Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

БОМБА – МОЖНО Е ОВИЕ ДЕНОВИ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НАМЕСТО ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ФОТЕЉА ДА ОДИ ВО ПРИТВОР?!

Мактел дознава дека во ОЈО размислувале да побараат притвор за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски затоа што се враќа на местото на злосторот – општина Карпош каде има опасност да го повтори делото за кое има правосилен обвинителен акт за кој во тек е судење во кривичен суд.

Според кривичниот законик за обвинето лице се бара притвор по три основи, да избега, да влијае на сведоци или да го повтори делото, а Стевчо сега е точно во ситуација пак да ја злоупотреби својата службена положба градоначалник на Карпош за што и е обвинет во моментов од ОЈО.

Мактел дознава дека е можно овие денови Стевчо наместо во општинската зграда да заврши во притворското одделение Шутка или пак во домашен притвор што е лоша варијанта затоа што од таму по телефон може да влече потези и да приома гости и да ја претвори својата куќа во градоначалничка канцеларија и пак ќе може да го повтори делото за кое е обвинет.

Инаку да потсетиме за што е обвинет Јакимовски:

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и уште 10 други лица за кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластувања, Бесправно градење и Несовесно работење. Јакимовски, како првообвинет, се товари дека во периодот од 2011-2017 година, како службено лице – Градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

„Тој во текот на 2012 година при спроведување на постапка за јавна набавка склучил и потпишал договор со правно лице, иако знаел дека правното лице нема доставена банкарска гаранција за квалитетно, а со тоа и навремено извршување на договорот. Тој дозволил изведувачот да започне со изведување на активностите од договорот. По еден месец, заради неквалитетно изведување на работите, го раскинал договорот со изведувачот, со што овозможил правното лице да се стекне со имотна корист на штета на буџетот на општината во износ од 303.295 денари, односно 5% од вредноста на Договорот за јавна набавка. Во периодот од 2012-2013 година во постапка за јавна набавка, првообвинетиот причинил штета на буџетот на општината во износ од 14.609.653 денари. Откако јавната набавка била спроведена и бил склучен договорот, првообвинетиот давал усни инструкции на изведувачот за изведување на дополнителни работи, со што вкупната вредност на работите за изведување надминала 100% од вредноста на основниот договор. Во истиот период, првообвинетиот како градоначалник, во име и за сметка на правното лице – општината, во својство на инвеститор спротивно на чл. 56 и 57 ст. 2 и чл. 63 од Законот за градење, без Одобрение за градење, изградил деловен административен објект на локалната самоуправа со што сторил кривично дело Бесправно градење. За објектот во 2016 година поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење“, се вели со соопштението на Јавното обвинителство.

Јакимовски, заедно со раководен државен службеник во општината, според обвинението, ја искористиле својата службена положба и овластување постапувајќи во предмети оформени по поднесените Барања за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, иако знаеле и биле должни да знаат, дека објектите за кои се поднесени барањата се објекти што не смеат да бидат предмет на постапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, ги потпишале Урбанистичките согласности и дале согласност за вклопување на предметните времени објекти за деловна намена во урбанистичко планската документација. На тој начин, со потпишаните Решенија за утврдување на правен статус на времените објекти за деловна намена како да се бесправно изградени објекти, тие им овозможиле на три правни и едно физичко лице да се стекнат со право на сопственост на објектите и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектите во државна сопственост. Јакимовски и службеникот, со искористување на службената положба и овластување, знаејќи дека постапката за легализација на времените објекти со деловна намена е спроведена спротивно на законските прописи, овозможиле на две правни лица со непосредна спогодба да се стекнат со материјална и имотна корист во вид на градежно земјиште под објект за цена од 438 денари по м2, иако според Ценовникот за утврдување пазарна вредност на градежно земјиште и макролокација на Зони во Град Скопје изнесува 18.000 денари за м2.

„Со преземените дејствија обвинетите го оштетиле Буџетот на РС Македонија во износ од 31.410.000 денари. Во текот на истрагата е утврдено дека едно од двете правни лица земјиште со површина од 1533 м2 купено за 671.454 денари, по само дваесеттина дена го оттуѓило за 40.528.500 денари“, велат од Јавното обвинителство.

Во текот на 2016 година, тројца од обвинетите во својство на членови на Комисија за јавна набавка, при спроведување на постапката за јавна набавка сториле кривично дело несовесно работење во служба, велат од Обвинителството. Пред да пристапат кон евалуацијата на понудите при проверка на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачите, тие прифатиле некомплетна понуда на правно лице и овозможиле правното лице да учествува во постапката и да биде избрано како најповолен понудувач. Со ваквите дејствија овозможиле правното лице да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 2.845.234 денари, на штета на буџетот на општината.

Двете лица обвинети за кривично дело Бесправна градба го сториле кривичното дело што им се става на товар така што едниот обвинет како одговорното лице во правното лице – изведувач, започнал со изведување градба и изградил деловен – административен објект на локалната самоуправа без Одобрение за градење на инвеститорот. Другиот обвинет, како надзор, во име и за сметка на правното лице, спротивно на чл. 36 ст. 1 алинеа 1 од Законот за градење, без Одобрение за градење на инвеститорот, вршел надзор на градбата.z

loading...

hack go88

sunwin âu mỹ sunwin không nạp được tiền tại sunwin cho android