(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

БЕСРАМНА ЛАЖЛИВКА – И по 82 дена, Данела Арсовска не ги исчисти сите диви депонии низ Скопје [галерија]

Расфрлан отпад на кејот на Вардар во Карпош 4; Фото: Мета.мк

Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминуваат во петок на 28 јануари, што беше и повод за Мета.мк да го провери на терен исполнувањето на едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања за последните локални избори – чистењето на сите диви депонии во Скопје.

Ставањето крај со дивите депонии во Скопје градоначалничката Арсовска во неколку наврати го потенцираше во предизборната кампања за локалните избори, па така на 10 октомври лани Арсовска изјави:

„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, стои во објавата на социјалните мрежи што ја пренесоа повеќе македонски медиуми.

Навистина, Градот Скопје периодов вложи напор, но и испрати неколку соопштенија до медиумите во повеќе наврати за чистењето на неколку локации низ главниот град. Последна од дивите депонии што беше исчистена од градските власти е кејот на реката Вардар кај железничкиот мост, меѓу населбите Горно Лисиче и Трубарево. На оваа локација беа собрани 4.000 кубни метри отпад и градежен шут на површина од 13.000 метри квадратни.

„Во Скопје досега се исчистени повеќе од 120 мапирани диви депонии. Тие се мапирани и исчистени и се преземаат активности за да се спречи понатамошно креирање на депонии на овие места. Има засилен инспекциски надзор и се разбира големи казни за тие што не го почитуваат законот“, се наведува во одговорот што Градот Скопје пред десетина дена го достави до Мета.мк на нашето прашање за чистењето на дивите депонии во главниот град.

Во меѓувреме, чистењето на дивите депонии продолжува на неколку локации низ скопските општини, но екипата на Мета.мк се одлучи на 25 јануари да направи обиколка на дел од критичните локации низ Скопје и да провери дали истите се исчистени од страна на градските власти.

Првата локација што ја посетивме беше кејот на реката Вардар во населбите Карпош 3 и 4. Пронајдовме барем неколку локации на коишто се исфрла првенствено градежен шут, којшто не е исчистен. Првата локација со градежен шут се наоѓа веднаш спроти градилиштето на новиот мост, што треба да се изгради како продолжение на улицата Љубљанска. Воедно, на уште една помала депонија наидовме крај булеварот Илинден меѓу бараките и новоизградените згради што гледаат кон реката Вардар, но и на местото на кое треба да се изведе долговетуваниот парк за жителите од општина Карпош.

Всушност, локацијата на паркот што треба да се изгради на потегот од објектот на ЈП „Водовод и канализација“ до спортските игралишта, долж кејот на Вардар, е претворен во неколку помали диви депонии. На терен може јасно да се забележи дека локацијата е повеќе пати чистена од отпад, но несовесни лица очигледно продолжуваат да трупаат ѓубре на ова место во Карпош.

Нашата прошетка ја продолживме кон населбата Визбегово, по патот којшто води од Визбегово кон Шуто Оризари. Целокупниот простор што се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Бутел и Шуто Оризари под надлежност на Градот Скопје и општина Чучер Сандево, која што потпаѓа под Скопскиот плански регион. Ваквата поставеност на локацијата е „идеална“ за расфрлање на огромни количества отпад, бидејќи со години наназад општинските власти си ја префрлаа одговорноста за тоа кој треба да го исчисти теренот.

Целиот пат, штом се излезе од Визбегово кон Шуто Оризари, од левата и десната страна е преплавен со најразлично ѓубре во огромни количества – градежен шут, остатоци од мебел, комунален отпад и огромни вреќи со неидентификувана содржина. Вдолж патот, наидовме на локација каде што се исфрла отпад, на која граѓанин од Визбегово собираше стари пластични шишиња за да ги однесе на продажба како селектиран отпад.

Граѓанинот, којшто сакаше да остане анонимен, ни рече дека расфрланиот отпад се носи од Шуто Оризари и се исфрла на локацијата. Екипата на Мета.мк помина и низ оваа скопска населба, при што навистина забележавме дека контејнери поставени од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ нема, иако оваа скопска општина е дел од Градот Скопје.

