ХАХА, ОВА Е ЈАКО - РИЗАОВ: ВМРОВЦИТЕ НЕ ЗНААТ ДЕКА ЗБОРОТ СЕВЕРЏАН НА ТУРСКИ ЗНАЧИ САКАНА ДУША
ХАХА, ОВА Е ЈАКО - РИЗАОВ: ВМРОВЦИТЕ НЕ ЗНААТ ДЕКА ЗБОРОТ СЕВЕРЏАН НА ТУРСКИ ЗНАЧИ САКАНА ДУША
БОМБА НА ЕРОЛ РИЗАОВ: ИМА ЕДНА СИЛНА ПРИЧИНА ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ МАСОВНО ГО ПРИФАТИЈА КОМУНИЗМОТ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА - САМО КОМУНИСТИТЕ НЕКОГАШ МУ ПОНУДИЛЕ НА МАКЕДОНЕЦОТ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ИМА СВОЈА ДРЖАВА
БОМБА НА ЕРОЛ РИЗАОВ: ИМА ЕДНА СИЛНА ПРИЧИНА ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ МАСОВНО ГО ПРИФАТИЈА КОМУНИЗМОТ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА - САМО КОМУНИСТИТЕ НЕКОГАШ МУ ПОНУДИЛЕ НА МАКЕДОНЕЦОТ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ИМА СВОЈА ДРЖАВА
БОМБА НА ЕРОЛ РИЗАОВ: ЕУ И САД НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ПРИТИСНАТ БУГАРИЈА, ТАА Е ПОВАЖНА ОД НАС ГЕО СТРАТЕШКИ, АКО ГИ СЛУШАШ НЕКОИ ВАТРЕНИ ПАТРИОТИ ЌЕ СИ ПОМИСЛИШ ДЕКА СМЕ НУКЛЕАРНА ВЕЛЕСИЛА СО МИЛИЈАРДА ТОНИ НАОЃАЛИШТА НА НАФТА И ПРИСТАНИШТА НА 2 МОРИЊА
БОМБА НА ЕРОЛ РИЗАОВ: ЕУ И САД НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ПРИТИСНАТ БУГАРИЈА, ТАА Е ПОВАЖНА ОД НАС ГЕО СТРАТЕШКИ, АКО ГИ СЛУШАШ НЕКОИ ВАТРЕНИ ПАТРИОТИ ЌЕ СИ ПОМИСЛИШ ДЕКА СМЕ НУКЛЕАРНА ВЕЛЕСИЛА СО МИЛИЈАРДА ТОНИ НАОЃАЛИШТА НА НАФТА И ПРИСТАНИШТА НА 2 МОРИЊА
Ковачевски ја почна посетата на Италија, се сретна со сенаторот Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа
Ковачевски ја почна посетата на Италија, се сретна со сенаторот Фасино: Прашањето на почеток на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа
(ВИДЕО) ЕРОЛ РИЗАОВ: ГРУЕВСКИ Е ПРВ ПОЛИТИЧАР КОЈ ПОЧНА ДА МИ СЕ ЈАВУВА НА ТЕЛЕФОН ЗА ОБЈАВЕНИ ТЕКСТОВИ И ДА СЕ БУНИ И ДА ПРАВИ ПРИТИСОК
(ВИДЕО) ЕРОЛ РИЗАОВ: ГРУЕВСКИ Е ПРВ ПОЛИТИЧАР КОЈ ПОЧНА ДА МИ СЕ ЈАВУВА НА ТЕЛЕФОН ЗА ОБЈАВЕНИ ТЕКСТОВИ И ДА СЕ БУНИ И ДА ПРАВИ ПРИТИСОК
ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари

БОМБА НА ФРЧКОСКИ: Леле, леле, опозицијо и изгубени медиски лакеи – Заев така ве изработи, што наскоро од шок на паркингот пред хотелот колата нема да можете да си ја најдете (ќе титкате со тоа даљинските), дома да си отидете

Ќе го користам фројдовското толкување на сонот на еден проминентен вмровец кој критикувајќи дека ВМРО ДПМНЕ го третираат како вирус и го потценуваат – всушност ја транспонира траумата, по оној Фројдовски психоаналитички сон: сонував една жена која не е мојата мајка – и…токму таа е неговата мајка) создавајќи стварност со тој перфомативен говор која сериозно ја има за модел токму таа метафора – траума: ДПМНЕ како вирус (а политичката анализа за него е матафора на политичка вирусологија).

