ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

Балканолог од Белгија во интервју за бугарска телевизија: Негирањето на македонскиот јазик е смешно

Универзитетскиот професор и познат балканолог од Белгија, Рајмонд Детрез, зборувајќи за спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека Бугарија не успева да ја објасни својата позиција на ниво на ЕУ, а и дека е прашање дали таа позиција може да се објасни

Во интервју за Бугарската национална телевизија, Детрез, кој е оженет за позната бугарска поетеса и течно зборува бугарски јазик, вели дека во светот има безброј примери на литературни јазици, државни, официјални, стандардизирани јазици кои се формирани врз основа на еден континуум на дијалекти. Како примери ги споменува скандинавските јазици, јазиците на просторите на поранешна Југославија и порачува дека секоја држава има право да си го нарече јазикот како што сака

Рајмонд Детрез, Фламанец од Белгија, универзитетски професор, балканолог, оженет со бугарската поетеса Маја Панајотова, во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ) зборува за спорот меѓу Софија и Скопје, ставовите на Запад за тоа прашање, ги објаснува своите ставови за македонскиот јазик, прави паралели со Скандинавија и екс-југословенските простори, зборува за тоа дали новата влада во Бугарија треба да ја деблокира земјава…

Од интервјуто на Рајмонд Детрез за БНТ

БНТ: Професоре Детрез, постои можност Бугарија идната недела да го симне ветото за почеток на преговори со Северна Македонија. Вчера бугарската влада соопшти дека нема промена во бугарската позиција. Според Бугарија, Албанија може да ги почне преговорите, но не и Република Северна Македонија поради споровите меѓу Софија и Скопје. Вие сте историчар, човек професионално и лично поврзан со Балканот и Бугарија. Како, гледано од страна, изгледа спорот меѓу Софија и Скопје?

„Познато е дека Бугарија не успева да ја објасни својата позиција, но можеме да се прашаме дали таа позиција воопшто е објаснива, особено за надворешниот свет кој не слушнал ниту за Гоце Делчев, ниту за Цар Самоил итн. Тој спор е, навистина, фантастичен, би рекол дури и надреалистичен и жално е што има такви политички последици. Луѓето овде не знаат ниту за Гоце Делчев, ниту сакаат да знаат, ниту се интересираат. И во право се, затоа што има многу поважни проблеми од еден човек починат пред повеќе од 120-130 години. Разбирам дека тоа е важно за Бугарите и за Македонците, но тоа се херои какви што имала секоја нација, но тие, сепак, се малку, како да се изразам, демоде“,

вели Детрез.

БНТ: Во таа смисла, како гледате на спорот за јазикот, македонскиот јазик, бугарски јазик, за националниот идентитет, за нацијата?

„Околу јазикот нема спор дека македонскиот јазик, јас така ќе го наречам, е формиран врз основа на дијалекти што влегуваат во рамките на еден континуум, како што го нарекуваат лингвистите, на дијалекти под кои нели потпаѓаат и бугарските и македонските. Тој однос, како кон јазик на тоа рамниште, станува збор за еден ист јазик. Сепак, во светот има безброј примери на такви јазици, литературни јазици, државни, официјални, стандардизирани јазици кои се формирани врз основа на таков континуум на дијалекти. На пример, скандинавските јазици, југословенските. Сега има хрватски јазик кој… Српски, хрватски, босански, црногорски – сите тие јазици се формирани на истиот континуум на дијалекти. Всушност, секоја држава има право да си го нарече јазикот како што сака. Покрај тоа, тие литературни јазици и македонскиот, функционираат 60-70 години, па и во литературата, образованието, медиумите насекаде, како еден нормален литературен официјален јазик. Да се негира дека има таков јазик, тоа е смешно“, анализира Детрез за Бугарската национална телевизија.

БНТ: Зошто, според вас, историски проблеми меѓу две држави се претворија во критериуми за членство во ЕУ?

„Историчарите може да спорат. И бугарските историчари се во право за одредени работи, според мене не за сите, но и Македонците не се секогаш виновни и тие имаат право. Тоа е спор на академско ниво. Спор меѓу научници-историчари. Политиката е нешто сосема различно. Всушност, јас мислам дека политиката му пречи на решавањето на спорот. Ако Бугарија го крене ветото, ако го тргне тоа вето, односите меѓу Бугарите и Македонците неспорно е дека ќе се подобрат и тој спор ќе може да се реши на полесен начин. Тоа на сила не се прави. Тоа е многу бавен процес во академската јавност во Македонија и самите луѓе треба да се навикнат на мислењето на другите, да разберат што размислуваат другите за тие прашања и тоа така ќе се реши, не со наложување. Тоа вето е контрапродуктивно“,е ставот на Детрез.

БНТ: Последниот период во дискусијата се говори и за фактот дека, според бугарската страна, се одвива процес на дебугаризација. Може ли да зборуваме за такво нешто во денешно време?

