Во модерната експозитура на Комерцијална банка на приземјето во молот ви се на располагање најсовремените решенија на дигиталниот финансиски свет. Таа е единствената во молот каде 24/7 ви е достапен дигитален сервисен центар за вршење готовински уплати, исплати и менувачки трансакции на банкомат, плаќање сметки за јавни услуги и подигнување извод од трансакциска сметка.
