СТОПАНСКА КОМОРА: Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мултикризниот период и да продолжат да функционираат
СТОПАНСКА КОМОРА: Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мултикризниот период и да продолжат да функционираат
Бочварски: Преку капитални проекти како водоводот за туристичката населба на Беровско Езеро го развиваме туризмот и локалната економија во Берово
Бочварски: Преку капитални проекти како водоводот за туристичката населба на Беровско Езеро го развиваме туризмот и локалната економија во Берово
НИКОЛОВСКИ: Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
НИКОЛОВСКИ: Нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ
МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: 637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени
МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: 637 санкционирани возачи на мотоцикли, 17 мотоцикли одземени
ОН повикаа на целосно укинување на израелската блокада на Појасот Газа
ОН повикаа на целосно укинување на израелската блокада на Појасот Газа
Димовски – Декер: Интензивните реформи придонесуваат за поефикасни институции во служба на граѓаните
Димовски – Декер: Интензивните реформи придонесуваат за поефикасни институции во служба на граѓаните
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Препораки за заштита на здравјето на населението од високите температури
ОД КАБИНЕТОТ НА МАКРОН ПО ТЕЛЕФОН МУ СЕ ИЗВИНИЛЕ НА ОСМАНИ ЗА УПОТРЕБАТА НА СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ
ОД КАБИНЕТОТ НА МАКРОН ПО ТЕЛЕФОН МУ СЕ ИЗВИНИЛЕ НА ОСМАНИ ЗА УПОТРЕБАТА НА СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ

Бабовски: АХВ ќе потпише меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на БиХ

Во пресрет на “ 2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка” кој утре и задутре ќе се одржи во Охрид, а чиј домаќин е Агенцијата за храна и ветеринарство, првиот човек на Агенцијата, Николче Бабовски, денес оствари работен состанок со Саша Бошковиќ, директор на Канцеларијата за ветеринарство при Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина. Унапредување на соработката во делот на здравствената заштита и благосостојбата на животните, интензивирање на активностите во рамки на регионалната иницијатива за превенција, контрола и сузбивање на болестите кај животните и размена на искуства, се дел од темите на кои се разговараше на средбата.

-Договоривме и досегашната плодна соработка да ја официјализираме со потпишување на меморандум за соработка меѓу двете институции. Очекуваме дека тоа ќе биде основа не само за интензивирање на меѓуинституционалната соработка, туку и за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, истакна Бабовски.

Тој го запозна директорот на босанската Канцеларија за ветеринарство со тековните активности кои ги спроведува АХВ на полето на здравствената заштита и благосостојбата на животните, вклучително и за активностите за сузбивање и контрола на африканската свинска чума и птичјиот грип кои неодамна се појавија во земјава. Од состанокот произлезе заедничка оценка дека унапредувањето на соработката во областа на ветеринарството, размената на идеи и информации и во рамки на регионалната иницијатива за соработка ќе придонесат и за унапредување и интензивирање на соработката и трговијата меѓу двете држави.

Во рамки на билатералната посета на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот на Канцеларија за ветеринарство на Босна и Херцеговина Саша Бошковиќ, посети неколку стопански објекти, меѓу кои и најголемиот извозник на месни преработки во Босна и Херцеговина, компанијата Пекабеско.

Агенција за храна и ветеринарство

loading...