Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден
Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден
БРАВО СКОПЈАНИ: ШИЛЕГОВ ВОДИ ПРЕД ДАНЕЛА СО 15 000 ГЛАСОВИ!
БРАВО СКОПЈАНИ: ШИЛЕГОВ ВОДИ ПРЕД ДАНЕЛА СО 15 000 ГЛАСОВИ!
ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ - Арачиново, Боговиње, Теарце, Липково, Желино, Сарај, Липково и Пласница
ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ - Арачиново, Боговиње, Теарце, Липково, Желино, Сарај, Липково и Пласница
БОМБА ОД КУМАНОВО: ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ ВОДИ СО 2000 ГЛАСОВИ ПРЕД МАКСО
БОМБА ОД КУМАНОВО: ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ ВОДИ СО 2000 ГЛАСОВИ ПРЕД МАКСО
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО УШТЕ 4 ОПШТИНИ, СЕГА Е ВКУПНО 12: ДОБИЕНИ КАРПОШ, ЦЕНТАР, ДЕЛЧЕВО И БОГДАНЦИ
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО УШТЕ 4 ОПШТИНИ, СЕГА Е ВКУПНО 12: ДОБИЕНИ КАРПОШ, ЦЕНТАР, ДЕЛЧЕВО И БОГДАНЦИ
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА И ВО БЕРОВО!
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА И ВО БЕРОВО!
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ОСУМ ОПШТИНИ Освоени Валандово, Дојран, Крива Паланка , Лозово, Струмица, Ресен, Крушево и Бутел
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ОСУМ ОПШТИНИ Освоени Валандово, Дојран, Крива Паланка , Лозово, Струмица, Ресен, Крушево и Бутел
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт

АТАНАС КОСТОВСКИ: Белешки крај телевизискиот екран – ТРИ ВО ЕДНО – Цело е кога има се!

Така беше изминатиот спортски викенд. Милина една да го поминеш денот крај телевизискиот екран… Но да почнеме по ред, зошто од денеска (понеделник 12 јули) се враќаме на секојдневието преполно со соопштенија, реплики и контрареплики од најпознатите македонски куќи, познати како Белата палата и Бихачка…

БОЛИ, ЕПТЕН БОЛИ…

Кај нас Европско фудбалско првенство, кај нив пак Копа Америка. Е кога во финалето се среќаваат Бразил и Аргентина, тоа е вистински фудбалски празник особено ако се игра на најпознатиот светски фудбалски стадион, легендарната Маракана во Рио Де Женеиро. Имало фудбалски господ, ќе речат аргентинците, Лионел Меси ќе ја заврши својата фудбалска кариера со барем еден репрезентативен трофеј, Аргентина победи со 1:0, единстнсствениот гол го постигна Анхел Ди Марија во 22 минута. Меси со 4 постигнати голови е прв стрелец на првенството, а тоа значи и најзаслужен за својот дебитански репрезентативен трофеј…

Верувам по улиците на Рио и во пространиот Бразил не беше толку тажно како во 1950 година кога во финалето на Светското првенство пред 200.000 гледачи на Маракана Уругвај го порази Бразил со 2:1, како сега кога по 70 години големиот фудбалски соперник ќе ви ја скрати планираната радост на своето фудбалско буниште, е тоа ,навистина многу, многу боли… А во Буенос Аирес и насекаде во Аргентина, особено во Розарио, родниот град на Меси, гаучосите танцуваа и пееја до раните утрински часови…Мило ми е за Лео Меси зошто во неговата пребогата клупска кариера преполна со клупските пехари од Барселона, ќе има и еден репрезентативен, веројатно нему и најмил трофеј!…

НОВАК ОСАМЕН НА ТЕНИСКИОТ ОЛИМП

Се селиме на Стариот континент, поточно на најпознатата и најскапата светска трева, на тениските терени на Вимблдон во Лондон.

Во машкото финале без изненадување – првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го совлада италијанецот Матео Беретини со 3:1 (6:7,6:4,6:4,6:3) и по шести пат триумфираше на најпрестижниот светски тениски турнир,

Да беа живи некогашните големи поборнички за женската рамноправност со припадниците на посилниот пол, Клара Цеткин и Розалија-Роза Луксембург, веројатно ќе беа меѓу најрадосните тениски љубители на трибините на лондонскиот Вимблдон! Во изминатиот тениски викенд на најскапата светска трева Ешли Барти и Новак Ѓоковиќ за триумфот во своите конкуренции примија парични награди во износ од по 3.789.990 долари! Така беше и договорено, впрочен така е тоа поодамна во светскиот тениски професионализам.

