– Доживеав атентат во затворот во Белград, крварев неколку дена, го решив нападот со тоа што не јадев неколку дена. Сега се спасувам од оние што сакаат да ме убијат така што спијам во студиото каде снимаме емисии…
Љупчо Палевски на еден од своите неколку видео подкасти кои ги емитува од подрум во хотел на адвокатска улица. Се фали дека имал ресторан кој го претворил во седиште на партија?!?!
Тој е контроверзен лик, пред неколку години беше голем СДСМ-овец но откако не се договори со Заев за функција, сега се наметнува како конкуренција на Јанко Бачев и Димитар Апасиев, се обидува да се наметне како лидер на радикалната десница.
Ова е голема иронија, оние што го паметат од пред 20 години кога беше СДСМ-овски Латас, медиска ударна тупаница и бизнисмен, тогаш самиот во интервјуа се преставуваше како православен Албанец?!?!
Ова за што сега зборува е кога беше во притвот во Белград по потерница од Хрватска за финансиска измама со некоја од неговите фирми.