БОМБА НА КОЧО АНЃУШЕВ: МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ КОИ СИТЕ ГИ НАПАЃААТ И ОЦРНУВААТ ОВАА ГОДИНА НА ДРЖАВАТА ЌЕ И ЗАШТЕДАТ 80 МИЛИОНИ ЕВРА, КОЛКУ ШТО ДРЖАВАТА ВЛОЖИ ВО НИВ ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ!

Ајде сега да разговараме за субвенциите. Испадна брзо сега еден ревизорски извештај со којшто јас не се согласувам и не ги земаа сите факти предвид и тоа е кога економисти ќе сакаат да дискутираат енергетика и не ги земале сите факти во предвид. Земале дека цената која што ја наплатиле хидроелектраните во државата е 80 евра, а притоа цената на берза била 41 или 44 евра. Е сега тука направиле проста математика колку произвеле хидроелектраните во овој период и разликата помеѓу тие две цени и дошле до некоја сума од 40 милиони евра дека хидроелектраните земале повеќе. Ај сега да размислиме дали е тоа така. На пример, не земале во предвид дека хидроелектраните уплатиле 17 милиони евра авансно во државата за да ги изградат хидроелектраните како еднократен надомест. Па ај сега извадете ги од тие 40 тие 17. Па после тоа, хидроелектраните секоја година плаќаат два отсто од производството, па извадете го тоа. Значи, тоа исто оди во државата. Па земете го во предвид дека ако се направат 200 хидроелектрани, а досега се направени околу 120, еве да зборуваме за 120, тие 120 хидроелектрани чинат не помалку од 200 милиони евра од кои 70 отсто е градежништво – македонски фирми граделе, 140 милиони евра од таа инвестиција останале во градежништвото на Македонија. Само даноци и ДДВ колку се платени спрема тоа во буџетот. А што ќе биде разликата, ако не ги направиме хидроелектраните во тој случај сета таа електрична енергија треба да ја увеземе, па дали е подобро да ја увеземе?

Е сега, тука доаѓаме до еден парадокс. Еве сега, денеска да ја гледаме ситуацијата. Викаме 80 евра е цената на електричната енергија од малите хидроелектрани што ја плаќа државата. Ама денеска гледаме дека ценава на берза е 260 евра, па само денеска ако земеме дека тие хидроелектрани во моментот произведуваат 50 мегавати, а толку произведуваат, јас го проверив тоа пред овој разговор и ако земеме дека за 24 часа произведуваат 50 мегавати и ако ја земеме разликата од 261 евро колку што е денеска кога струја би ја продале на пазар до 80 евра колку што им ја плаќа државата, тоа се 181 евро по мегават час разлика во цена или тоа на дневно ниво се 217 илјади евра. Тоа значи денеска малите хидроелектрани, за овие коишто зборуваме – спорни, тие денеска оставаат во државата 217 илјади евра и веројатно затоа веќе ги нема овие гласноговорници. Е сега, ако тоа го зборуваме на месечно ниво е 6,5 милиони евра, а ако зборуваме една година да трае оваа криза и хидроелектраните да ја оставаат таа струја во системот којашто денеска ја оставаат, тоа е 79 милиони евра. Па еве, се она што минатите 10 години го земале сега дупло оваа година ќе и го вратат на државата.

Впрочем, оваа математика никој не ја прави. Затоа енергетика се прави на долг рок. Еве, јас прашувам, ако не ги направиме хидроелектраните, ако не направиме фотоволтаци, ако не направиме ветерни електрани, па од што оваа држава ќе има струја? Се ќе увезуваме? Па јаглен веќе немаме! Лага е дека има јаглен за четири блока или не се копало. Не. Вистината е јагленот е на исцрпување. Значи, повеќе во оваа држава јаглен нема. Гас нема. Од што ќе правиме енергија? Па нас ни остануваат само обновливите извори, тоа го имаме како сопствена енергија – хидро, фотоволтаици, ветер и евентуално биогас – биомаса и друго нема. Друго не постои во светот, не е измислено. И ние мораме да ги гледаме долгорочно.

