ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје

Бабовски: Националниот ден на Власите, е денот кога се потсетуваме на минатото

Честитка од претседателот на Демократскиот Сојуз на Власите од Македонија Никола Бабовски повод 23-ти Мај Националниот ден на Власите.

23 Мај, Националниот ден на Власите, е денот кога се потсетуваме на минатото, се соочуваме со сегашноста и носиме одлуки за иднината. Оставајќи значајни траги низ историјата на балканските држави, Власите и понатаму ја продолжуваат улогата на конструктивен и прогресивен дел во современите општества.

На овој ден се потсетуваме на славните ликови кои Власите му ги подариле на човештвото. Од Михајло Пупин, научник и пронаоѓач, првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки, Баронот Ѓорѓе Сина кој го изградил мостот со кој ги обединил Будим и Пешта, Никола Думба најголемиот покровител на уметноста во Виена по чија нарачка Јохан Штраус го напишал познатиот валцер “На убавиот син Дунав“ и голем финансиски подржувач на композиторот Рихард Вагнер, до Бранислав Нушиќ врвниот комедиограф, Јован Стерја Поповиќ драмски писател, Стерјо Боздов основачот и првиот декан на медицинскиот факултет во Скопје.

И уште многу други. Влашкиот народ и денес е општествено одговорен и заедно со македонскиот народ, но и другите заедници, активно работат за надминување на сите предизвици со кои се соочува С.Македонија. Ја разбираме економската состојба на нашата држава, но Власите имаат потреба од поголема државна помош за зачувување на јазикот, културата, преку културно уметнички друштва, како и поголема финансиска помош на влашките здруженија кои работат на афирмирањето на влашката заедница.

Од ова зависи иднината на овој народ чиј јазик и култура незабележително исчезнуваат. На 23 Мај 1905 год. во рамките на Отоманската Империја, султанот Абдул Хамид Втори со посебен документ Ираде ги признал Власите како посебен милает со право на отворање на свои училишта, богослужба на влашки јазик.

Токму ова им е потребно на Власите и по 116 години од нивното признавање.

Пораката до влашкиот народ на овој 23 Мај е: “Чувајте го својот јазик, својата култура, традиција и обичаи како бисер во мултикултурниот свет и бидете горди на своето потекло”.

НЕКА Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК!

Демократски Сојуз на Власите од Македонија

loading...

WCOStream Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Digimon Adventure tri. Future (Dub) Episode Full

https://animetv.cc anime websites. Watch Fushigiboshi no☆Futagohime Episode 51