(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот

Контроверзниот охридски бизнисмен и локален политичар, Нефи Усеини, денеска пцуеше и викаше кон новинарка на телевизија Телма, која го прашуваше за тендерите што ги добила неговата градежна фирма од општината, каде самиот Усеини е советник.

Фирмата Нефи ИК, на која Усеини е сопственик, а неговата сопруга управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија, објави Телма.

Во телефонски разговор за телевизијата, Усеини прво велеше дека тој не е управител на компанијата, како и дека нема конфликт на интереси во случајот со тендерите. По ова, претседателот на локалниот огранок на ДУИ во Охрид почна со тешки зборови, навреди и пцости да ѝ вика на новинарката, која го снимала разговорот.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е, и што ве интересира… Какви конфликти на интереси има тоа со тендерите? И сега ги гласав тие тендерите? Ај *би си мајката, пи*ка ти матер и на тебе и на се, ајде *би се! Да ви *бам се. Немој повеќе да ми ѕвониш, што ти треба има во општина, немој да ми ѕвониш. Ок? “ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма.

Според Телма, Усеини со тендерите користи дупка, односно недореченост во законите, кои велат дека нема конфликт на интереси, доколку управител на фирмата не е самиот функционер.

Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот вчера го ослободи од обвинение за напад на сограѓанинот Спиро Топалоски, кој прво тврдеше дека е нападнат, за потоа да го смени исказот пред судот.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудуваат навредите и пцостите на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кој денеска ги упати кон колешката, дописничка за ТЕЛМА од Охрид, Емилија Мисирлиевски.

Денеска на телефонски поставени новинарски прашања за конфилкт на интерес за тендерите на компанијата на неговата сопруга и одлуките на Совет на општина Охрид, каде што тој е советник, Усеини на колешката Мисирлиевски и возврати на непристоен и крајно дрзок начин, со пцости и навреди кон новинарката.

ЗНМ и ССНМ алармираат дека ваков однос од советниците во локалната власт, кои се избрани и платени од страна на граѓаните, кон новинарите и медиумските работници е недозволив. Потсетуваме дека избраните функционери, како што впрочем се и советниците, имаат обврска за професионален однос кон новинарите и медиумските работници и да даваат отчет за својата работа.

Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос е и директна закана за безбедноста на новинарите, целата професија, што може да води кон самоцензура. Ваквиот однос е и удар на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес.

Апелираме во иднина, претставниците на политичките партии во општините, советниците, сериозно да поработат на односот со новинарите бидејќи токму тие се главната причина за слабото рангирање на земјата на светските индекси за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите. Новинарските здруженија не само што нема да прифатат извинување, туку очекуваме и надлежните институциите да постапат по овој случај, се вели во реакцијата на ЗНМ.

tải sunwin

sunwin

sunwin apk sunwin.apk mới nhất sunwin club

tải sunwin

sun win