Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

(ВИДЕО) БОМБА НА БИТИЌИ: До 2026 минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без интервенција

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, на електронскиот медиум „Слободна ТВ“, истакна дека зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и донесувањето на системско законско решение, ќе помогне да се намали процентот на вкупниот број на вработени кои имаат минимални плати, но и ќе влијае на континуирано зголемување на минималната плата во идните години.

„Од вкупниот број на работници, во Република Северна Македонија минимална плата земаат околу 13%, додека во ЕУ, тоа се околу 3% од вработените. Ние како држава, како Влада, мора да се бориме да го намалиме овој процент и да тежнееме кон европскиот просек. Треба да потсетиме дека само пред 5 години, минимална беше на 38% од просечна плата, додека денес, со поставување на прагот минималната плата да изнесува 57% од просечна плата, сигурно сме над просекот на сите земји од Западен Балкан, но уште поважно е што работниците добиваат сигурност дека минималните плати ќе продолжат со раст“, подвлече вицепремиерот и додаде дека согласно проекциите на Владата, кои произлегуваат од повеќе макро економски параметри минималната плата во 2026 година би требало да се искачи на околу 22.000 денари.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека за време на седниците на економско-социјалниот совет сите три страни имаа свои предлози во економско-социјалниот дијалог, вчерашното решение е компромис од сите предлози на синдикатите, работодавачите и Владата, од кој ниедна страна не е целосно сраќна, но и целосно незадоволна.

„Моделот кој е понуден, ќе помогне во овој период, и на работодавачите, во услови на енергетска криза, кога имаме тренд на покачување на цените, за полесно да се прилагодат и да го надминат овој период. Минималната плата најчесто се среќаава во микро и малите претријатија, мал дел се средни или големи компании, сепак фокусот останува за поддршка на работникот, а поддршката кон компаниите за исплата на повисока минимална плата е до крајот на 2022 година“, кажа вицепремиерот и додаде дека и во иднина треба да се размислува за креирање достоинствени, праведни и правични решенија за работниците.

„Однесувањето на синдикатите е сосема нормално, како во секое демократско општество, а за нашето општетство е новина. Работодавачите пак си го штитат сопствениот интерес. За жал, имавме претходно Влада во оставка, која не можеше да ги адресира барањата на работниците порано, но ние само за три недели преку дијалог, во присуство на сите засегнати страни, решаваме едно од круцијалните проблеми. Сите круцијални прашања, како прашањето за минимална плата, ќе се решаваат со вклучување на сите засегнати страни и во иднина“, посочи Битиќи.

Вицепремиерот информираше дека денес на Владина седница, целосно ќе биде усогласен текстот на Законот за минимална плата, пришто се осврна на коментарите на опозициските партии и нагласи дека во законското решение ќе бидат опфатени сите аспекти.

“Во членот 8 во предлог Законот веќе е наведено дека сите плати ќе бидат усогласени со минималната плата, ние при носењето на законите се водиме по принципите на праведност и правичност, а спроведувањето ќе биде откако се донесе Законот. Сепак ќе ги потсетам ВМРО-ДПМНЕ ако се доследни до своите изјави, убаво ќе беше уште пред година дена да го изгласаат законот за наставници и стручни соработници, кадешто е дефинирано усогласувањето со минималната плата, но затоа што овој закон е закочен во Собранието токму од нивните пратеници, нашите сограѓани во образованието, стручните соработници не можат да добијат повисоки плати“, се осврна вицепремиерот на дел од деталите кои се предвидени со новото законско решение за минимална плата.

Акцентот на Законот за минимална плата е да се помогне на најранливите категории, изјави вицепремиерот и додаде дека воова година паралелно ќе има покачување на платите во здравството, образованието, правосудството, но во овој случај важни се животите на 80.000 наши граѓани кои се со минимални плати.

„Да се надеваме дека со овој закон ќе покажеме разум сите, и позицијата и опозицијата. Ние како позиција ќе го изгласаме, со потреба да влезе во скратена постапка и уште во сабота да биде донесен. Тие наши сограѓани, имаат право на достоинствен живот. Се надевам на поддршка од сите политички субјекти, како за овој закон така и за други закони за граѓаните“, кажа вицепремиерот Битиќи во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

loading...

bầu cua go88 Go88 Live - Thiên Đường Cờ Bạc, Nổ Hũ Trực Tuyến tại go88 info

https://sunwin.gg/