КОНЗУЛСКА БИТОЛА Е ЕВРОПСКИ ГРАД Кондовски најавува соработка со збратимените градови
КОНЗУЛСКА БИТОЛА Е ЕВРОПСКИ ГРАД Кондовски најавува соработка со збратимените градови
ЧОВЕКОТ СТАНУВА ПОЛИТИЧКА ЛЕГЕНДА НА КАНАДА - Трудо победи на изборите во Канада, О’Тул го призна поразот
ЧОВЕКОТ СТАНУВА ПОЛИТИЧКА ЛЕГЕНДА НА КАНАДА - Трудо победи на изборите во Канада, О’Тул го призна поразот
БРАВО - Градоначалникот Богдановиќ го потпиша договорот за изградба на првата детска градинка во населбата Пролет
БРАВО - Градоначалникот Богдановиќ го потпиша договорот за изградба на првата детска градинка во населбата Пролет
САД И НАПРАВИЈА ГОЛЕМА ЧЕСТ НА НАШАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА - Шекеринска почесен гостин на Националната гарда на Вермонт: се разгледуваат можности за обуки на наш кадар за цивилна заштита и спасување
САД И НАПРАВИЈА ГОЛЕМА ЧЕСТ НА НАШАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА - Шекеринска почесен гостин на Националната гарда на Вермонт: се разгледуваат можности за обуки на наш кадар за цивилна заштита и спасување
БРАВО ДЗС - ВИСТИНСКИ ХЕРОИ СЕ ПОПИШУВАЧИТЕ И МЕНАЏМЕНТОТ НА ДЗС: Досега се попишани 1.132.484 лица
БРАВО ДЗС - ВИСТИНСКИ ХЕРОИ СЕ ПОПИШУВАЧИТЕ И МЕНАЏМЕНТОТ НА ДЗС: Досега се попишани 1.132.484 лица
(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар

БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНИЈА СО ЗАРАЗЕНИ: Советот за безбедност утре во 12 ќе расправа за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија

Прогласувањето кризна состојба на целата територија на Македонија, поради ситуацијата со ковид-19, најверојатно ќе биде тема на утрешната седница на Советот за безбедност, што денеска ја закажа претседателот Стево Пендаровски.

На последниот состанок на Советот за безбедност, Пендаровски ја отворил можноста на целата територија на Македонија да биде прогласена кризна состојба, ако се влошува ситуацијата со ковид-19. Оттука, очекувањата се дека шефот на државата ќе предложи воведување кризна состојба. Ако тоа биде прифатено од членовите на Советот за безбедност, ќе биде потребна согласност и од Владата.

Според најавата од кабинетот на Пендаровски, на утрешната седница, освен членовите на Советот за безбедност, поканет е и министерот за здравство Венко Филипче. Се очекува министерот да реферира за ситуацијата со ковид-19. По последниот состанок на Советот за безбедност од пред речиси еден месец, состојбата во Македонија драстично се влоши, а енормно се зголеми и бројот на починати лица.

Според Законот за управување со кризи, кризната состојба е дефинирана како состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. При прогласување на кризна состојба на целата територија се подразбира поголеми овластувања на Армијата во борбата со ковид-19.

Претходно кризна состојба беше воведена на јужната и на северната граница, поради големиот наплив на мигранти, кои во земјава влегуваат од Грција и потоа транзитираат до Србија. Но, кризна состојба се воведе и при појавата но коронавирусот во Дебар. Разликата е што сега предлогот ќе биде да се прогласи кризна состојба на целата територија на земјата.

Одлуката за постоење на кризна состојба не може да важи подолго од 30 дена. Во случај да биде надминат овој период, односно состојбата да продолжи да трае подолго, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот, или да предложи прогласување воена или вонредна состојба.

Во случај на кризна состојба, можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на приватни фирми (трговските друштва) кои се од пособено значење за работа во кризна состојба, како и за упоравување со нив во случај на кризна состојба.

Како што е регулирано со законот, одлуката за прогласување кризна состојба и подрачјето зафатено со неа ја носи Владата, а за тоа веднаш ги известува Собранието и претседателот на државата.

Во зависност од утрешниот предлог од Советот за безбедност, не се исклучува и можноста од воведување на дополнителна забрана за движење на граѓаните.

loading...

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Watch The Reflection (Dub) Episode 12

WCOStream Watch anime online, English anime online HD

Mobypicture: http://www.mobypicture.com/user/gogoanimelol

Blogger: https://www.blogger.com/profile/00230500517765771050