„Ако во Македонија има таква политиката, тогаш Бугарите што живеат таму треба да му се обратат на Брисел. Таму има соодветни инстанци кои се грижат за човековите права. Тоа да не минува преку Бугарија, зашто тоа е малку неверојатно. Тие не се жалат во Брисел, а Бугарија се жали поради нив. Сега можеби ќе звучам многу лошо, но ќе прашам – каде се тие Бугари? Има една партија, на Петар Колев, која е основана во 2018 година, во 2020 г. учествува на парламентарните избори и добива 0,38 проценти. Нели тие Бугари кои бараат бугарско државјанство, би требало да гласат за таа бугарска партија во Македонија, ама – не“,појаснува познатиот балканолог.

БНТ: Во Вашата книга, „Историјата на Балканот“ спомнувате дека 70 илјади Македонци земале бугарски пасоши. Според Вас, дали е тоа поради нивното внатрешно убедување дека се чувствуваат како Бугари или попрво затоа што Бугарија е членка на ЕУ?

„Сигурно е дека многумина, не знам колку, тоа го сториле поради своето убедување ама со оглед дека има и Албанци кои одеднаш станале Бугари. Но, многумина го сториле и заради пасошот. Токму поради тоа пак прашувам – зошто тие 70 илјади не гласале за Петар Колев? Гласале, ако добро паметам, 3 500“,одговара Детрез.

БНТ: Крајот на 90-те години изгледаше дека односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија се изгладени. Зошто сега одеднаш повторно се појави тој спор и тоа пред моментот кога Република Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ?

„Се користи од политичарите. Имаше долг спор со Грција. Тој се реши. И двете страни направија отстапки и не е така како се тврди во Бугарија дека тоа го сториле само Македонците. Грција не сакаше во името на државата да постои зборот Македонија. Ама сега се вика Северна Македонија и тоа е отстапка од грчката страна. Така треба да направи и Бугарија – да направат отстапка за да се дојде до компромис или да најдат некоја формулација, постојат такви во политиката, која двете држави ќе можат да ја прифатат“,вели професорот од Белгија.

БНТ: Меркел си замина, а таа многу при срце си ја зема обврската да почнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Очигледно е дека тоа не се случи и сега очекувањата се насочени кон Франција и кон Емануел Макрон. Дали, според Вас, ќе се најде решение? Дали Македонците некогаш ќе станат жители на ЕУ?

„Сигурно ќе станат. Тоа може да трае уште неколку години, но сигурно ќе станат. Јас мислам дека треба да има притисок од ЕУ, затоа што таа идеја дека Северна Македонија и Бугарија треба самите меѓу себе да го решат тој спор и потоа да влезе… Сепак, ЕУ е, исто така, заинтересирана страна, нејзин интерес е да влезе Северна Македонија. Има стратегиски и економски интерес“, анализира Детрез.

БНТ: Често пати спорот меѓу Македонија и Бугарија се смета дека е ист како оној меѓу Фландрија и Холандија. Има ли, според вас, некакви сличности?

„Видете, Фламанците и Холанѓаните се најблиски. Ние имаме многу контакти. Нашите писатели објавуваат во Холандија и обратно. Фламанците сметаат дека нивниот јазик е холандски и тој официјално се вика холандски, иако тие меѓу себе си го нарекуваат фламански. И во Холандија, исто така, го нарекуваат фламански јазик. Ако ние решиме фламанскиот да нема повеќе ништо со холандскиот јазик, на ниту еден Холанѓанец нема да му е гајле за тоа. Тоа си е наша работа. Јас мислам дека тајната на добрите односи меѓу Фламанците и Холанѓаните е дека едните не се заинтересирани за другите и никој не го тера другиот да признае нешто“,смета Детрез.

БНТ: Каде оди балканскиот национализам? Не само во Бугарија, не само во Република Северна Македонија…

„Национализмот на Балканот… Сепак, има една нова генерација која следи што се случува во странство, која имала контакти со странство. Има историчари кои не читаат само литература од 19 век која пишува единствено за национални херои, за национални обиди за приграбување територии, за сето тоа. Доаѓа една нова генерација“,вели Детрез.

БНТ: Бугарија ќе има нова влада составена од четири сосема различни партии. Очекувате ли од нив свртување во однос на тие балкански прашања, решавање на спорот меѓу Софија и Скопје?

„Лично многу се надевам дека тоа ќе се случи. Бугарија сега има исклучителна историска можност да игра важна улога на Балканот. И тоа е да прекине со таа кратка, но изгледа силна традиција, која ја започна Грција и да создава проблеми за историски личности и случување. Што ќе се случи кога Србија треба да влезе, Хрватска што ќе прави? Кога Босна треба да влегува, што ќе прави Србија? Да не зборувам за Косово и Србија. Бугарија може да даде пример и да ја смени целата политика на Балканот“,го завршува Детрез своето интервју за Бугарската национална телевизија

Преземено од 360.мк

loading...

anime stream. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Redo of Healer Episode 8

free anime online JUJUTSU KAISEN

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

One Piece (Dub) Episode 754

To Your Eternity