Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава

Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог за надминување на бугарското вето и за отворање на процесот на пристапување на С Македонија кон ЕУ. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев најави дека тие отпочнуваат внатрепартиски консултации кои ќе ги опфатат сите органи и тела, по што следуваат средби, состаноци со коалиционите партнери и со најразлични структури во општеството.

„Граѓаните, медиумите, новинарите, опозицијата, невладините организации, експертската јавност овој период да го сфатат многу сериозно бидејќи се отвара една важна шанса за нас како држава. Да издискутираме се заедно, но да не веруваме на шпекулациите и лажните вести кои што очекуваме да ги има, бидејќи имаме искуство дека во вакви клучни периоди тоа ни се случува. Искрено се надевам и апелирам, ова е клучен момент за државата, сега е битно опозицијата да се вразуми. Очекувам сите од овој процес да излеземе посилни и единствени. Конечно да се обединиме како држава, без оглед кој е власт, кој опозиција“,изјави Богоев пред почетокот на партиската координација во СДСМ.

Според неговите сознанија, прифатени се сите барања кои ги соопшти премиерот Ковачевски при одбивањето на работната верзија, односно со модификуваниот предлог на француското претседателство, како што рече, македонскиот идентитет и јазик се заштитени а историските прашања се надвор од преговарачката рамка.

sunwin

tải sunwin game sunwin tải sunwin

tải sunwin apk

sun win

tải sunwin