Почит и капа долу за дамите, Новак, Роџер и Рафа и помладите од нив може колку сакаат да ја бришат пота од своите чела, ама бројките кажуваат дека нивниот тениски финален производ е многу поефтин од оној на Ешли, Катерина, Симона, Серена или Марија. До својот шести трофеј на Вимблдон Новак Ѓоковиќ помина 989 минути, а Ешли Барти 670 минути, а и двајцата примија иста парична награда. За секоја помината минута на Вимблдонската трева Ешли заработуваше по 5.655 долари, а Новак “само “ 3.831 долар! Кој вели дека тенисерите не се вистински џентламени…

Вимболдон 2021 веќе е архивиран, по 11 јули 2021 година светот го доби својот вистински тениски крал, нема категорија во која Новак Ѓоковиѓ не е пред своите лути ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал. Во Вимблдон 2021 стана првиот тенисер кој од награди ја надмина границата од 150 милиони долари, го освои својот 20 –ти грен слем ( Австралија- 9, Вимблдон-6, Америка опен-3, Ролан Гарос -2), на чело на најдобрите светски тенисери денеска ја започнува својата 329 недела, единствен триумфирал на сите 10 мастерс турнири, во меѓусебните дуели и против Федерер (27:23) и Надал (30:28) има позитивен биланс.

Поразениот Матео Беретини искрено призна- Новак беше подобар, тој е голем шампион. Ја пишува историјата на овој спорт, ги заслужува сите честитки!.

Искрено, спортски. Ноле пак додава – одимне понатаму…

ЕВРОПА НЕ ДОБИ НОВ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОН

Помалку разочарани поради поразот на својот најдобар тенисер Матео, Италијанците од Вимблдон се преселија на Вамбли- во 16 то финале на Европските првенста за првпат игра Англија, по четвртипат Италија. Англија по 56 години игра во едно големо финале, тогаш на легендарниот стар Вембли во финалето на СП Англија ја совлада Германија со 4:2, во регуларниот дел 2:2. Сега на новиот Вембли англичаните се уверени дека ќе стигнат и до првата Европска титула. Ја сакаат Европа иако ја наоуштија Унијата…

А на почетокот, веднаш нов рекорд на Европските првенства. Ерупција на трибините на Вебли, само по 1 минута и 57 секундо Лук Шо ја доведе репрезентацијата на Англија во водство од 1:0. Досега најбрз постигнат гол беше оној на шпанецот Перада кој по 5 минути и 17 секунди донесе водство на својата репрезентација против финалето со СССР во 1964 година (2:1). Во второто полувреме Италијанците подобри, со голот на Бонучи израмнија на 1:1 и нарпреварот во крајна неизвесност. Започнаа продолжувањата од 2 х 15 минути, неутралните гледачи на Вембли и милионите крај телевизиските приемници посакуваа пенали.. И беше така, пеналите че решаваат за трофејот. Инаку пеналот, најстрогата казна во фудбалот, е во веден по предлог на Ирците 1891 година,за првпат на финалните натопревари на ЕП беа изведени на југословенската Маракана, во Бе3лград 1976 гподина на средбата Чехословачка-Германија, победија Чехословачка, засекогаш ке остане пеналот што го изведе Паненка.

Англија остана без трофеј, попрецизни од белата точка беа стрелците на Италија, по 1968 та година Азурите по вторпат стануваат Европски шампиони. Заслужено, впрочем играат на теренот на домакините, новиот Вебли не го донесе очекуваното, првата европската титула. Втора титула на Италија, толку имаа и Франција, по тр5ипати триумфирале репрезентациите на Германија и Шпанија, прваци на Стариот континент беа и Советскиот Сојуз, Чехословачка, Данска, Холандија, Грција и Португалија.