Еве сега прашувам, сите тие гласноговорници коишто еколошки беа против малите хидроелектрани дали на тие денеска не им смета да се гори мазут и да се увезува јаглен? Дали е тоа помалку загадувачки? Ги нема денеска, ќутат. А и тоа сега е добро. Значи, кога ќе ја снема струјава се е добро, така? Видете, да бидеме објективни. Секое едно нешто кога го градите без разлика дали е зграда во градот, хидроелектрана во планина, фотоволтаик, ветерна електрана, таа во текот на градбата има влијание на животната средина. Јас ги канам сите тие да дојдат после 10 години да видат како изгледа хидроелектраната. Само две парцели по 200 квадрати се над земја, се друго е под земја и зеленилото е вратено во планината. Да, тоа кога се градело се копал ров, се исекле некои дрвја, ама по 10 години е вратено, а хидроелектраните ќе произведуваат струја 100 години, не 10 години и затоа треба паметна држава, да биде свесна.

Впрочем, не треба ние да бидеме многу паметни. Не треба да ме слушате јас што зборувам. Ај да видиме што прави светот. Моментално во Европа работат 24 илјади мали хидроелектрани и тие никогаш не биле прашање никаде. Најголем дел од нив се во Германија. Од тие во моментот 21 отсто или 6.406 хидроелектрани се наоѓаат во заштитени подрачја. Значи, еколошки во национални паркови се наоѓаат. Од тие 3.936 се постоечки во национални паркови, а ние викаме во Македонија да не се прават во национални паркови. Ама ние викаме во Македонија никаде да не се прават. Тоа е голем проблем. Тоа е голема грешка. И после тоа, во моментот од тие, 2.396 се уште се планирани во заштитени подрачја, а 77 во Европа во моментов се градат во заштитени подрачја. Лага е дека тоа не се прави во заштитени подрачја. Ако се прави на соодветен начин, се прави во заштитени подрачја.

Еве да видиме што прави околинава. Тоа е многу битно. Бугарија во 2005 години имала 95 мали хидроелектрани, во 2007 година имала 127, а во 2020 има 200, што значи Бугарија во меѓувреме изградила 70-80 мали хидроелектрани и таму не е тоа тема воопшто. Грција во 2005 година имала 50 мали хидроелектрани, во 2007 – 61, во 2009 – 96, во 2020 – 175. Словенија, ја сметаме за најеколошка земја и можеме да ја споредиме најмногу со нашата држава и по големина и по се и била дел од поранешна Југославија итн., на почетокот на истражувањето во 2005 година имала 201 мала хидроелектрана, во 2020 се 380. Значи, Словенија во меѓувреме направила уште 179 мали хидроелектрани. Да не зборувам во Франција дека во 2005 година имала 1.710 мали хидроелектрани, а во 2020 има 2.355 мали хидроелектрани. Австрија има 4-5 илјади итн. Што значи дека овие држави не знаат што прават, само ние знаеме што правиме?

Прашањето е друго. Ако ја видите картата, не постои веќе река во Северна Италија, во Австрија, во Германија, во Франција кај што не е изградена мала хидроелектрана, тоа е се изградено. Единствен потенцијал е уште дел од Босна, дел од Србија, Косово, Албанија и Македонија. И јас го поставувам прашањето – да не е за тоа борбата, за слободните концесии? Значи, треба малку да го поставиме пошироко прашањето. И за кого ја водиме таа борба ние тука? Мислам дека треба како држава да бидеме попаметни. Јас ви кажав доволно аргументи коишто многу јасно ја отсликуваат ситуацијата и од еколошки аспект. Дали е помалку еколошко да изградите фотоволтаик или ветерна електрана – па исто е сечете дрвја, исто, па особено ако со фотоволтаик земете земјоделско земјиште, па тоа трајно го земате. Мислам дека ние како општество премногу се водиме од дневната политика, премногу се водиме од кампањи коишто некој ќе ги финансира и лесно ги прифаќаме тие кампањи без да ја гледаме широката сликата и далекурочната стратегија. Еве, се надевам дека колку што можев пократко ви одговорив, колку што можев поконкретно на ова прашање.

Дел од интервјуто на Кочо Анѓушев за МИА, целото интервју на следниов линк.

tải sunwin

tải sunwin

sunwin web sunwin club tải sunwin apk

sunwin sunwin web game sunwin

sunwin web game bài sunwin tải sunwin apk