Но, не ми е тоа основната поента, таа е всушност секундарната хипотеза, првата се однесува на тоа во која фаза на транзиција е Македонија и како таа привршува заедно со нејзините политички актери.

Консолидација е последната фаза на транзицијата кон демократија (во Македонија исто така) во која не е доволно нормативно да се предвидени и првично практикувани основните демократски институти (партии, избори, владеење на правото и сл.) туку се бара тие да се „повнатрешнети“, вредностите и институционалните практики на демократијата да се без алтернатива прифатени и нивното функционирање втемелено во „првична традиција и политичка култура“. Тоа во Македонија се создава постапно иако не го гледаме јасно, поматени со дневните политички дебати и борби. Нормално и таа последна политичка фаза ја предводи левицата и левиот центар, носејќи ги клучните политички одлуки кои државата ја креваат на ново структурално ниво на развиток: членка на НАТО и во процес на членство на ЕУ, клучните меѓународни договори со соседите, внатрешна меѓу-етничка финална консолидација, и почеток на стандардизирање на демократските институти на одговорност и сменливост -најчувствителните демократски институти кои темелно ја одвојуваат демократската од авторитарната политичка култура.

Тоа овие политички актери го правеа во неколку важни политички етапи од независноста: самиот начин на стекнување на независноста (договорите за повлекување на ЈНА, Декларација за независност, Референдум, Устав) ; влез на Македонија во ООН; Охридски Рамковен Договор, Преспански Договорор, Влез во НАТО, Договор со Бугарија и процес на договарање за влез во ЕУ. На меѓу-етнички план се Законот за јазиците, претходно признавање на Тетовскиот Унверзитет и листата на закони кои се носат со „бадинтерово мнозинство“, како и праксата на владино коалицирање со албанските партии (која е пошироко прифатена како политичка нужност и некаков џентменски договор без џентлмени, и од ДПМНЕ).

Во и низ сите овие етапи ДПМНЕ беше она што оној вмровецот мисли кога вели „нè третираат како вирус“ – всушност беше ВИРУС. Или да употребам поблаг израз, она што Д. Малески го нарекува синдом на балканските националисти: да уживаат во придобивките на мирот и демократијата без да мораат да ја платат цената на тешките компромиси да се дојде до тој мир и таа демократија, или да имаат – не Гол (Бароуз) туку „бесплатен ручек“. ДПМНЕ, се враќам на втората хипотеза, уживаше во демократијата и ги цедеше (мошне добро се обучени за тоа) придобивките од буџетот, без да направат ниту еден компромис со својата умислена идеологија и реторичка пљампаница која ја нарекуваа политичка програма на „македонски национално единство“. Уживање во демократијата без да ја втемелат истата или да придонесат кон нејзино втемелување. Да не развиваме сега хипотези колку и како таа демократија ќе беше разнишана и можеби изгубена да се реализираа некои од политичките определби на ДПМНЕ и да беше во можност да ги реализира (од првата, дека треба да се нападнат касарните на ЈНА 1991; да не се оди на референдум за самостојност 1991; да не се влезе во ООН 1993; да се оди на поделба на државата 2001; до последнава дека треба да се поништи Преспанскиот договор и оној со Бугарија). Јебига драг мој вмровец, сонувал ти или не, тоа е „вирусологија“! Она што е проблем е дека ние против ваков вирус не сме вакцинирани до ниво да стекнеме имунитет на толпа или стадо што и да е! За тоа не помогна ниту падот на авторитарниот режим на Груевски и репресивото искуство со него. Анкетите на „јавниот ум“ и денес покажуваат дека авторитарниот инстикнт доминира и дека сите конспиративни срања познати во светот – се прифатени како што доликува и кај нас. Само фалеше прашањето: дали земјата е плоча и дали заебаваат соросоидите кога тврдат дека е топка – за да профилот за нас биде комплетен (на ЕУРОЊУЗ беше анализирана оваа состојба на јавниот ум кај нас на ачик). Добро, што е тука е: фазата на консолидација дозволува политичките идеи и милје да се расчлени и појасно подели (од претходната транзициска магма) во леви, десни , популистички и либерални струи . Во провинција каква сме ние доминација на авторитарните парохијални идеи не е за чудо, но дотолку одговорноста на политичкте елити е поважна и потешка. Како се етаблираат демократските и либерални начела во институциите и политиките на интеграција (НАТО, ЕУ, добрососедство) така во социолошката база почнуваат (и од инает) да беснеат теориите на конспирации, јазикот на омразата, отпорот кон се, цининизмот до граница на нихилизам. Ако тоа дополнително е потиснато и од пандемискиот страв и акнсиозност – дотолку повеќе. Тоа е она што Жижек го нарекува на Хегелова трага „ноќното право“ на демократијата или нејзината опсцена страна.

