Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, неодамна повтори дека најважен фактор за постоењето на Македонија се Американците. Фрчковски оценува дека тоа е точна проценка.
-Во 1992 бевме сами. Тогаш 200 американски војници дојдоа во Тетово, за првпат под туѓа команда, за да помогнат да се спротивставиме на политиката на Милошевиќ. Во 1993 Милошевиќ и формално има понуда до Мицотакис за поделба на Македонија. Потоа почна да се гради политичката и дипломатската линија. Тој раскин со Србија беше одлука на Глигоров и тој ја плати цената за таа одука, вели Фрчкоски.