„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните

БАРМИ, ЗА ЖАЛ ДУРИ И ТИ КАКО УРБАН ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ СИ ПОДЛЕГНАЛ НА АЛБАНОФОБСКАТА ЦРНА ПРОПАГАНДА СО КОЈА СЕ ОЦРНУВААТ АЛБАНЦИТЕ 30 ГОДИНИ

Барми напиша еден чаршкав текст како рекација на мојот текст за споменикот на УЧК во Слупчане, и во целиот текст Македонците се ангели а Албанците се клети црни ѓаволи…

Дали си зборувал со некој од бранителите па да ти раскаже како тепале до смрт Албанци, како врзувале сомнителни и горди и непослушни Албанци со тегови и камења и ги фрлале на дно на езера низ земјава?

Убивавме драг Барми Албанци само затоа што сакаат универзитет на мајчин јазик…

Во 90-тите сведочеше Ристо Пенов како вештачки сме ја прекроиле земјава за лоланите самоупорави да им ги земеме на Албанците, она што го имале од 1945-та па наваму… Дури и единствениот град што успеале да го освојат со избори, а тое е Тетово, грдоначаникот со указ од владата сме го прогласиле за неважечки и сме си поставиле свој човек, македонец, таткото на професорката Рената Десковска?!

За УЧК, мораш да признаеш дека иако имаше проблематични моменти кои се прогласени за воени злосторства, сепак немаше масовно убивање на цивили, што како герилци тие можеа да го користат, да те потсетам што прават Хезболах и Фатах во Израел?! Ета, Ира што правеше во Шпанија и Англија, бомби во автобуси, пазари итн тоа го немаше, Чеченците ставаа бомби во училишта, УЧК тоа не го правеше, но тоа нема никогаш да им го признаеме, затоа Албанците треба секогаш да се клети шиптари нели друже?!

И ние како Македонци имаме споменици на писатели но имаме и на комити, партизани, значи воени херои кои гинеле за нас, зошто да не го имаат тоа право и Албанците друже Барми?

Велиш дека Али Ахмети бил шизофреник, ако е така, немаше да биде лидер на УЧК во Косово а потоа и лидер на УЧК во Македнија, таквите АД ХОМИНЕМ напади се својствени за пропагандата на тахните служби за да се оцрни и омаловажи лиерот на противникот, така и сега Путин е означен за луд, а пак Бајден е излапен и склеротичен, ти текнува Барми?

Велиш Албанците имале права пред 2001-ва. Па тоа е смешно да се тврди. Тие права што ти ги споменуваш беа чиста симболика, Албанците можеа слободно да живеат само во планина и не смееја да припарат во градските средини, немаше ни трага од Албанците во институциите како полицајци, војници, судии, освен по еден двајца за украс.

Еднаш на една средба го прашав мојот пријател Имер Селмани, какво било чувството да растеш во Југославија а потоа и во Македонија каде сите стојат на химна во која се пееше ХЕЈ СЛОВЕНИ а потоа ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ИЗГРЕВА СОНЦЕ НА СЛОБОДАТА; ниту порано ниту сега нема трага до Албанците во нашата химна…

Немој да бидеш слеп друже Барми, пред 2001-ва Албанците беа поробени во својата матична држава и затоа решија да гинат и да се борат, кога немаш право да се избориш за своите права преку системот, ктреваш востание, така било секаде, така било секогаш, имаш сила ти тоа да го разбереш само и ти за жал си жртва на притаената и отворена албанофобија во земјава, во земјава сите се или отворени Албанофоби или притаени Албанофоби, нема трети Македонци за жал, исто е и со Бугарофобијата но тоа е друга тема…

loading...

phần mềm hack tài xỉu go88

sunwin pro plus Sun Win - Cổng Game Bài Macao, Tài Xỉu Số 1 VN tại sunwin cho android