ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО НАГРАДИ СО 300.000 ДЕНАРИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ТЕКВОНДО ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО НАГРАДИ СО 300.000 ДЕНАРИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕПРВАК ВО ТЕКВОНДО ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ
Заев: Охрискиот договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, заедно се развиваме како држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ
Заев: Охрискиот договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, заедно се развиваме како држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ
ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ
ПОЖАРОТ КАЈ КОЧАНИ Е ПОД КОНТРОЛА, ГО ГАСАТ 400 ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕР НА АРМИЈАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ
Директорката на Инфективна: Јас сум за драконски мерки за невакцинираните, бројот на заразени ќе се зголемува
Директорката на Инфективна: Јас сум за драконски мерки за невакцинираните, бројот на заразени ќе се зголемува
Скроиле план со брат ѝ: Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци
Скроиле план со брат ѝ: Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци
Вучиќ се сретна со Дарко Панчев: Чест ми е што седам со големиот шампион
Вучиќ се сретна со Дарко Панчев: Чест ми е што седам со големиот шампион
(ВИДЕО): Олимпиецот Георгиевски свечено дочекан на аеродром – „Чувството е прекрасно“
(ВИДЕО): Олимпиецот Георгиевски свечено дочекан на аеродром – „Чувството е прекрасно“
Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени, болниците се полнат со пациенти, во Скопје има 10 колапси дневно
Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени, болниците се полнат со пациенти, во Скопје има 10 колапси дневно

БОМБА НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ: ВИЛМА РУСКОСКА ЌЕ ЗАВРШИ ПОЛОШО ОД КАТИЦА ЈАНЕВА!!!

ОБВИНИТЕЛСКА БУЛУМЕНТА‼

Ако ова што го чув и видов денес е право, тогаш убедена сум дека, Вилма Русковска ќе заврши полошо од она што ѝ го смести на нејзината колешка Јанева❗

📣 По денешниот рочиште за случајот Меѓународен сојуз, за кој немаше ниту една буква известување во ниту еден медиум (многууу различно од претходно), станува повеќе од јасно, зошто се диригира медиумската незаинтересираност и молк.
Денешниот ден не е прв од низата рочишта кога со несоборливи докази и аргументи се побиваа сите правни небулози и глумење јавнообвинителско постапување. Така беше и на трите рочишта во декември на кои фалсификаторите од МВР ги соочив со нивниот фалсификат и докажавме дека немаат ни „В“ од „вештачење“.
🚩Ако оваа фатаморгана од судски процес за „Меѓународен сојуз“ беше за сторено кривично дело, тогаш на обвинителна клупа (без мене) ќе беа ЈО Наум Пановски, директорот Арафат Муареми, сведокот што не може да биде сведок Љиљана Тодоровска, носители на јавни функции, а на чело на обвинителната клупа ќе беше извршителот и прикривачот Вилма Русковска‼
Ова можете да го сфатите и како идно време, не само како основана хипотеза.
ℹ За големо разочарување на ОЈО за ГОКК, Судот на минатото рочиште прифати да обезбеди три предмети водени во Судот КОК КС 441/17, во ОЈО за ГОКК РО бр.204/17 и во Финансиската полиција за водени истраги за основи на сомневање за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од кривично дело“ во кои осомничена е Љиљана Тодоровска (жената која на своја сметка прими 720.000 евра од фирмата Пелистер на Сиљан Мицевски)❗
Наспроти ова, бледо помина со една-две информации во медиумите дека, (замислете) јавно достапната изјава на премиерот Зоран Заев дека, зборувал на состанок со Бојан за реализација на проект за старски домови, нема да се слушне во судница, ама ќе може се чита заедничкото соопштение на Владата и Сојузот.
📣 Да раскажам кратко, за да биде поразбирливо…
Кога Пелистер и Сиљан Мицевски по претходни оценки и проценки на неговите правни тимови за исплатливоста на проектот за изградба на старски дом влегле во облигациони договарање со Меѓународниот сојуз на кој Договор се потпишани: Бојан Јовановски, Агапи Дика, Јованка Кухар, Љиљана Тодоровска, Јасна Ерцеговиќ и Сиљан Мицевски, авторот на проектот Љиљана Тодоровска доброволно и свесно се согласила на своја сметка за авторски хонорар да прими 720.00 евра.
Откако преку Авторска Агенција (за што сведочеше и директорката) била проверена законитоста на договорот и основот за исплата и пресметка на данок, и откако Агенцијата на државата и платила данок во висина од близу 80.000 евра од овој проект (за што УЈП потврдила дека е исправно со записник), Љиљана Тодоровска се усреќила за 720.000 евра.
По правилата за спречување перење пари, Комерцијална банка АД ја алармирала Управата за финансиско разузнавање, а Управата – Финансиската полиција, а тие пак, ОЈО за ГОКК дека, постои сомневање за перење пари.

