Крешник Бектеши, министерот за економија, денеска пред медиумите откри дека првично Владата одобрила 6 милиони евра за финансирање на работата на БЕГ преку администрирање од страна на АД ЕСМ. Со оваа сума треба да се доплати остатокот од разликата помеѓу реалната и актуелната цена на топлинска енергија од фактурите.
– Кога се оравеа проекциите, беа вклучени ЕСМ, ЕСМ Енергетика, РКЕ. Тоа е искалкулирана сума согласно берзанските цени. Ќе видиме и фјучерсите како ќе се движат за февруари и март и откако ќе ги добиеме понудите, таа сума може да биде и поголема. Но цените очекуваме да бидат помали од тие за јануари, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.
Сумата која синоќа ја овјави Владата од 10 милиони евра за АД ЕСМ, како што додаде Бектеши, е посебна и е наменета за мазут, јаглен и за увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство. Министерот тврди дека АД ЕСМ во моментов има многу повеќе количини јаглен на располагање спооредбено со почетокот на енергетската криза.
– Ккао што ме информира комисијата, јас можам да кажам дека има 250.000 тони јаглен за РЕК Битола, а претходно немаше ни 40.000. И наши и од увоз се количините. Важно е дека имамае 250.000 тони во депонија, рече тој како одговор на новинарско прашање.
Бектеши додаде дека АД ЕСМ денеска треба посебно да информира за договорот кој ќе биде склучен со БЕГ. Владата синоќа го одобри текстот на договорот за деловно – техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права на производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ).
Согласно овој договор БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка.
На истата седница Владата ја донесе и Одлуката за одобрување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија, со која се одобруваат финансиски средства во износ од 615 милиони денари на АД ЕСМ.