Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Бесими ги завршува средбите во Вашингтон со препорака за пристап до ММФ средства, наменети за здрави економии

Министерот за финансии Фатмир Бесими ги завршува Пролетните средби со препорака за пристап до Линијата за претпазливост и ликвидност на Меѓународниот монетарен фонд. Станува збор за финансиски инструмент кој ММФ го доделува единствено на земји со здрава економија, кои имаат позитивни оценки за економските политики и очекувања дека тие ќе продолжат и во иднина, вклучително и макроекономска и финансиска стабилност.

Во услови на глобални предизвици, кога како резултат на војната во Украина, растат ценовните притисоци, а се намалуваат очекувањата за раст на светската економија, овие средства ќе бидат значајна ликвидносна поддршка за нашата економија која има здрави перформанси. Со нив ќе се пружи поддршка за стопанството и граѓаните, односно ќе се насочат кон решавање на ценовната и енергетската криза, поддршка на стандардот на граѓаните и на економијата.

Обезбедувањето на оваа линија е и во насока на заложбите на Владата за финансирање по најниски можни трошоци.

За време на Пролетните средби Бесими најави дека ќе се направи реструктуирање на буџетот. Министерот истакна дека се уште не е дефинирана прераспределбата на средства, но едно е јасно, дека тие ќе се насочат за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на предизвиците кои ги наметнуваат глобалните движења.

Конечните проекции за БДП за 2022 ќе се знаат по завршување на анализите на Министерството за финансии, на кои се уште се работи. Во новите проекции ќе се земат предвид и најновите пролетни проекции на ММФ, кои излегоа пред неколку дена.

Бесими посочи дека на среден рок фокусот ќе биде кон постигнување одржлив економски раст, енергетска сигурност на долг рок, засилени инвестиции во човечкиот капитал, како и спроведување на структурните реформи.

Бесими, во рамки на Пролетните средби, имаше средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како потпретседателката на Светска банка Ана Бјерде и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, но и со Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, и високи претставници на Трезорот на САД. Во рамки на овие средби беше истакнато значењето на евроинтегративниот процес за понатамошниот развој на нашата земја, но и за стабилноста во регионот, како и за можноста за продлабочување на економската соработка и реализација на нови проекти во соработка со УСАИД и со Амбасадата на САД во земјава. Министерот на средбата со претставниците од Трезорот на САД ја истакна и важноста од потпишувањето на Договор за заедничка промоција и заштита на инвестициите, со којшто би се овозможило зголемување на приливот на странските директни инвестиции од САД во нашата држава.

loading...

sunwin - go88 play go88 cc Link Vào Tải Game GO88 Không Bị Nhà Mạng Chặn

kinh nghiệm đánh tài xỉu sunwin