (на игри на среќа, на добивка на компанијата, на плати), губење на работа. “- предупредува Пухач.

Тој е изразува жалење што никој од креаторите на предлогот за далечина не го анализирал искуството и практиката на земјите од Европската Унија. Притоа нагласува колку е важно законските решенија да се носат во консултации со оние кои се најзагнати, односно со оние кои треба истото да го имплементираат.

„Јавната дискусија и дискусијата за правните предлози со сите засегнати страни не е само добра практика и силна препорака на ЕУ за сите што имаат намера да станат нејзини членки, туку и основа на вистинска демократија, чесен однос на власта и народот, но и начин да се постигнат најдобри законски решенија, за добробит на целото општество.“ – заклучува Пухач и додава дека честа и неконструктивна промена на регулатива прелева недоверба кај инвеститорите и во други области, што ги мултиплицира негативните ефекти.

По објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, Асоцијацијата на спортски обложувалници силно се спротивстави на измените на законот. Асоцијацијата е децидна дека ваквите измени се крајно неприфатливи и ќе доведат до целосно затворање на една стопанска гранка, губење на илјадници работни места, огромни загуби за државниот буџет и широко ќе го отворат патот на сивата економија и нелегалното обложување.

loading...

AnimeHeaven: Koi Kaze (Dub) anime episode 13 online free at https://animeheaven.pro anime in heaven

https://aniwatch.pro watch anime free

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime

Watch anime online for free at 4Anime 4anime discord

Godotengine: https://godotengine.org/qa/user/animeflixnl

Pozible: https://www.pozible.com/profile/gogoanimebe