Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

Битиќи на Делфи форумот: Нашата земја е подготвена, време е Европската Унија да ги тргне препреките на нашиот европски пат

Денеска вицепремиерот Битиќи како дел од Делфи форумот се обрати на панелот „Југоисточна Европа – Западен Балкан: Стабилност или фрикција“, заедно со посебниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, Курт Вокер, специјалниот претставник на САД и Марко Чадеж.

Вицепремиерот Битиќи се осврна на договорот од Преспа, посочувајќи дека тој покажа начин на решавање на конфликти или несогласувања, кој треба да биде пример.

„За нашите две земји веќе носи напредок, веќе започнавме со реализирање на интерконекторот за гас помеѓу Северна Македонија и Грција, како и терминалот и гасната централа во Александруполи. Ова се значајни проекти кои значат, прво диверзификација на пазарот со енергенси за нашата земја. Ова во моментов сите гледаме и сфаќаме дека е неопходно ако гледаме што се случува со енергетскиот пазар во Европа, а е предизвикано од воената агресија на Русија врз Украина“, рече вицепремиерот Битиќи.

На прашањето за регионот и справувањето со ковид кризата, вицепремиерот Битиќи посочи: „Борбата со ковид забрза некои процеси кои ни беа неопходни и кои можеби требаше да ги започнеме порано, но тоа сега не е важно. Она што сите го гледаме во моментов е регион кој соработува. За жал, сѐ уште на Западен Балкан мешаме политика во економија и на тоа треба да работиме, за да ги разграничиме двете. Место да попречува, политиката или политиките кои ги водиме треба да ја унапредуваат економијата“, додавајќи „Јас сакам секогаш кога мислам и зборувам за ковид кризата да ја нарекувам предизвик, а не проблем, бидејќи проблемите бараат конфликт, а предизвикот соработка и помагање, што ние го направивме, затоа и успеавме да пребродиме и да се избориме со предизвиците, заедно“.

На последното прашање, како ја гледате иднината на регионот, вицепремиерот Битиќи одговори: „Целосно интегрирани во Европската Унија, со цврсти синџири на набавки кои не се зависни од далечните источни пазари, со силни економии кои носат добар живот за нашите граѓани“, дополнувајќи „Нашите земји посветено работат за да ги постигнат европските стандарди, но време е да се тргнат пречките на нашиот европски пат, подготвени сме“.

loading...

go88 apk ios

nhóm zalo sunwin sunwindy tải sunwin apk