И во таква една состојба се одви нашата последна политичка драмолетка на пад-непад на владата и оставката на Заев. Нека ни е дозволено кратко уривање во некои, за нас драги детали.

Имено после лошите резултати на локалните избори Премиерот Заев даде оставка (емоционална, пресметана или комбинирана сега е небитно). Тоа беше добар, да не кажам одличен политички потег (не само заради моралните стандарди и демократски креда за носење политичка одговорност) туку заради начинот на кој ја презема политичката дебата во земјата на свој терен. Ден после победата на ДПМНЕ на локалните избори веќе не се зборуваше за тоа туку за оставката на премиерот, за тоа кога ќе ја поднел, осмиот ден,како било во други земји, па дали е сериозен или не, па ова, па она… Сите, сосе сите медиуми беа фатени во тоа коло на „муртинецот“. А знаете, тогаш од него зависи ритамот на колото. Прво Заев ги собра сите возможни пофалби и молби да продолжи, да се врати и сл. од сите возможни релевантни странци. Па од партијата внатре (што беше малку дегутантно морам да признаам, знаејќи дека дел од тие кои го молеа го закопаа со своите суети на локалните избори). Па од коалиционите партнери – за тоа колку е важен и колку од него зависи се. Сето тоа во фонот на запомагањето на опозицијата кога ке ја дадел оставката и сл. што повторно индиректно ја потенцира неговата важност, централност во наративот.

Во рамките на тоа зокино коло се случува веке маестралниот удар врз обидот на опозицијата односно ДПМНЕ да изгласа недоверба на владата. Како мисири со наведнати глави излегуваат од салата вмровците кога стрхобално пропадна тој обид. Но пропаѓањето на нивниот обид не е само нивен неуспех (не, не), тоа е и директно засилување на спротивната страна, владата доби крила на нова „нескршливост“ конспирација дека ја поддржува сета меѓународна (што делумно е вистина, но тоа се засили до ниво на мит) и приказната заврши со освојување на ново владино мнозинство од 64 или 65 пратеника. СДСМ и Заев тргнаа со создавање коалиција како втора партија пред 3 години со 49 мандати и стигнаа до 64 и тоа по неуспехот на локалните избори? Ако ова не е маестрално водење на играта во таканареченото Зокино-коло, тогаш што е? Нормално дека во ситуацијата се најсмешни ликовите во таа игранка, како водачот на опозицијата, кој држи кец од позади на тоа оро, со марамче во рака и мисли дека води своја политика!

Сега колото трга накај излезната врата на хотелот: додоговарање со Бугарија (хмммммм), смена во лидерството на СДСМ што е многу тешка операција по дефиниција за секоја голема партија и конечно стабилизирање на новиот мандатар во владата. Ако ова Ви го изведе мазно (и ја остави опозицијата со папагалско запомагање за предвремени избори – не ги добија кога СДСМ имаше 49 зошто би ги добиле сега кога има 64 пратеника?), а богами изгледа дека ќе Ви го изведе – опозицијо и изгубени медиски лакеи – на паркингот пред хотелот колата нема да можете да си ја најдете (ќе титкате со тоа даљинските), дома да си отидете.

Љубомир Д. Фрчкоски

loading...

anime online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatcher app Dragon Ball (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 10

AniWatch One Piece Episode 993

aniwatcher app AniWatch How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

anime streaming Komi Can’t Communicate