ЈО Наум Пановски кој постапувал по предметот во ОЈО ГОКК дал предлог, а судија на претходна постапка на 18.12.2017 година донел Решение КОК ПП 441/17 со кое ја блокирал сметката на Љиљана Тодоровска, а обвинителот отворил предмет РО бр. 204/17 за сомневање за „перење пари и други приноси од кривично дело“ против осомничената Тодоровска.
Љиљана Тодоровска го примила решението на што преку адвокат на 22.12.2017 година поднела Жалба, која пак со Решение КОК КС 441/17 на Крвичниот совет на Основниот суд Скопје 1 била одбиена како неоснована. На сведочењето на Љиљана Тодоровска во овој предмет таа под заклетва лажно сведочеше дека “не примила решение и не се жалела на решението“.
Во списите на предметот што денес се изведоа на Суд, а кои произлегуваат од постапувањето на ЈО Наума Пановски во 2017/2018 година, покрај сослушаната осомничена Љиљана Тодоровска, биле сослушани и Сиљан Мицевски, Јасна Ерцеговиќ и Бојан Јовановски.
Покрај ставот кој и денес го застапува Сиљан Мицевски дека верувал и верува во таков проект, и дека не се чувствува измамен што го кажа и на Суд, Вилма Русковска во септември 2019 година и покрај тоа што не го сослушува како оштетен и не му дава статус на оштетен во истрага (многу битен процесен елемент), таа присилно му наметнува став кој и денес тој не го застапува дека, е измамен – тогаш рекетиран.
Во истрагата на ЈО Наум Пановски тој прибавил докази за основаноста и законитоста на исплатата, договорот и легалноста на парите од Пелистер Битола. Обезбедил проект, идеен проект за Битола, бизнис план, рамка за психолошка поддршка на стари лица, финансиски модел итн., итн., сето тоа спротиво на сегашната теза на неговата доскорашна шефица дека, станува збор за „наводен“ проект.

