БОМБА НА МАРИЧИЌ: За само 12 часа попишани се близу 100 000 лица

За само 12 часа попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на пописот, објави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук.

-Граѓаните и попишувачите соработуваат одлично на терен. Посебно сум задоволен што се почитуваат сите здравствени протоколи и дека граѓаните се среќни што можат директно да придонесат за доброто на државата, пишува Маричиќ.