Ако сега се одржат предвремени парламентарни избори ќе победи СДСМ и тоа убедливо. Ова го покажува теренската анкета чиј нарачател е партијата СДСМ, а која е спроведена во периодот од 15 до 30 март на 1.000 испитаници.
Анкетата покажала дека рејтингот на СДСМ е 18 отсто.
По неа следи ВМРО ДПМНЕ со рејтинг од 10 отсто.
ДУИ има рејтинг од 5 отсто, Левица ѝ дише во врат со 3 отсто, а исто толку 3 отсто има и Алијанса на Зијадин Села.
Беса има 2 отсто исто ДОМ и ЛДП со 2 отсто.
Со 1 отсто се партијата Интегра, Демократски Сојуз, ВМРО Народна, Обединети за Македонија и партијата на Генерал Ангелов, Достоинство.
За партиите на помалите етноси се изјасниле вкупно 5 отсто.
Од анкетираните за неопределени се изјасниле 25 отсто, а одбиваат да гласаат 20 отсто.
Дознаваме дека овие резултати ги знаат и во Белата Палата на ВМРО ДПМНЕ и истите предизвикале голема паника.
Можно е поради тоа ВМРО ДПМНЕ да проба да ги бојкотира локалните избори кои следат оваа есен како обид да се избегне уште еден голем пораз и со тоа очајно да се проба да се спаси фотељата на лузерот Христијан Мицковски.