Утре , понеделник, 26-ти јули, продолжува теренската вакцинација во неколку населени места
Утре , понеделник, 26-ти јули, продолжува теренската вакцинација во неколку населени места
34 ГОДИШЕН АМЕРИКАНЕЦ КОЈ НА ФЕЈСБУК ГИ ИСМЕВАШЕ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД, УМРЕ ОД КОВИД
34 ГОДИШЕН АМЕРИКАНЕЦ КОЈ НА ФЕЈСБУК ГИ ИСМЕВАШЕ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД, УМРЕ ОД КОВИД
Филипче: Нема ниту еден починат од Ковид кој примил две дози вакцина
Филипче: Нема ниту еден починат од Ковид кој примил две дози вакцина
ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДИНКА ВО НОВА БИТОЛА
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
Мерењата за бучава продолжуваат и наредните денови – уште два угостителски објекти со Решенија за преземање мерки за намалување на гласноста
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
(ВИДЕО) Македонската авангардна музичка сцена доби ново име – проектот „Луциден сон“ го промовираше својот деби сингл – „Немирно време“
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
СКОПЈЕ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВА 58 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП САШКО НИКОЛОВ СПАСИ ДАВЕНИК НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА

БЕСПЛАТЕН ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

(Скопје, 18.5.2021) Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, потпиша Меморандум за воспоставување соработка со Санте Плус Хоспитал Груп, каде што ќе се обезбедат бесплатни услуги за офталмолошки прегледи за учениците што ќе се запишат во прво одделение во основните училишта во Општина Центар во учебната 2021/2022 година.

„Би сакал да му се заблагодарам на целиот тим на Санте Плус Хоспитал Груп кој ја препозна потребата и ѝ даде поддршка на нашата иницијатива. Со потпишувањето на овој Меморандум за соработка ќе обезбедиме бесплатни офталмолошки прегледи за околу 600 првачиња што треба да се запишат во општинските училишта во Центар, а родителите ќе ги ослободиме од дополнителен трошок за здравствени прегледи. Нашата соработка ќе продолжи и во наредниот период за да се реализираат проекти што се во интерес на здравјето на нашите ученици“, изјави Богдановиќ.

Во новиот Закон за основното образование е предвидено при упис во училиште да се доставува и потврда за офталмолошки преглед бидејќи раниот скрининг и детекција на оштетување на видот значително може да го помогне третманот и во одредени случаи да спречи целосно слепило.

„Ја поздравуваме и со задоволство ја поддржуваме иницијативата на Општина Центар. Ние, како општествено одговорна компанија, ќе обезбедиме бесплатни офталмолошки прегледи за сите деца што треба да се запишат во прво одделение на територијата на Општина Центар“, наведоа од Санте Плус Хоспитал Груп.

Уписот на ученици во прво одделение во општинските основни училишта ќе трае до 31 мај. Покрај потврдата за офталмолошки преглед, родителите треба да достават и потврди за вакцинален статус и извршен стоматолошки преглед, како и лична карта од родител. Родителите ќе можат да ги достават потребните документи со физичко присуство или електрoнски преку официјалната веб-страница www.uslugi.gov.mk

loading...

GoGoAnime anime: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

AniWatch anime websites: Tokyo Ghoul (https://aniwatch.pro/m/3kL) Episode 12