Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

Бесими: Не се предвидени нови даноци, Буџетот за 2022 е проектиран на постојниот даночен систем

Буџетот за 2022 година е проектиран на постојниот даночен систем и не се предвидени нови даноци или даночни оптоварувања за граѓаните, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Не е предвидено зголемување на даноците, ниту за покривање на енергетската криза затоа што, како што истакна Бесими, во Буџетот се обезбедени околу 130 милиони евра за оваа намена, односно 10 милиони евра кои ќе и бидат префрлени на ЕСМ за докапитализација, 30 милиони евра кои ЕСМ или друга енергетска компанија може да ги искористи од програмата за зелен развој, како и дополнителни 90 милиони евра од програмата за антиковид или други кризи.

Нови даноци не се најавуваат ни со Стратегијата за реформа во даночниот систем, за која денеска разговараше со директорката на УЈП. Целта е да има поголема праведност во одданочувањето, поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, зголемена даночна транспареност, подобар квалитет на услугите и воведување еколошко одданочување. Во првата половина на годинава најавен е и иклузивен процес со сите засегнати страни.

Инаку, минатата година има нафрлање над проекциите во наплатата на даночните приходи и придонеси. Реализацијата е за два проценти повеќе од планираното. Ова, според министерот, дава сигнал дека економијата се опоравува и очекува дека ќе се остварат проекциите за 2022 година, а 2021 година ќе заврши согласно предвидените проекции. Како резултат на подобрата наплата на даноците, намален е и буџетскиот дефицит.

– Само врз основа на подобрата наплата на даноците, буџетскиот дефицит е намален за 0,5 проценти од БДП. Затоа сакам да укажам дека тоа што се прави во делот на реформите во УЈП за да се добие поправичен даночен систем значи подобра економија, подобар стандард и подобра квалитет на живот. Затоа годината ја почнуваме со средба во УЈП, изјави Бесими.

Во делот на приходите во периодот јануари-декември 2021 година собрани се 89 милијарди 617 милиони денари што е за 17,89 проценти повеќе во однос на 2020 година, а само во декември собрани се 8 милијарди 816 милиони што е 8,5 проценти повеќе во споредба со декември 2020 година. Кај социјалните придонеси во периодот јануари-декември собрани се 84 милијарди 524 милиони денари.

Во однос за мерката субвенционирање за повисоки плати, која започна да се применува од октомври 2019 година до декември истата година, ја искористиле 10.500 компании за 57 илјади вработени во просек, додека во 2020 година во просек оваа мерка ја искористиле 23.900 компании за 120 илјади вработени. Изминатата година, во периодот јануари октомври мерката ја искористиле 24.400 компании за 134 вработени.

loading...

watch anime dub. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven That Time I Got Reincarnated as a Slime

AnimeHeaven Attack on Titan Season 3 Episode 7

anime online Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone Episode 3

anime stream DARLING in the FRANXX