Крајот на лондонскиот спортски ден заврши како што прогнозираше Новак Ѓоковиќ, неделната вечер да заврши со италијанска радост…

На Вебли се случи она што досега не го бележи Евровизијата, ова е првпат во една сезона една земја да има победник на Евросонг и на Европското првенствпо во фудбал. Италианите го заслужија тоа…

А сега и една мала прошетка по изминатуите европски фудбалски денови кои според некогашниот претседател на УЕФА Мишел Платини требаше да да бидат “романтичен еднократен настан“ организиран во чест на 60 годишнината од првото Европско фудбалско првенство…

ВАР ИЛИ ПОЛИКОЛОР?

Кај нас варот г е Градежен материјал, асоцира на бела боја, на чистота.,Преведено на фудбалски јазик, тоа би требало да змаќи чист и бел судиски образ! На ова Европско фудбалско првенство варот повеќе ми личеше на поликолор, Англичаните можеби и ќе стигнеа до финалето, но телевизиските снимки секогаш ќе потсетуваат на судиската помош на домакинот на патот кон големото финале…

ШАМПИОНИТЕ БЕЗ ТРОФЕИ…

Беа фаворити, не стигнаа ни до полуфиналето! На традиционалната ранг листа на ФИФА, Белгија и натаму е светска фудбалска сила бр.1 , репрезентацијата на Франција е актуелен светски фудбалски првак, Португалија го започна првенството како Европски првак, Хрватска е суште официјално светски вицешампион… …

ПРВЕНСТВО НА АВТОГОЛОВИ

Хроничарите ќе забеле=ат-на ова првенство се постигнати повеќе автоголови от (11))колку на сите претходните (9)! Интересно, автоголовите зачестија на последните првенства, 2016 гпд, беа постигнати 3, сега 11, во 2004 година-2, а по еднаш сопствената мрежа беше затресена на првенствата во 1976,1996,2000 и 2012 гпдина. За фудбалските аналитичари, интересна домашна задача-на што се должи рекордниот број на автоголови? Можеби на постојаното селење на репрезентациите од стадион на стдион, на големиот притисок кај нфудбалерите на долгата и напорна натпреварувачка сезона која поради корона кризата беше навистина предолга. Можеби поради враќањето на публиката на трибините, многу прашања кои бараат одговори…

РОНАЛДО ГО ДОБИ ПОСАКУВАНОТО

Прерано отиде да се сонча на својата луксузба јахта на Медитеранот, но Кристијан Роналдо ги помести своите постигања на Европските фудбалски првенства на нови, можеби недостижни граници. Одигра 4 натпревари, постигна 5 голови, го напушти друштвото на Мишел Платини засекогаш. Сега Роналдо на завршните натпревари на Европските првенства има одиграно 25 натпревари и постигнато 14 голови, некогашниот претседател на УЕФА и извонредниот фудбалер Мишел Платини е на второто место со 9, а англичанецот Ален Ширер со 7 постигнати голови.

Кристијан Роналдо го собори и рекордот на легендарниот италијански гоплман Буфон кој досега 58 пати го бранел голот на Азури во квалификациите и завршните натпревари на ЕП. Со новите 4 одиграни средби Роналдо стигна до бројот 60, но сеѕште не размислува за репрезентативна пензија…

ГОЛ ОД СРЕДИНАТА НА ТЕРЕНОТ!

На ЕП беа постигнати.146 голови на 51 одигран натпревар, просек од. 2,86 по натпревар. Имаше убави голови, само еден од слободен удар, многу автоголови, но оној на чехот Патрик Шик на средбата Чешка-Шкотска на 14 јуни во Глазгов ќе остане во “долго сеќавање“ на шкотските љубители на фудбалот. Теренот на Хемден паркот е со според димензиите на УЕФА ( 105 х 68) а Патрик Шик ја испрати топката во мрежата на домакините со удар од 45 метри и 44 сантиметри!

ЈА ПОМИРИСАВМЕ ГОЛЕМАТА СЦЕНА

На 16 ЕП кое требаше да се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 година во 11 европски градови на два континента, поради Ковид 19 се одржа од 11 јуни до 11 јули 2021 година, но во архивите на ЅЕФА ќе буде евидентирано како ЕП 2020.За првпат во историјата на завршните натпревари истрчаа и македонските репрезентативни фудбалери. На средбите со Австрија (1:3), Украина (1:2) и Холандија (0:3). Едногласни бевме, не се посрамотивме, но можевме и повеќе! Мала утеха, во вкупната табела не сме последни, зад нас остана сукната репрезентација на Турција. Идеата на поранешниот прв човек на УЕФА Мишел Платини за зголемување на бројот на учесниците на првенството со пшружање на шанса и иа “второлигашките“ репрезентации да се пласираат меѓу 24 те репрезентации на завршните натпревари, извонредно ја искористи нашата репрезентација предводена од селекторот Игор Ангеловски. Риесет денови се гордеевме дека ние бевме таму каде што ги немаше нашите најблиски фудбалски соседи, и тоа е нешто зарем не?