Инаку, расфрланиот отпад кај Визбегово се чистеше во неколку наврати и во минатото со државни средства додека градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, но од состојбата на терен, очигледно е дека во моментов не е пронајдено систематско решение за проблемот со управување на отпадот во Шуто Оризари.

Екипата на Мета.мк го продолжи снимањето на теренот од населбата Бутел кон Смилковското езеро, коешто исто така е локација што потпаѓа под територијата на Градот Скопје. Патниот правец што оди паралелно со скопската обиколница меѓу Бутел и Смилковско езеро е претворен во една огромна дива депонија со најразличен отпад. На терен не може да се забележи никаква интервенција на властите за отстранување на отпадот, а од големите количества на расфрлано ѓубре отежнато е и движењето на возилата на овој патен правец. На терен забележавме расфрлан отпад сè до Смилковското езеро.

Од нашиот увид на терен, забележавме дека градските власти ќе треба да поработат на поставување контејнери за комунален отпад и во населбата Топаана во општина Чаир. На оваа локација граѓаните фрлаат отпад на самата главна улица во населбата и не можат да се забележат контејнери на ЈП „Комунална хигиена“. Оттука, скопските градски власти ќе мора да го решат проблемот со собирањето на отпадот за овие жители од Топаана.

Нашата обиколка низ Скопје ја продолжиме на сообраќајниот полигон под Амбасадата на САД во општина Центар. Градските власти на улицата Лазар Личеновски засадиле нови дрвја за да се спречи фрлањето отпад од несовесните лица, но состојбата на терен покажува дека ридот под американската амбасада продолжува да биде „украсен“ со расфрлано ѓубре. Гледано од левата страна на реката Вардар од кај фудбалскиот стадион, ѓубрето што може да се забележи на ридот под амбасадата го прави Скопје да наликува повеќе на африкански отколку на европски главен град.

Дополнително, на сообраќајниот полигон кај Скопското кале наидовме и на расфрлан најразличен отпад, но во помали количества. Тука сретнавме и еден куфер којшто го изгубил својот сопственик, запалена фотелја, искршен чадор и цели троседи во кои можат да „уживаат3 граѓаните што учат да возат.

Од обиколката што ја направивме на 25 јануари 2022 година низ Скопје, може да се заклучи дека дивите депонии не се целосно исчистени. Огромна работа ја чека скопската градоначалничка особено на локациите меѓу Визбегово и Шуто Оризари, како и на потегот од Бутел кон Смилковско езеро. За поздравување се веќе исчистените диви депонии низ скопските општини, но Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ мора да вложат многу поголем напор во иднина за чистење и на другите локации.

Мета.мк со години наназад пишува за проблемот со дивите депонии низ Скопје и активно ја следиме оваа проблематика, особено поради фактот што ваквите нелегални ѓубришта се палат и го загадуваат воздухот коишто го дишат граѓаните. Во периферните скопски населби, ЈП „Комунална хигиена“ ќе мора да постави многу повеќе контејнери за фрлање отпад, но и редовно да го собира ѓубрето со истата зачестеност, со која што го прави тоа во урбанизираните делови од градот во Карпош, Центар и Аеродром.

Воедно, скопските градски власти на критичните локации коишто се чистат, а на кои потоа продолжува да се фрла ѓубре, ќе мора да изнајдат начин за да постават видео надзор којшто ќе ги снима несовесните граѓани што ја загадуваат животната средина. Покрај камерите за снимање на теренот, на локациите на кои се фрла отпад мора да се постават пречки – бетонски бариери, столпчиња и други барикади со коишто ќе се спречи пристапот со возила до локациите каде што се фрла отпад. Доколку Градот Скопје сака, ова може да го направи на неколкуте локации меѓу Визбегово и Шуто Оризари, но и на исчистената локација кај Железничкиот мост меѓу Лисиче и Трубарево.

Конечно, Градот Скопје ќе мора да ја доекипира нивната инспекциска служба со дополнителен број на инспектори, дронови и друга соодветна опрема, со коишто ќе можат деноноќно да вршат контрола врз критичните локации претворени во диви депонии. Од обиколката на терен, очигледно е дека казнувањето и постојаното присуство на терен е уште една мерка што би можела да го спречи натамошното создавање на диви депонии во Скопје.

Целата галерија на овој линк.

loading...

mã code go88

code tài xỉu sunwin SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu sunwin stevia international