Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

Бизнисмените од МАТТО на средба со вицепремиерот за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, се дискутираше за проблемите предизвикани од пандемијата и кризата во Украина, а со кои се соочува државата и приватниот сектор

Во вторник, 29.03.2022 година на седницата на УО на МАТТО гостин беше заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г-дин Фатмир Битиќи.

Целта на гостувањето на вицепремиерот Битиќи беше членките на МАТТО директно да се запознаат планираните економски активности на Владата, да се разговара за тековните деловни процеси во државата, реформите и економските антикризни мерки на Владата кои се од особено значење како за нашата комора, така и за идните инвеститори од Република Турција. Исто така, на оваа заедничка средба на МАТТО и вицепремиерот Битиќи беше планирано и да се утврдат начините и можностите за уште поголема соработка на нашата комора со Владата на Р.С.Македонија во насока на подoбрување на економската состојба во државата и продлабочување на економската соработка на компаниите од Република Турција со Република Северна Македонија.

Претседателот на УО на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски ја отвори седницата и во своето поздравно обраќање најнапред му се заблагодари на вицепремиерот Битиќи за одвоеното време и накратко го запозна со работењето на комората. Претседателот го информираше вицепремиерот дека МАТТО веќе 15 години ги застапува интересите на инвеститорите од Република Турција во нашата земја, континуирано ја промовира Република Северна Македонија пред потенцијалните турски инвеститори, како и пред инвеститорите во трети земји каде што веќе е застапен турскиот капитал.

Претседателот на УО на МАТТО, г-дин Адемоски исто така го информираше вицепремиерот дека турските инвестиции во Република Северна Македонија учествуваат со 35% од вкупните странски инвестиции во земјата, а целта на МАТТО е да даде придонес кон двојно зголемување на инвестициите во следниот период. Иако трговска размена во периодов е околу 700 милиони долари, нашата тенденција, истакна г-дин Адемоски е најпрво да дотигнеме трговска размена до 1 милијарда долари и потоа многу повеќе. За да ја реализираме оваа тенденција за поголем економски напредок на нашата држава постојат повеќе механизми, а еден од овие механизми е и можноста за користење на кредити во износ од 550 милиони долари кои Турската Егзим Банка ги има одвоено за Македонија, додаде претседателот Адемоски.

За реализација на уште поголем економски напредок, зголемување на трговската размена, како и привлекување на нови инвеститори, ние како држава пред сè мораме под итно да ја надминеме една од главните препреки за која МАТТО веќе подолг период укажува, а тоа е ажурирањето на договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција. Нешто за што исто така се обидуваме веќе подолго време да најдеме решение е поврзано со слободната зона во Гевгелија, која преку моделот на јавно приватно партнерство очекуваме да биде доделена на МАТТО, а за нејзино активирање би можеле да бидат искористени средствата од Турската Егзим Банка, истакна г-дин Адемоски.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г-дин Фатмир Битиќи ги поздрави сите присутни и ги изрази своите очекувања од оваа заедничка средба, да се дискутира за проблемите предизвикани од пандемијата и кризата во Украина, а со кои се соочува државата и приватниот сектор.

На почетокот, вицепремиерот Битиќи информираше за состојбата со Буџетот на државата при што истакна дека благодарение на приватниот сектор во февруари има зголемување од 25% по основ на сите приходи, додека пак вкупниот пораст во јануари 2022 година изнесува 9% повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Членките на МАТТО беа информирани и за активностите кои ги превзема Владата на Р. С. Македонија за справување со кризата во енергетскиот сектор. Вицепремиерот информираше дека Владата има потрошено досега вкупно 200 милиони евра од кои 170 милиони евра се реализирани за справување со енергетската криза и дополнителни 30 милиони евра за активностите за обезбедување на топлинска енергија.

Заблагодарувајќи им се на членките на МАТТО за поддршката, прилагодливоста кон условите и разбирањето за мерките на солидарност, г-дин Битиќи презентираше и дел од планираните активности на Владата со кои се очекува дополнително да се придоне кон успешно справување со последиците од економската криза. Во таа насока, вицепремиерот Битиќи презентираше и дел од дополнителни мерки поврзани со ликвидноста на компаниите, обезбедување на бескаматни кредити преку Развојната Банка на РСМ и Европска Инвестициона Банка итн.
Заменик претседателот на Владата, г-дин Фатмир Битиќи истакнувајќи дека не може да се очекува развој без инвестиции, како од приватен така и од јавен карактер, ја изрази отвореноста на Владата за уште поинтензивна соработка со приватниот сектор, во насока на справување со предизвиците кои ги носи економската криза.

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Tokyo Revengers (Dub)

AnimeHeaven My Hero Academia Season 5 Episode 20

Black Clover Episode 168

How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Part 2 Episode 8

animes online AnimeHeaven My Hero Academia (Dub)