Челниците на ФФМ решија селекторот Ангеловски да го заменат со Благоја Милевски, досегашниот селектор на репрезентацијата до 21 година. Ангеловски му остави на својот наследник “зимница“ од 3 бода од гостувањето во Романија и Германија, дали тоа ќе биде “ветер во грб“ во квалификциите за СП во Катар идната година, ќе дознаеме по есенските репрезентативни натпревари во Скопје.

Во меѓувреме УЕФА размиалува за ново проширување, постои предлог на ЕПП 2024 година во Германија да играат 32 репрезентации! Нова шанса за нашата репрезентација,и, дпбро и ЕУ да тргне по стапките на УЕФА….

ГОРАН ПАНДЕВ-ФУДБАЛЕР НА 21 ВЕК!

Зачекоривме во третото десетолетие од 21 век, но веќе можеме со право да истакнеме кандидатура за македонски фудбалер на 21 век! Конечно тоа е обврска на сите нас кои бевме и сме сведоци на ретките постигања на нашиот фудбалски великан Горан Пандев. Веројатно засекогаш ќе остане единствениот од сите фудбалери на некогашната држава што се викаше Југославија, па и од сите нејзини наследнички, кои во една од 5 те најсилни европски национални првенства постигнал повеќе од 100 голови! Во Италија Пандев постигна се што можеше да се постигне, со Интер, Лацио и Наполи беше победник на националниот куп, а со Интер и италијански, европски и светски клупски шампион! Играше во 7 екипи (Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, и Галатасрај) се уште игра во Џенова, а на 21 јуни 2021 година на “Јохан Кројф“ арената во Амстердам на средбата со Холандија го одигра последниот 122 натпревар за Македонската репрезентација. Стрелец е на првиот македонски гол на ЕП, неговите 38 репрезентативни голови ќе бидат предизвиг за идните наши голгетери.

Да, фудбаерот на 21 век ќе се бира по 79 години, но во овие 21 години, колку што речи и траеше репрезентативната кариера на Горан Пандев,тоа се попстигања што може да ги оствари само извонредно талентиран и, работлив и дисциплиниран фудбалер.

МРТВ-КОНЕЧНО ЈАВЕН СЕРВИС

И новинарската професија виде бел ден од успехот на фудбалерите.ЈНи строгите ковид правила не беа пречка настапот на фудбалската репрезентација во Булурешт и Амстердам да се проследи со голем број новинарски екипи. Верувам дека газдите ќе ги одврзеа кесињата и за втората фаза од превенството, но тоа зависеше пред се од успехот на фудбалерите. Македонската телевизија наврем ги откупи правата од првенството, па сега во архивата на МТВ засекогаш ќе гиу имаме головите на Оандев и на Алиоски од ЕП со коментар на македонски јазик, за разлика на головите од историскатаа победа над Германија од 2:1…Комплименти, серазбир, за комплетната Спортска редакција на МТВ. Многу емисии, ореноси, гости, единаесетте европски градови , домакини на веќе завршеното првенство, ни станаа ногу поблиски од порано. Видовме и слушнавме многу подзаборавени фудбалски работницини …

Големиот проект- Европско фудбалско првенство со учество на македонската фудбалска репртезентација, екипата на МРТВ го изработи на задоволство на сите свои гледачи.

Специјално за Мактел гледаше и бележеше

Атанас Костовски

loading...

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animepahe.cc: Watch Night Is Short, Walk on Girl (Dub) animepahe Episode Full watch animes

Tenchi Souzou Design-bu Special (https://twistmoe.net/m/Kpxq) Episode Full

Website https://animekisa.in: Watch Zegapain ADP animekisa Episode Full anime online

Torgi gov: https://torgi.gov.ru/forum/user/editDone/1437334.page

Network changemakers: https://network.changemakers.com/profiles/113223833513244008040