Пронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро
Пронајдено телото на момчето кое се удави во Беровско Езеро
СПАСОВ: Францускиот предлог сепак е добар и треба да го прифатиме, ВМРО ДПМНЕ си најдоа нова ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА за да го плашат народот
СПАСОВ: Францускиот предлог сепак е добар и треба да го прифатиме, ВМРО ДПМНЕ си најдоа нова ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА за да го плашат народот
СДСМ: Мицкоски и Левица се анти НАТО и анти ЕУ коалиција
СДСМ: Мицкоски и Левица се анти НАТО и анти ЕУ коалиција
Тринаесет повредени во сообраќајка на патот Струмица – Валандово – меѓу повредените и шестгодишно дете
Тринаесет повредени во сообраќајка на патот Струмица – Валандово – меѓу повредените и шестгодишно дете
Демократски Сојуз повика да не се потпишува протоколот, ЛДП и ДОМ се уште градат став за модифицираниот „француски предлог“
Демократски Сојуз повика да не се потпишува протоколот, ЛДП и ДОМ се уште градат став за модифицираниот „француски предлог“
Ковачевски и Маричиќ ќе присуствуваат на седницата на Советот за безбедност
Ковачевски и Маричиќ ќе присуствуваат на седницата на Советот за безбедност
ВМРО-ДПМНЕ: Масовно и гласно Не, вечерва повторно протест
ВМРО-ДПМНЕ: Масовно и гласно Не, вечерва повторно протест
НСДП: Коалициските партнери да не го користат францускиот предлог за ситно политичко поентирање
НСДП: Коалициските партнери да не го користат францускиот предлог за ситно политичко поентирање

БОМБА НА ФОКУС: Болниците тонат во долгови, добавувачите не можат да наплатат

Македонските болници продолжуваат да тонат во долгови, а долговите кои се таложат спрема добавувачите на лекови и медицински материјали од ден на ден се се поголеми, неофицијално дознава „Фокус“.

Тоа не нешто ново, со оглед на тоа што долговите на јавните здравствени установи уште пред неколку години достигнуваа вртоглави околу 50 милиони евра, но од 2020 година, поточно со ковид пандемијата, тие бројки алармантно се зголемуваат.

А, тука во целата приказна се и самите добавувачи, кои со месеци не земале пари, па ако случајно прекинат со испорака на лекови и маедицински материјали, може да дојде и до колапс на целиот здравствен систем.

„И ние повеќе не можеме да го издржиме ова темпо. Цело време си викаш, се работи за пациенти, потребни им се набавките, но нас повеќе од шест месеци не ни е платено“, велат дел од добавувачите.

Според нашите информации, некои од болниците веќе се и блокирани, додека дел се пред блокади.

Тие располагаат со одредена сума на буџети, кои ги добиваат од Фондот за здравство. На пример, Клиничката болница во Штип има буџет од околу 8 милиони евра на годишно ниво за сите потребни набавки на лекови, кислород, лабораториски испитувања…

Но, како што може да се забележи, без разлика на буџетите со кои располагаат, трошоците на болниците за време на пандемијата енормно се зголемени, а долговите почнуваат да се таложат.

„Само една третина од долговите на болницата одат за набавка на потребите за корона вирусот. Од Фондот добивме некоја трошка, но тоа не е ништо во однос на тоа колку пари ни се потребни за да функционираме нормално. И на добавувачите им пукна филмот. Тоа трае со месеци. Арно не и трпат.

Ако на пример, ти си планирал трошоци за една година, сега се тоа се троши за само два месеци – велат дел од вработените во болницата, кои сакаа да останат анонимни.

Според нашите информации, дел од болниците веќе се соочуваат со огромни долгови спрема добавувачите само за потребите на ковид центрите, без да набават се друго што и е неопходно на една болница нормално да функционира. Дел од нив веќе добиле опомени пред тужби и дошле до извршители.

„Ако почнат добавувачите да не блокираат, тогаш е крај. Болниците ќе колабираат скроз и никој од здравствените власти за тоа не се потресува. Како ние можеме нормално да функционираме кога работиме во ненормално време.

Фондот треба да помогне со повеќе пари за да можеме да ги извршуваме нашите работи. Вака се прави штета и на лекарите и на пациентите, а тоа не ги интересира добавувачите, кои нормално си ги бараат парите за тоа што те снабдиле – тврдат нашите извори.

„Фокус“ во една прилика на оваа тема поразговара и со актуелниот министер за здравство Беким Сали, кој истакна дека тој период за време на корона кризата не треба ни да се сметаат за долгови, со оглед на тоа што била страшна пандемија.

loading...

nạp tiền go88 bị từ chối

Tải Sunwin trực tuyến 2022 - Sumwin đổi thưởng bản mới sunwin nhatvip download sunwin pc