Еве што збори чаршијата во Битола, овие информации засега не се потврдени и се на ниво на шпекулација.
Кандидатот Тони Коњановски на коалицијата ВМРО ДПМНЕ за Битола заедно со неговиот брат Зоран Коњановски додека е Министер за Одбрана во тогашната влада предводена од Никола Груевски добиваат на подарок 18 хектари земјоделско земјиште од 1 ва класа во атарот на селото Прељубље општина Ресен. Земјоделското земјиште го добиваат на две фирми каде на едната како скриен сопственик се јавува Тони Коњановски, на другата скриен е брат му Зоран министерот тогашен, како заеднички управител на двете фирми се јавува внукот на Тони извесен Александар.
Од 2012 година во тогашното Министерство за Земјоделие добиваат на подарок 30 илјади корени на црешна, каде во работна акција на АРМ војската ги сади црешите на плантажите на браќата Коњановци. За цело време сите години двете фирми добиваат на име на субвенции од М.З 1 милион евра фантастична сума за 16 хектари земјоделско земјиште???
Од 2017 година браќата Коњановски преку фамозниот управител Александар ја продаваат едната фирма која е на Тони на жител на Арачиново поточно отуѓуваат 7 ха со овошен насад цреша за фантастични 6 милиони евра во време кога е на ВЛАСТ СДСМ.
Според одлуката на Владата за доделување на земја фамилијата Коњановски немала право да го отуѓува земјиштето бидејки не платило ништо на име на закуп и ако се пресметаат субвенциите кои ги добиле низ годините од државата тие 10 милиони евра се стекнале на грб на битолчани, поточно кандидатот Тони Коњановски е побогат за толку пари на криминален начин!