Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

Битиќи: Целосно се согласувам со барањата на СОНК, луѓето што се влезени во политика не покажуваат разум кога треба, имаме многу неразумни однесувања

Ако не беа антикризните мерки и начинот како се носеа, последователно во циклуси од два-три месеци, негативниот ефект и од ковид-кризата и од енергетската криза ќе беше многу поголем, оценува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за МКД.мк. Како слаба алка во нивното спроведување ги посочува одредени чинители во Собранието. Најавува реформа на Македонски пошти со јавно-приватно партнерство, бидејќи, според него, државата се покажа како лош менаџер во изминатите 30 години. За случајот со министерот Тупанчевски вели дека не е најголем грев да отидеш со пријател на фудбалски натпревар, туку треба да видиме дали системот генерирал привилегија што ја има само тој наспроти другите.

Вие сте дел од тимот за реформи на Македонски пошти. До каде се активностите околу физибилити-студијата или сѐ застана? Особено што сега најавува и штрајк на вработените во Македонска пошта.

– Минатата година се работеше на физибилити-студија, беше ангажирана една екипа што има сродни искуства во преструктуирање на пошти и тимот што ја работеше е истиот што го направи преструктуирањето на Хрватска пошта. Кога почнале, таа била еден од најголемите загубари, а сега, по пет години, е една од најдобрите државни компании. Во студијата има неколку препораки и тие гарантираат дека во петгодишен период Македонски пошти ќе бидат иста слика како Хрватската.

Инаку, нашата пошта сега годишно генерира отприлика три милиони евра загуба. Замислете наназад 15 години колкава била загубата. Моделите што се нудат се различни, но оптималниот модел е јавно-приватно партнерство, со тоа што приватниот партнер би влегол во одреден период од 10-15 години и после се повлекува и државата си продолжува да ја води фирмата.

Јас сметам дека тој модел е најдобар, но треба пред владата да дојдеме со презентација на студијата. Сега сме во фазата пред презентација во Владата. Знам дека кога зборуваме за преструктурирање секогаш викаат „сега ќе бркате луѓе“, но тоа не е вистина. Ќе има оптимизација на работните места, а таму и онака бројот се намалува. Сега има вкупно 2.280 вработени, а само оваа година одат 67 во пензија. Тоа не значи дека со новиот модел тие треба да ги надоместиш, туку од постојните ќе треба да се постават на различни позиции.

Друг податок како доказ дека бизнис-моделот не функционира е фактот дека постојната систематизација има преку 230 работни места. Со новиот модел во прва фаза треба да има отприлика 60 работни места, во втората 39 работни места. По систематизација. Ако по систематизација имаш 230 работни места предвидени, кога ќе се мултиплицира со број на работни места, се доаѓа до бројка што не е оптимална.

Зошто државата не го направи тоа досега?

– Затоа што државата покажала во изминатите 30 години дека е слаб менаџер. Нема капацитет за да води ни јавно претпријатие ни акционерски друштва, потоа не инвестираат за да бидат во тек со иновации и трето, за Пошта во овој момент да се „врати“ и да биде како што треба, потребни се 15-20 милиони евра инвестиции. Не можеме да ја убедиме јавноста дека треба нивни пари 20 милиони евра да внесеме во Пошта за можеби да почне да функционира така како што треба. Затоа што Пошта не докажала дека може.

На средбата со синдикатите имав едно просто прашање: „Колку од вас во последните 10-тина години имате искористено поштенска услуга?“ Сите ме гледаа бледо и прашуваат зошто им го поставувам тоа прашање. Велам, вие сте најповикани, бидејќи вие немате искористено поштенски услуги, а замислете другите граѓани. Затоа што ги нема. 2.280 луѓе секоја година произведуваат 3 милиони евра загуба апропо зголемувањето на платите. 3 милиони евра загуби правите, ви даваме пари од буџет за да ги намалите загубите, а сега барате дополнително пари за зголемување на платите, што ќе значи уште 1,5 милиони евра дополнително зголемување на загубата. Која е бизнис-логиката?

Затоа ќе одиме со моделот на јавно-приватно партнерство, ќе се обидеме како влада да најдеме сериозен партнер. Приватниот партнер не значи приватна компанија, може да значи и државна компанија, може да биде Словенечки пошти, Хрватска пошта, Австриска, Германска пошта. Ќе влезе за да го донесе бизнис-моделот.

Линк до целото интервју на МКД.МК

loading...

ric go88 go88 bản chuẩn go88 mới

tại sunwin về máy sunwin ăn tiền nạp tiền sunwin