🚩Откако завршил со истражувањето ЈО Наум Пановски до Судот на 12.04.2018 година доставил предлог-барање со известување дека, „парите примени на сметката на Љиљана Тодоровска не потекнуваат од сторено кривично дело“, по што со Решение ПП 441/17 од 12.04.2018 година Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 „ја деблокира сметката на Љиљана Тодоровска“, по што таа се здобила со правото да си ги подигне парите од банка.
🚩УФР со Ивестување бр.14-25/7 (18) од 19.04.2018 година известува дека, Љиљана Тодоровска како единствен овластен потписник на нејзината банкарска сметка на 17.04.2018 година од банката побарала „парите да ги подигне во евра при што е извршена конверзија од денари во евра, по што барателот ги подигна паричните средства“ од Комерцијална банка АД.
🚩Во решението што ЈО Наум Пановски го донел по завршување на постапувањето по предметот РО 204/17 на стр. 13 навел дека, „во дејствијата на Љиљана Тодоровска нема елементи на кривично дело“ што во превод значи дека, основот за исплата на средства и облигациониот договор се законски, а средствата на фирмата Пелистер чисти.
ℹ🚩Кога во август како потреба да се фрли димна завеса на случајот „Рекет“ во кој се споменуваа седенки и снимања на политичари во домот на притворениот Орце Камчев, почна спотерот за ПР обвинението за Меѓународен сојуз, во таа синхронизирана платена пропаганда и медиумска координација за еднобразно известување како „заговор против вистината“ што полека но, сигурно губи на силина, на инсистирање на телевизија Телма да добие изјава од Љиљана Тодоровска, (снимката мистериозно исчезна од веб страната на Телма https://telma.com.mk/obvini-za-grabezh-na-720-000-evra…/) таа изјавува – „Планирам да пријавам дека сум ограбена“‼
По слушнатото денес во судница, што се коси со здраворазумско и законито постапување на една сериозна институција, ставив забелешка за прашања кои не ме тангираат лично во оваа креирано обвинение, но сериозно одат во прилог на мојот почетен став кој ќе го докажам дека, ЈО Вилма Русковска и истражители во фазите на предистрага и истрага свесно и намерно направиле злоупотреби на своите права и обврски како и дека, грубо ги прекршиле моите права и начелото на поделба на власта со насилен упад во мојот дом, заради попречување во парламентарен надзор.
1️⃣ Не можела Вилма Русковска во предистрага за Меѓународен сојуз да не знае дека, нејзиното ОЈО со кое раководи и подредениот ЈО Наум Пановски веќе постапувале и расчистувале сомневања за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Свесно го пренебрегнала тој факт и кон повторната истрага за Меѓународен сојуз го придодала (без докази) ова кривично дела само за да бидат надлежен орган, иако по сите параметри ОЈО за ГОКК нема надлежност (стварна) да гони за кривично дело измама❗
2️⃣ Фактот што Русковска подига обвинение за веќе утврдени факти од ЈО Наум Пановски и Кривичниот совет при Судот, зборува дека, таа свесно и намерно го иззема ЈО Наум Пановски од кривично гонење, доколку сето она што го правел со Меѓународен сојуз е кривично дело❗
3️⃣ Ако случајот со Меѓународен сојуз и Пелистер е кривично дело, тогаш лицето Љиљана Тодоровска која ставила на располагање средство за извршување на кривично дело (банкарска сметка), не може од Вилма Русковска да добие статус на сведок, дотолку повеќе што, во законски утврдениот рок Тодоровска која 1,5 година по подигањето на парите од банка за медиумите тврдеше дека, е „ограбена“ до денес во полиција и обвинителство не пријавила кривично дело кражба или друго дело со познати сторители (дела што се расчистува за 48 часа). Напротив, во истрагата на ЈО Пановски таа има статус на осомничена и записник за давање на исказ на осомничено лице, а во истрагата на Вилма Русковска, надвор од сите процесни и криминалистички правила таа добива статус на сведок кој лажно сведочи на Суд❗

4️⃣ За да не пропадне „валидноста“ на сведочењето на Суд на Тодоровска, отсуствуваше тужбата за клевета од министерката Мила Царовска која експлицитно беше спомнувана од Тодоровска како нејзин патоказ кон Меѓународниот сојуз, за што во една друга прилика Царовска најави тужба за клевета. Дента оценив дека отсуството на таква тужба за иста работа не е заради големината на министерката, туку заради нерушење на кредибилноста на „сведокот“ и кривичната одговорност за давање на лажен исказ пред Суд❗
Денес пред судот кажав дека, записниците од сослушани лица во истрага се доказ во постапката, ако лицето на главна расправа изнесува различен став од оној даден пред обвинител, и дека Вилма Русковска сторила класичка злоупотреба и пречекорување на службената положба и овластувањата кога положила веродостојност на исказот од Љиљана Тодоровска во предистрага за Меѓународен сојуз на исти околности ,без притоа да ги расчистат претходните прашања за нејзината кривична одговорност, зошто година ипол не пријавила кривично дело со познати сторители доколку била ограбена како што тврдеше пред медиумите❓
☢ Оваа јавнообвинителска булумента која робува на квазиполициски и удбашки постапки, од вчера па натаму, треба да се соочи со сопствените злоупотреби и поигрување со системот на „слободен избор“ и дискреционо право да си избира таргети за нарачани обвиненија и да понесе одговорност за штетите кои ги нанесува и на праксата, и на правото, и на институциите и на луѓето пред се❗

🦠 Паразити на системот 🇲🇰
🙈🙉🙊

Фросина Ременски, фб пост

loading...

https://animeflix.nl animeflix blood c. Glass Mask: The Girl of a Thousand Masks Episode 3

WCOStream - Watch anime online, English dub anime. Watch He is My Master Episode 12

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD. Yamada's First Time: B Gata H Kei (Dub) (https://animefreak.ws/m/1dEY) Episode 12