Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ЧИСТА УШТЕ ВО ПРВАТА НЕДЕЛА Кондовски рече дека загадувањето ќе го решава со серија мерки

Сигурно нема да чекам како противкандидатот Коњановски четири години за да го решавам проблемот со загадувањето само со топлификација и гасификација. Напротив, ќе преземеме и серија други мерки уште од првиот ден, изјави вечерва во „Топ тема“ на Телма кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалициските партнери, Христо Кондовски.

– Секако дека на процесот на гасификација и топлификација ќе работиме секојдневно, но и на решавање на загадувањето ќе работиме уште од првиот ден таму каде има услови за работа, а тоа е промена на сообраќајните решенија, изградба на вело патеки, така што луѓето ќе користат повеќе велосипеди, наместо автомобили. Секако дека ќе направиме еден пооптимален градски превоз со помали возила. Тоа ќе бидат електрични и хрибридни возила кои ќе минуваат почесто и нема да вршат загадување. Секако дека ќе извршиме субвенционирање уште од првиот момент на такси возилата за да преминат на електричен и хибриден погон – рече Кондовски.

Тој посочи дека особено ќе се засили работењето на комуналните служби во градот.

– Ќе обрнеме внимание на ефикасноста на јавното претпријатие Комуналец. Битола има да биде чиста уште во првата недела. И на тој начин загадувањето ќе се намали во еден сегмент. За секој метар квадратен бетон ќе има метар квадратен зеленило – рече Кондовски.

Тој додаде дека посебен акцент ќе се стави и на мерките за енергетска ефикасност.

– Ќе субвенционираме енергетски ефикасни фасади уште од првиот ден. Ќе се намали потрошувачката на електрична енергија. Ќе субвенционираме инвертер клими. Не можеме да чекаме четири години само за да ги работиме гасификацијата и топлификацијата, туку уште од првиот ден овие работи ќе бидат во симбиоза со цел намалување на загадувањето во Битола. И тоа ќе го мериме со субвенционирани мерни станици. Јас и како приватник сум субвенцинирал такви мерни станици за да го мериме загадувањето и секако дека објективно на секој 15-ти во месецот ќе даваме извештај во делот на работењето на општинската администрација, исполнувањето на програмата на градоначалникот и во делот на загадувањето затоа што тоа претставува наша обврска – рече Кондовски.

loading...

go88 casino go88 play go88 hướng dẫn nạp tiền go88

kinh nghiệm đánh tài xỉu sunwin